Мене па мојот мачор досега еве веќе скоро една година го чувам не ми маркирал по дома. Немам приметено, а и да го направил тоа ќе смрдеше. Туку мојов мачор има фобија од осаменост
Сабајлево баба ми излезе за на пазар, само што ја затвори вратата и сврте со клучот (јас дремев) се почувствува сам и почна да мјаука (многу ретко мјаука). Станав го погалив, се смири. После тоа баба ми си дошла и ми ја затворила вратата од соба и пак излегла, се откорна од гребење на мојата врата
Станав само пак, му отворив и не влезе внатре туку си продолжи по ходник, финтата беше само да не се чувствува сам
И друг пат комшии ми имаат кажувано кога немало никој дома го слушале како мјаучел ко навиен
Чудни створења.