Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.613
Ова е вториот дел. Следи уште да го ставиш и третиот, а четвртиот си го тргнал од YouTube (проверив). Во секој случај, го имаш нашето внимание. Што ќе направиш со него?
Депресијата трае само извесно време и луѓето ќе бидат околу тебе само онолку колку што навистина ти е тешко (некои дури ни тогаш нема да бидат покрај тебе). После тоа, веќе твоите болки, таги и потешкотии нема да им бидат интересни, зашто ќе се сетат на нивните сопствени и ним ќе им се посветат.
Ова ти е пресвртница во животот, кога имаш можност да одлучиш што ќе правиш со себе. Сега имаш шанса да си дадеш цел во животот.
И немој да велиш дека ќе се убиеш. Нема. Премногу се сакаш себеси за тоа.
Што сакаш да правиш?