Концерт по повод 8-ми Септември на арена Филип II

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Добро наброј ми некој што е наш изведувач кој е доволно квалитетен а и познат во границите на нашата земја.
Саладин, титекнува за 100 години Илинден колку убави песни излегоа од наши изведувачи? Што мора да носат од балканов, тоа е глупото.
 
Според ова со југословенскиве пеачи испаѓа дека исте потајно сме југоносталгичари?
 
Саладин, титекнува за 100 години Илинден колку убави песни излегоа од наши изведувачи? Што мора да носат од балканов, тоа е глупото.
тууу ако се сетам на нешо пред 10 години... овај де 11.
Се сеќаам на гафовите шо испопаѓаа за сељачкото што фрштеше...
 
Добро наброј ми некој што е наш изведувач кој е доволно квалитетен а и познат во границите на нашата земја.

Се` уште активни групи и пеачи: Леб и Сол (може да се соберат пак), Влатко Стефановски, Дани, Суперхикс, Архангел, Владо Јаневски, Миле Кузмановски, Благица Павловска, Блага Петревска, Ефто Пупиноски, Нокаут, Ареа...
А, зошто не се направи обид да ги викнат некои подзаборавени групи да си ги испеат хитовите?! Не дека овие што се` уште се појавуваат по дискотеки и кафичи досадија, ама има една група која неправедно е маргинализирана. Заборавени: Меморија, Конкорд (Венко Серафимов сигурно ќе се согласи да настапи!) Драган Мијалковски, Славе Димитров, Бојс, Студени нозе, ... Ние имаме многу добра музика, хитови кои се` уште се слушани, АМА на кого да му текне дека треба да ги викне македонските пеачи.

За две минути ми текнаа милион македонски песни кои можат да бидат испеани, песни кои се хитови. И запази, ова се Македонци! Може топ журка да се направи, ама Македонци се бе...

Не мора да висиме по дрва на: Фихрета (Лепа Брена), Цеца, Жељко, Бора... доволно беше. Сега е конечно време да еволуираме!

П.С. Се извинувам ги заборавив Симон Трпчевски, Баклава, Синтезиз, Чалгии Саунд Систем.
 
Кој одлучил на овој проект да соработува со овие пеачи? Гаро и фамилијата или Министерството за култура ? Не хејтам најискрено и не сум ироничен ниту ми сметаат луѓево, само онака прашувам кој ги избрал.
 
Е тоa сакам да чујам HITCH
Би можело и вака како што изјаснуваш. Но би можело....
Јасно е инаку консталацијата на правење на концерти. Повеќето ако не и се` е систем - пиволенд.
 
По концертот на Цеца во Струмица шител тв имаше еден прилог во кој плука по екс ју ѕвезди. Кој знае како ќе ги најави овие.
За пеачи имаме доволно за да пеат два саати на стадион. Али ете изборот паднал на овие, барем Џибони да го викнеле цел концерт да си направи за мерак.
 
Кој одлучил на овој проект да соработува со овие пеачи? Гаро и фамилијата или Министерството за култура ? Не хејтам најискрено и не сум ироничен ниту ми сметаат луѓево, само онака прашувам кој ги избрал.

Тавитијан
 
Добро наброј ми некој што е наш изведувач кој е доволно квалитетен а и познат во границите на нашата земја.
Јасно ми е мене дека ние немаме доволно квалитетни изведувачи (зборам за моментално активната естрада), но сепак се наши изведувачи и логично е да се очекува истите да настапат за денот на независноста. Ланската манифестација помина без екс-ју изведувачи и беше одлична.
 
Еве ме прв!

Се слави Ден на Независноста на Македонија а концерт ќе прават Српски пејачи и певаљки...

Па што има врска-уметноста не познава нации.

Идат да пеат, да пренесат емоции на нивен начин а идат да ни направат чест-ехх старата Ју рок школа недостасува...
 
Толку е ослабена????

Се` уште активни групи и пеачи: Леб и Сол (може да се соберат пак), Влатко Стефановски, Дани, Суперхикс, Архангел, Владо Јаневски, Миле Кузмановски, Благица Павловска, Блага Петревска, Ефто Пупиноски, Нокаут, Ареа...
А, зошто не се направи обид да ги викнат некои подзаборавени групи да си ги испеат хитовите?! Не дека овие што се` уште се појавуваат по дискотеки и кафичи досадија, ама има една група која неправедно е маргинализирана. Заборавени: Меморија, Конкорд (Венко Серафимов сигурно ќе се согласи да настапи!) Драган Мијалковски, Славе Димитров, Бојс, Студени нозе, ... Ние имаме многу добра музика, хитови кои се` уште се слушани, АМА на кого да му текне дека треба да ги викне македонските пеачи.

За две минути ми текнаа милион македонски песни кои можат да бидат испеани, песни кои се хитови. И запази, ова се Македонци! Може топ журка да се направи, ама Македонци се бе...

Не мора да висиме по дрва на: Фихрета (Лепа Брена), Цеца, Жељко, Бора... доволно беше. Сега е конечно време да еволуираме!

П.С. Се извинувам ги заборавив Симон Трпчевски, Баклава, Синтезиз, Чалгии Саунд Систем.

Навистина имаме..ехејј меморија, Зијан, Леб и Сол.....али тоа е тоа а да протестираме:icon_lol:
 
Еве ме прв!

Се слави Ден на Независноста на Македонија а концерт ќе прават Српски пејачи и певаљки...

Само две гостинки се од Србија, другите се од Хрватска.
--- надополнето: 3 септември 2012 во 23:29 ---
А од сите тие, само Оливер Мандиќ е Србин!:unsure: :icon_lol:

Овде не се пишани, но на реклама ги има Јелена Томашевиќ и Александра Радуловиќ. Тие се од Србија.
Вторава паметам пред некое време се занесе дека ќе ја наполни Универзална, пушти карти од по 800-900 денари, па кога виде дека нема никој жив, се повлече под некаков си банален изговор.
 
По концертот на Цеца во Струмица шител тв имаше еден прилог во кој плука по екс ју ѕвезди. Кој знае како ќе ги најави овие.
За пеачи имаме доволно за да пеат два саати на стадион. Али ете изборот паднал на овие, барем Џибони да го викнеле цел концерт да си направи за мерак.

Зарем нема подобро да поминеме, и поубава музика да слушниме од Баклава, и Чалгија саунд систем пошто е 8-ми септември ден на македонија, да слушниме Македонска музика од Синтезис , нашата македонска виолинистичка гордост, маестро Зоран Џорлев , непотвторливиот вокал и ромаската кралица Есма Реџепова и кралот на саксафонот Ферус Мустафов , и во светски рамки познатите МИЗАР, АНАЗАСТАЗИЈА, САФ, Ареа, Суперхикс ...и многу други останати изведувачи.
 
Кажи и го ова на патриотката по култура која го организира настанов за ден на независност:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom