Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Словенечкиот премиер Јанез Јанша официјално призна дека земјата се соочува со банкрот.
„Уште во октомври Словенија може да банкротираа, доколку не успее да ги продаде државните обврзници. Станува збор за нова, огромна закана за опстанокот на еврозоната", изјави Јанез Јанша.
Ова признание дојде само неколку часа откако кредитните агенции го намалија рејтингот на Словенија. БДП-то во втората четвртина на годинава опадна за 3.2%.
Според германските и австриските медиуми, Словенија има намера да се задолжи на американскиот пазар надевајќи се дека со американската валута, доларите, ќе добие најниска камата и на тој начин ќе избегне банкрот.
Во анализата на „Financial Times", се вели дека повикот за помош од страна на Јанез Јанша се должи на неможноста да се постигне договор во владејачката коалиција во врска со спроведувањето на реформите.
„Следната година треба да платиме одеднаш две милијарди евра долг и камата. Тоа ќе биде невозможно, ако оваа есен не ги преземеме неопходните мерки", рече словенечкиот премиер пред "Ди Прес".
Извор: Кајгана
Кризата во ЕУ продолжува да се шири. За Словенија ми е малку чудно, дали затоа што најекспонирани беа Грција, Шпанија, Италија и Ирска, па проблемите на Словенија беа многу малку застапени во медиумскиот простор.
Во последно време терминот “банкрот“ е најзастапен. Дали медиумите малку пренампумпуваат или Словенија е следна во низата која ќе бара помош?
Ваши мислења?
Јас искрено многу не ја следев ситуацијата (економска) во Словенија, затоа и не сум толку запознаета со ова, па би било добро некој (особено ако некој живее таму) да ја пренесе атмосферата или да ни даде преглед на ситуацијата моментално.
Досега властите во Љубљана тврдеа дека владата може да се справи со сите проблеми.„Уште во октомври Словенија може да банкротираа, доколку не успее да ги продаде државните обврзници. Станува збор за нова, огромна закана за опстанокот на еврозоната", изјави Јанез Јанша.