Најдов вакво нешто,ама ти боље знаеш сигурно..
ВЕЛЕС
"Благој Ѓорев" на продажба
Акционери во велешки "Благој Ѓорев" јавно понудија продажба на управувачкиот пакет акции во фабриката. Номиналната цена на една акција е 25,56 евра, а од потенцијалните купувачи се бара и развоен план за наредните пет години, со број на вработени и понудена цена за една акција.
Главна активност на "Маслодајна" е производството на масло за јадење, но има и погони за кондиторски производи, макробиотска храна, како и развиена трговска мрежа низ земјава и силоси за искористување на сончогледот.
На акционерско собрание пролетва акционерите во "Благој Ѓорев" собраа 51 отсто од капиталот и го разрешија претходниот директор Горанчо Лазов. Тие очекуваат како заинтересирани купувачи да се јават и странски фирми.
Извор да пишеше да знаевме од каде ја имаш копирано оваа информација ,дали можи да постираш линк?
--- надополнето: 1 септември 2012 во 04:40 ---
Што му треба на земјоделството?
Окрупнување на земјоделското земјиште, договори за соработка меѓу земјоделците и преработувачките капацитети, планско и организирано производство и формирање реални цени на земјоделските производи. Да се утврдат потребите на преработувачките капацитети и извозните потенцијали и врз база на тие информации да се планира производството. Да се преиспитаат досегашните ефекти од финансиската поддршка во земјоделството којашто Владата ја даваше во изминатите шест години и врз база на овие информации да се делат субвенциите во иднина.
Ова се клучните реформи што треба да се случат во аграрот за да се решат клучните проблеми кои го десеткуваа домашното земјоделско производство и го преплавија домашниот пазар со увозна храна. Оваа задача му стои на новоформираниот Совет за развој на земјоделството и руралниот развој.
По години поразителна аграрна политика, Министерството за земјоделство конечно формираше совет, во кој членуваат сите земјоделски здруженија, институции, преработувачки капацитети. Конечно ќе се слушне гласот на земјоделците и на преработувачите.
Според планот на работа, треба да се креира нова петгодишна национална програма за финансирање во земјоделството. Земјоделците ќе треба да предлагаат модел за субвенционирање според реалните потреби. Ова е можност да се стави ред во неорганизираниот пазар и во неконтролираното исплаќање на субвенциите.
Иако и Владата досега неколкупати ги призна проблемите, наместо да донесе конкретни мерки и промени во моделот на субвенционирање, продолжи по старо. Затоа, иако секоја година се зголемуваат сумите кои Владата ги исплаќа за развој на аграрот, увозот на храна континуирано расте. Од друга страна, цените на земјоделските производи се сe пониски, а трошоците за производство сe поголеми. На тој начин опаѓа земјоделското производство и сточниот фонд.
Иако на формирањето на Советот за развој на земјоделството можеби се гледа како на задоцнета мерка, сепак, ќе има ефекти ако се поправат грешките и се променат насоките, кои ќе придонесат за развој на земјоделството.
Извор