H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Одкако на почетокот на годината заради постар долг бевме исклучени од мрежата и цел месец бевме без струја, од ЕВН Македонија ни беше побарана сума од 1 000 евра со камати и се, која подоцна им ја исплативме позејмувајќи од каде стигнеме. Тоа беше почетокот на Март, кога и ни усно ветија дека нема да не чепкаат за тоа малце што остана до Октомври кога ќе требало да има акција за плаќање на долгот на рати. Но за тој период тие не исклучија два пати и почнаа да се однесуваат ептен аргонтно заканувајќи се доколку не им ја доисплатиме сумата што остана од околу 650 евра ќе ни го извадат саатот, ќе ни го скинеле кабелот од бандера и дека по пат на извршување ќе ни ја земеле куќата и се?!..Цел Август ги молиме да ни дадат на рати, кога дознавме дека има акција.. По второто икслучување кое беше пред 10 дена и Августовската акција за плаќање на рати,без камата и судски трошоци, отидовме со барање во КЕЦ Ѓорче Петров, каде тие почнаа пак да се закануваат и наместо на рати тоа да им сме го плателе одма во кеш ( што со оглед на домашната моменталната финансиска ситуација не е можно, затоа што е вработен само татко ми ).
Беше три пати поднесено барање до Народниот Правобранител за да помогне во случајот и да помогне да се дадат на рати и сите три одлуки на Народниот Правобранител што беа донесени во наша корист не беа почитувани, а ЕВН Македонија и продолжуваат со нивната политика.
А сега другото, од нивна страна што ме нервира. Да живеев сега во Велешта, да немам платено за струја последните 20 години, немаше да бидам исклучен ни ден. Многу јасно е дека ЕВН Македонија кога станува збор за места населени со етнички Албанци работи на сосем друг начин, а што сме ние другите будали што плаќаме, па уште и ни фрчат закани? Кога станува збор за Македонци, Срби или Роми - тогаш исклучи ги!
Колку за пример, што се случи пред еден месец во едно село населено со Албанци, с. Велешта минатиот пат:
По речиси 50 часа живот во темница, струшко Велешта синоќа доби струја. Како што информираат жители на Велешта, за А1 струја добиле триесет минути по полноќ.
„На изненадување на сите струја добивме по полноќ, иако не забележавме ниту еден претставник на ЕВН во селото. Тоа не води кон сомнеж дека не станува збор за никаков дефект туку за нешто сосема друго“, изјави жител на Велешта за А1.
Инаку во текот на вчерашниот ден Велешта остана и без вода за пиење, што само дополнителено го отежна нормалното функционирање на животот во ова струшко село со околу 7000 жители, бидејки селото со вода се снабдува од т.н хидрофори кои работат на струја. Дознаваме дека синоќешните разговори помеѓу претставници на ЕВН и Месната заедница од Велешта во Скопје, завршиле без успех, но што се случило потоа па селото набрзо доби струја нема информации.
Инаку проблемот настана откако ЕВН најпрво исклучи од електричната мрежа само еден дел од селото, со цел да започне со реализација на проект за поставување на нова мрежа и реконструкција на една од трафостаниците за како што изјавија од компанијата „долгорочно се реши проблемот со снабдувањето на струја“.
Потоа жителите незадоволни ја блокираа управната зграда на ЕВН во Струга, демолираа дел од влезот , а вчера го блокираа и патот од Струга кон граничниот премин Ќафасан. Имаше и радикални изјави дека доколку струја не добијат подготвени се да ја запалат и зградата на ЕВН во Струга. Од ЕВН пак излегоа со соопштение дека кражбите на електрична енергија во Велешта достигнуваат до 60%, а со отпорот за реализирање на инвестициониот проект, мештаните само покажувале дека не сакаат да се стави ред во мрежата.
Извор; http://a1on.mk/wordpress/archives/10055
Следниот пат кога ќе дојдат да ме исклучат, дали и јас да постапам како овие од Велешта и да немам гајле? Веќе сериозно размислувам да се преселам таму...

ЕВН попушти, Велешта доби струја
Напишано од A1ON на 22/06/2012 во Македонија - 1 Коментар