Русија ја сака Србија во својот воен сојуз

Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095

Москва настојува да го зацементира своето влијание во овој дел на Европа, но, уште поважно, и да оттргне што е можно повеќе држави од прегратката на НАТО, која сѐ поцврсто го стега Балканот


Евентуалното приближување на Србија кон воениот сојуз на Русија ќе го вклучи копчето за тревога кај западните сили
Декемвриска средба на Путин и Николиќ
Русија, како што пренесуваат некои српски медиуми, преку претседателот Владимир Путин најверојатно ќе ѝ понуди на Србија приближување или, пак, членство во рускиот воен сојуз - Организацијата за колективна безбедност (ЦСТО). Со таквиот чекор Москва сака да го зацементира своето влијание во овој дел на Европа, но, уште поважно, и да оттргне што е можно повеќе држави од прегратката на НАТО, која сѐ поцврсто го стега Балканот. Изгледа дека Белград, кој постојано ја декларира својата воена неутралност, е на два ума за приближување кон една од овие воени алијанси. Од друга страна, Македонија, во случај на реализирање на такво сценарио, треба што побрзо да влезе во Алијансата, сметаат експертите.
Српските медиуми јавуваат дека Путин, кој се очекува во декември да ја посети Србија, ќе му понуди на српскиот колега Томислав Николиќ создавање амбиент во кој Белград стратегиски би се свртел кон Русија, економски и воено. Според дипломатски извори, рускиот претседател во текот на разговорите, покрај зајакнување на економските врски, ќе бара и свртување на Србија кон ЦСТО.

Не е изненадување

Српскиот професор Предраг Симиќ за „Нова Македонија“ вели дека иако таквите најави засега се на ниво на шпекулација, нема да биде изненадување доколку Путин дојде со таков предлог, ако се земе предвид долгорочната стратегија на Кремљ.

- Русија сака да ја зацврсти економската позиција на Балканот, а евентуалното воено сојузништво со Србија би било на линија на остварување на старата желба за излез на Средоземно Море - истакнува Симиќ.

Тој вели дека Србија и Русија веќе изградија Центар за хуманитарно дејствување во близината на Ниш, каде што се стационирани три руски авиони за гаснење пожар.

- На Запад, особено во САД, постојат стравувања дека овој центар во иднина би можел да стане руска воена база, своевиден пандан на американската база Бондстил на Косово - додава Симиќ.

Експертите укажуваат на фактот дека Москва не се откажува од намерата колку што може да го спречи или да го отежне проширувањето на НАТО, па затоа военото поврзување со Србија би било дел од таквата стратегија.

- Русија има цел да охрабри што е можно повеќе земји за да ги оттргне од НАТО - вели Симиќ.

Евентуалното приближување на Србија кон ЦСТО, во кој покрај Русија членуваат и Киргистан, Казахстан, Таџикистан, Ерменија и Белорусија, според експертите, ќе го вклучи копчето за тревога кај западните сили.

- Во таква ситуација, Западот преку НАТО ќе го стегне обрачот околу Србија, која ќе се најде опколена со земји-членки на Алијансата - вели професорот Денко Малески.

Логика на Судената војна

Во однос на можните рефлексии по Македонија, Малески истакнува дека тоа најмногу ќе зависи од тоа дали нашата држава ќе продолжи со напорите за членство во НАТО, или, пак, ќе се одлучи на друга опција.

- Во секој случај, најпаметно и најрационално е Македонија брзо да влезе во Алијансата, со што ќе биде заштитена од северниот сосед - вели Малески.

Дел од српските медиуми оценуваат дека со членството на Србија во ЦСТО, Русија сака и воено да го обезбеди гасоводот „Јужен тек“. Сепак експертите сметаат дека таквата констатација е нелогична и одговара на размислувањето од периодот на Студената војна. Според Симиќ, голем дел од гасоводот поминува токму низ Бугарија, која е членка на НАТО.

- Мораме да внимаваме да не ја користиме логиката од Студената војна - додава Малески.

Американската агенција за стратегиски истражувања СТРАТФОР во неодамнешната анализа посочува дека економската иднина на Србија е во ЕУ, предупредувајќи дека влезот во ЦСТО би ги намалил нејзините шанси за членство во Унијата.

- Од друга страна, напорите на Србија за членство во ЕУ се загрозени од ставот за воена неутралност на оваа држава. Иако српските политичари наведуваат дека Австрија и Финска се членки на ЕУ, а не се во НАТО, европските претставници не им веруваат и бараат дополнителни гаранции во вид на влегување во западниот воен сојуз. Истовремено, Русија врши притисок врз Србија да не влегува во НАТО, убедувајќи ја дека може да стане членка на Унијата и да го задржи воено неутралниот статус - оценува СТРАТФОР.

Познавачите истакнуваат дека Белград исто така ќе ја искористи Русија за балансирање на односите со Западот. Според нив, Србија не е витален дел на руската надворешна политика, но Москва сепак е заинтересирана за одржување на присуството во нејзината традиционална област на влијание, особено кога другите сили, вклучувајќи ги и ЕУ, НАТО и Турција, исто така имаат интереси во регионот.

Србија, која заедно со Русија е дел од Партнерството за мир, сепак е единствената балканска земја што не аплицира за членство во НАТО. Според експертите, за такво нешто има многу мала поддршка, бидејќи кај населението сѐ уште се свежи сеќавањата од воената кампања на Алијансата врз Србија, по која следуваше и прогласувањето на независноста на Косово. Најновите истражувања покажуваат дека само осум отсто од испитаниците имаат позитивен став кон НАТО, додека во случај на референдум за членство во Алијансата, 15 отсто би го поддржале таквиот чекор.

Како и да е, Путин и Николиќ ќе имаат шанса уште наредната недела во Сочи да разговараат за стратегиските односи меѓу двете земји. Во пресрет на средбата, рускиот амбасадор во Србија, Александар Конузин, порача дека двете земји мора да се договорат во која насока стратегиски ќе соработуваат во наредните години, истакнувајќи дека соработката во областа на енергетиката мора да биде издигната на највисоко ниво. Според него, Путин ќе сака да слушне од Николиќ која е сегашната позиција на Србија во врска со решавањето на косовскиот проблем.

Шулц дециден: Србија да го признае Косово ако сака во ЕУ

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, останува на својата изјава за потребата од меѓусебното признавање на Белград и на Приштина, за да влезат во Европската Унија. Изјавата на Шулц завчера ја демантира европскиот комесар за проширување Штефан Филе, прецизирајќи дека не станува збор за потребата од признавање, туку за нормализација на односите со Косово.
- Во својата изјава тој само го кажа тоа што е очигледно. Претседателот ја гледа судбината на Косово и на Србија како идни членки на ЕУ - се наведува во соопштението на кабинетот на Шулц.
Шулц е првиот европски политичар што ја спомена потребата од меѓусебно признавање на Белград и на Приштина во процесот на приклучување на ЕУ.
- Единствено што сакаме, независно од дипломатските активности, е дека мораме да обезбедиме мир и ненасилство, и тоа е главна цел на Европскиот парламент. А на крајот на долгиот пат за Србија и за Косово, како услов за приклучување во ЕУ, се поставува прашањето на меѓусебното признавање - рече Шулц, одговарајќи на прашањето од новинарите по завчерашната средба со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, во Брисел.


Автор: Владимир Мијановиќ
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9612857318&id=9&prilog=0&setIzdanie=
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
За не подолго од 10 години Србија ќе го врати Косово ако се врзе со Русија.

Време е и Македонија да тргне по тој пат, овој по кој одиме душата ни ја извадоа пријателите и најдемократското и најмирно најкротко малцинство.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
За не подолго од 10 години Србија ќе го врати Косово ако се врзе со Русија.

Време е и Македонија да тргне по тој пат, овој по кој одиме душата ни ја извадоа пријателите и најдемократското и најмирно најкротко малцинство.
Како тоа ќе го врати Косово? Да не убие 2 милиона албанци?
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Ќе го врати Србија Косово кога ќе станем ја диносаурус ;)
Се тече се се менува, не вели никат никогаш, и некој пред 20 години давал изјави дека ќе станел диносаурус ако се отцепи Косово па се отцепи, па тој типот сепак не станал диносаурус:)
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
За не подолго од 10 години Србија ќе го врати Косово ако се врзе со Русија.

Време е и Македонија да тргне по тој пат, овој по кој одиме душата ни ја извадоа пријателите и најдемократското и најмирно најкротко малцинство.
Ама Америка веќе се зацементира тука..Види колкава база,гх пардон,"Амбасада" направија..Русите ги третираат како најобична земја..Не ни ги сметаат за светска сила..Ама тоа е со право,да беа Русите сила сега ќе имаше Руска амбасада на Кале...
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Хе хе па Косово за држава да стане се крчми од 1970та година кога почнаа немирите уште беше тогаш СФРЈ а ЈНА,КОС и УДБА од толку што беа јаки седеја и немо гледаја што се случува таму.Во извештај на ЦИА пишува дека од 1980та е направен деталниот план за Косово да стане држава.Плус на Косово е една од најголемите бази во светот Бонд Стил,како мисли Србија да го врати ? со сојуз со Русија која више по кој знае кој пат им го тури пепелот да не употребам некој срамен збор.Само за споредба и доказ колку им се јаки пријатели Русија на Србија,во 1999 година кога НАТО ја рушеше Србија со Стелт авиони и Бомбардери 90 дена Русија не мрда ни со прст.А сега 2012 година кога НАТО искрено посака да се вмеша со воена интервенција во Сирија Русија и Кина одма секундарно ставија вето на таа одлука.И кога ќе видиш Сирија им е 1000 пати помила од Србија... парите го врат светот а не љубовта ;)
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.424
Поени од реакции
9.075
Србија нема намера да го врака Косово, не им треба, не си прајте филмој со сила.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.457
Поени од реакции
5.873
Русите го попушија во вакви околности




А замислете со новите околности колку го примаат (уште и Украина да се зачлени во НАТО) :
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Ама Америка веќе се зацементира тука..Види колкава база,гх пардон,"Амбасада" направија..Русите ги третираат како најобична земја..Не ни ги сметаат за светска сила..Ама тоа е со право,да беа Русите сила сега ќе имаше Руска амбасада на Кале...
znaes li ti so sigurnost deka Russi nema tuka
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Америка не е Турција.Остави ти тоа желби и посакувања ЌЕ СЕ ВРАТИ.Македонија била до Индија па кажи ми кој дел го вратила распадот на Империјата,и било која друга СВЕТСКА ИМПЕРИЈА ? па Србија неможе да изджи оваква каква што е,делот околу Нови Пазар чист муслимански нема ниеден Србин,Јужна Србија исто,секој месец демонстрации за отцепување,Војводина се има само Срби нема,врие од Хрвати и Унгарци а и никогаш ни ни била Српска.И сеа некој ќе ми каже Србија ќе го врати Косово.Ако Србија се здружи со Русија се ова што спомнав ќе им отиде во неповрат исто како и нивното ВОЛЕНО КОСОВО.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
go primala ili ne, sepak rusija e nadoogacka sila , dodeka sad e sila koja se trosi po cbetot , idninata ke ni pokaze kako i sto ke bidne , vo sekoj slucaj ja simpatiziram rusija kako edinsvena SLOVENSKA sila
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Русите го попушија во вакви околности




А замислете со новите околности колку го примаат (уште и Украина се зачлени во НАТО) :
Гледај вие да не попушите на крај , и Американците ги подржуваа талибанците во осумдесетите години па последнава декада мамата им ја ебаа, како и на други нивни "стратешки партнери'' американциве обожуваат луѓе со низок коефициент на интелегенција и ниска точка на вриење.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom