Дали верувате во долги врски?

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Па не,нели имаше една живеј го моментот, али зборот ми беше дека неможам да ги сфатам личностите како со 2-3-4 имаат подолги врски ... И на крај пак со кој што се заедно 3 месеци ...
Не сите што имале 2/3/4 долги врски завршиле со некој од 3 месеци :) Има и такви, многу јасно, ама не е тоа дифолт...
И долгите врски се живеење на моментот :) Ако ме прашуваш мене, моментот го црпиш до даска :)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Долга врска ќе се запознаете многу добро и ќе ви здосади па секој на своја страна.Кратка врска па брак,многу кратко време за запознавање.Треба тоа да го правиш во брак,а што праиме ако налеташ на некоја курва.Работата е:Бирај змија или магаре.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.816
Поени од реакции
7.128
Зашто не би верувал?

Може и тука да му ставам крај на коментарот, но не би било морално форумски. :) Времево кое е познато по минливи задоволства, е само по себе препрека за нешто трајно, нешто вечно би рекол ( вечно како повеќе во емотивниот и веројатно цикличен, а не линеарен свет). А штом има препрека, има и нешто што ја поминува. Затоа верувам, верувам дека постои таму некаде ( а таму некаде е и нашето блиско поднебје за некому ) каде што долгите врски и вечното е можно.
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
не верувам во долги врски, обично завршуваат со раскинување и брак со други особи после 2 месеци.
што е бре тоа влечкање кога ќе слушнам по 7 години... глупости... џабе пропуштено време... значи упаѓаш во врска, 2 години макс, и тука или се мажиш/ жениш или раскинуваш... две години е супер период да запознаеш некој со сите негови добри и лоши страни, ако одговара супер, ако не идемо даље... :свиркам:
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
не верувам во долги врски, обично завршуваат со раскинување и брак со други особи после 2 месеци.
што е бре тоа влечкање кога ќе слушнам по 7 години... глупости... џабе пропуштено време... значи упаѓаш во врска, 2 години макс, и тука или се мажиш/ жениш или раскинуваш... две години е супер период да запознаеш некој со сите негови добри и лоши страни, ако одговара супер, ако не идемо даље... :свиркам:
Што подразбираш под тоа " џабе пропуштено време " ?
 

~angela~

mladiot matematicar
Член од
29 август 2008
Мислења
226
Поени од реакции
25
верував во долга врска, само што ми заврши 3 годишна врска............ама искрено мислам дека ретко се дешава да останеш со некој долго.....барем мое мислење
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Одиш..... одиш....одиш и на крај дознаваш дека не е за тебе...воедно ти си многу млад и веќе фраер не си невин повеќе, барем така ги гледаш работите во раната возраст и..... the end.
Нов предизвик, нова романса, нов старт. Одиш....одиш...одиш и на крај претпоставуваш дека сте се здосадиле и без причина или како главна причина завидуваш на некој другар кој веќе сексуалното искуство како број е два пати поголемо од твоето, мораш да превземеш чекор за да не изгледаш патетично во очите на околните "фраери" а тој чекор претставува the end.
Поминува извесен период, одненадеж нов блесок, си викаш во себе: еее оваа мора да е вистинската.
Чиниш љубов на прв поглед, заблуден во секој нејзин покрет, се фасцинираш на секој нејзин збор, гест, вообичаените нешта што ги работи како секојдневие наеднаш претставуваат совршени. Молиш-колиш, се трудиш се мачиш на крај упорноста успева, комплетно ја добиваш. Старт брилијантен, финиш трагичен. На крај дознаваш дека си ја преценил личноста, а како што кажале старите : на префалени јагоди со голема кошница. Сите тие совршени, фасцинантни ствари преминуваат во обични, жарот згаснува.
Глумиш лудило некој месец, како производ на недостиг и тоа што си изгубил. Но сепак завршуваш.
Повторно се наоѓа некоја физички привлечна, но искуството резултирано од претходните неуспеси, не дозволува да ја гледаш како целина. Не те интересира воопшто карактер, гледаш само фигура задоволување на потреби и пополнување заедничко време. Со тек на време крајот на оваа нероманса згаснува и произведува одбивност. Одбивноста се знае до кај води.
Пробуваш да си ја пробаш среќата со подалечни дестинации. Љубав преко жице. Отворена врска како што би рекол Марк Зукенбегр. Е оваа врска нема врска. Завршува со љубомора од недокажани теории од примерот: Јас вчера те барав 3 пати, а ти кај беше, зошто не ми се јавуваш. Одговор добива последователно на ова клише прашање кое го слушаш секој втор ден после бурна расправија.Одговорот гласи вака : Доколку си преполна со недоверба не ни требаше да започнуваш таква врска, следниот пат кога ќе го поставиш ова прашање за да не го одговарам редовно, знај дека е ова- Со бившата бев на кафе и после то се возевме малку, за другото нема потреба да зборувам, нема воопшто да те интересира.
Доволно е да ти знае 1 бивша за да посомнева дека остваруваш контакт со неа. Па на секој еден би му скурчил животот да се исповеда секој дневно пред некоја од која не зависи. Крај.
Не знам дали да верувам или не во долгите врски, но знам дека не треба да се откажам. Во спротивно би претставувал машина која не е заинтересирана за збижување со личности и споделување на среќни и несреќни моменти, мислења, долги разговори, интима и све што содржи долгорочно партнерството.
Како и да е се што можеш да кажеш и да направиш со партнерот, ни со роден брат/сестра не би можел, особено ако очекуваш дека таа врска води кон брак.
Секоја чест на ликовите кои си ја пронашле љубовта на својот живот од прв обид, и немаат потреба од менување.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
не верувам во долги врски, обично завршуваат со раскинување и брак со други особи после 2 месеци.
што е бре тоа влечкање кога ќе слушнам по 7 години... глупости... џабе пропуштено време... значи упаѓаш во врска, 2 години макс, и тука или се мажиш/ жениш или раскинуваш... две години е супер период да запознаеш некој со сите негови добри и лоши страни, ако одговара супер, ако не идемо даље... :свиркам:
А од кога бракот не е врска?
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Врската треба да трае колку што трае љубовта. Ако двајцата се искрени, не мора да одат 7 години за да се земат. Ако играат игри, тогаш и двајцата ќе се мачат долго време.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Јас идев со жена ми 7-8 години. Треба да дојде право време од психичи, материјален и останат аспект за да склучиш брак.
 
F

FARANG

Гостин
Se sto e slatko trae kratko :)

Sum imal 2 podolgi vrski i ne e toa za mene. Nemam namera da se zenam, moze posle 40 god mada i togas ne veruvam. Cela stvar okulu brak mi e nekako over rated vaka mi e poubavo. Po nekolku meseci maksimum i toa e toa. Se zasituvam premnogu brzo a sum i ljubopiten da vidam sto ke donese slednata vrska. Moeto e moto e YOU ONLY LIVE ONCE taka da zivejjjj
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
не верувам во долги врски, обично завршуваат со раскинување и брак со други особи после 2 месеци.
што е бре тоа влечкање кога ќе слушнам по 7 години... глупости... џабе пропуштено време... значи упаѓаш во врска, 2 години макс, и тука или се мажиш/ жениш или раскинуваш... две години е супер период да запознаеш некој со сите негови добри и лоши страни, ако одговара супер, ако не идемо даље... :свиркам:
Колку само не. Зарем секоја врска од 2 години треба да заврши со брак или прекина на врската?! Што ако се фатиле на 16 години, зарем со прославата на полнолетството треба да стапат во брак?! Ма дај те молам... За брак не е само ајде се сакаме и ќе се земеме... Битни се повеќе фактори покрај љубовта како најбитна, туку е и материјалната состојба.

Инаку да, верувам. Можеби се губат некои работи, но сето тоа доаѓа со созревањето на човекот, а ако е љубовта се уште присутна зашто да се прекинува врската?!
 
Член од
21 јануари 2012
Мислења
33
Поени од реакции
8
Прво: долга врска не значи љубов.:)
Второ: Јас не верувам на ‘‘долг‘‘-от, но јас верувам на ‘‘срце‘‘-то. :)

Одговор на темата: Да, јас верувам, но не секогаш. Јас сум млад под 25 год.
но имам вели 6 год. што сум на врска со една девојка, и ќе бидам до вечноста... ;)
Јас верувам на срце и ќе верувам на тоа.
 
Член од
7 септември 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Дали се сложувате дека долгите врски повеќе успеваат или сепак не?Јас имам долга врска ид 11 години и синоќа пишував на таа тема ама видов дека сум банирана ради тоа што барав помош и совет од вас членовите ради тоа што го изневерив дечко ми после толку време, сепак долга врска монотонија, караници, нема новости и така па да подискутираме на таа тема, али сепак разочарана сум ради тоа што сум банирана без потреба и не е стварно фер не кажав ништо лошо туку барав совет и попош
 

Kajgana Shop

На врв Bottom