Здраво,
Јас после освојувањето на Суперкупот ја искористив понудата да се нарача без да се плати поштарина ( ако исносот е поголем од 80 евра) и купив дрес и плус некои други работи со вкупна вредност од 125 евра.Робата преку UPS стигна во Скопје,кога им се јавив да видам кога ќе ми ја достават на домашна адреса ми рекоа дека робата е на аеродром и дека ќе треба да се царини поради тоа што фактурата била поголема од 45 евра.Ми рекоа дека на тие 125 евра треба да платам царина 15%,ДДВ 18%,лежарина 1200 денари и шпедитерска услуга 1300 денари или севкупно требаше да платам 5200 денари.Откако ги платив тие 5200 денари ми ја испорачаа робата.Тоа беше мојот случај, е сега за тебе поради тоа што помина промотивниот период за бесплатна поштарина, ќе треба да платиш и поштарина и ќе ти искочи многу скапо.Доколку пак купуваш поефтини работи да не надминат 45 евра тогаш не ти се исплати да плаќаш поштарина од 30 евра.Моја препорака ти е резервирај карти преку Wizzair и на шопинг во Торино.Поздрав