НО, кога имаш 81 година, си претрпел неколку мозочни удари, исто ко бебе те ранат и одиш во веце во пелени... Нема некои шанси работите да се подобрат, нема начин да бидеш среќен. Баба ми седеше во една соба сама, по цел ден. Неа ја земам ко конкретен пример од реалноста, зошто твојот став звучи супер вака во теорија ама кога ќе го соочиш со стварноста друга е работата.
Многу прашања постави не можам на се одеднаш да одговорам, ќе кажам нешто за твојата сега покојна Баба.
Таа твоја Баба веројатно била Мајка на еден твој родител. И нему му значело и таква, болна, да ја гледа и да живее покрај неа. Ниту еден човек не може да има две мајки.
Ќе ти раскажам нешто...
Сопругата на еден мој Пријател, доживеа мозочен удар на возраст помала од 30 години. Веројатно си слушнал дека мозочните удари кај помлади обично оставаат потешки последици и Таа остана потполно неподвижна, врзана за постел. Во време на мозочниот удар тие имаа две деца на предшколска возраст.
И мојот Пријател ја негуваше. Секое утро ќе стане многу рано ќе ја измие, ќе ја нахрани, ќе се погрижи за децата и ќе отиде на работа.
Ќе дојде од работа, пак ќе ја мие, храни и се што треба
Па низ куќа ќе работи се околу децата, чистење, готвење, купување и се што треба за еден дом.
Навечер пак исто
И така со години
Децата пораснаа, се исшколуваа, се осамосталија, се оженија - омажија се одселија а тој исто - околу жената, на работа, дома
Околу триесет години подоцна, по мозочниот удар Жената почина.
И сега реакцијата на сите набљудувачи - ете се куртули и таа и тој од маките
Меѓутоа не беше така. Тој падна во една таква голема тага да просто не можам да ти опишам
Во тоа враме, разговарав со него и тој ми рече дека целиот негов живот го поминал со неа негувајќи ја и дека после нејзината смрт не знае што да прави сам со себе.
Ова ти го раскажав за да видиш дека и болните некому се нај мили и некому значат
Исто то важи и за твојата Баба....