Концерт по повод 8-ми Септември на арена Филип II

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.035
Поени од реакции
24.753
На 8-ми септември е најавен концерт на фамилија Тавитјан и гостите-Јосипа Лисац, Жељко Бебек, Борис Новковиќ, Дадо Топиќ, Горан Каран, Калиопи, Каролина Гочева, Есма Реџепова, Владо Јаневски и Оливер Мандиќ. Ќе бидат изведувани преработки на народни песни од албумот на Тавитјан-Македонското срце чука во седум осмини. Цената на влезницата ќе биде 20 денари и ќе оди во хуманитарни цели, а посетителите ќе добијат гратис це-де од албумот со влезницата.

Извор-http://daily.mk/forward/1498728/58000-evra-od-vladata-za-proslavata-na-8mi-septemvri-vo-filip-vtori
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Не бе, супер е ова. Јас планирам да одам.

Ама морам да исхејтам што септември си го напишал со големо „С“. Толку ли не научивте дека месеците се пишуваат со мала буква? :)

Edit:
Сега видов дека во статијата го пишале така. :facepalm:
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Хејтери - три, четири........... ЈУРИИИИИИШ!
Еве ме прв!

Се слави Ден на Независноста на Македонија а концерт ќе прават Српски пејачи и певаљки...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.035
Поени од реакции
24.753
Знам тоа, ама во конкретниов случај шубе ми е со мала.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Еве ме прв!

Се слави Ден на Независноста на Македонија а концерт ќе прават Српски пејачи и певаљки...
А од сите тие, само Оливер Мандиќ е Србин!:unsure: :icon_lol:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Хејтери - три, четири........... ЈУРИИИИИИШ!
:pos::pos:
Таман мислев да хејтам за екс ју пензиониранава естрада, али ме исече со ова :icon_lol:
Не планирам да одам посекако, убав помин на сите.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.154
Поени од реакции
5.995
Еве ме прв!

Се слави Ден на Независноста на Македонија а концерт ќе прават Српски пејачи и певаљки...
"Ќе бидат изведувани преработки на народни песни од албумот на Тавитјан-Македонското срце чука во седум осмини."

Оди кажи му на Тавитјан за наредниот албум со преработки од македонски народни песни да не вика "српски" пејачи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom