ЕВН Македонија работи дискриминаторски!

Статус
Затворена за нови мислења.
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Одкако на почетокот на годината заради постар долг бевме исклучени од мрежата и цел месец бевме без струја, од ЕВН Македонија ни беше побарана сума од 1 000 евра со камати и се, која подоцна им ја исплативме позејмувајќи од каде стигнеме. Тоа беше почетокот на Март, кога и ни усно ветија дека нема да не чепкаат за тоа малце што остана до Октомври кога ќе требало да има акција за плаќање на долгот на рати. Но за тој период тие не исклучија два пати и почнаа да се однесуваат ептен аргонтно заканувајќи се доколку не им ја доисплатиме сумата што остана од околу 650 евра ќе ни го извадат саатот, ќе ни го скинеле кабелот од бандера и дека по пат на извршување ќе ни ја земеле куќата и се?!..Цел Август ги молиме да ни дадат на рати, кога дознавме дека има акција.. По второто икслучување кое беше пред 10 дена и Августовската акција за плаќање на рати,без камата и судски трошоци, отидовме со барање во КЕЦ Ѓорче Петров, каде тие почнаа пак да се закануваат и наместо на рати тоа да им сме го плателе одма во кеш ( што со оглед на домашната моменталната финансиска ситуација не е можно, затоа што е вработен само татко ми ).
Беше три пати поднесено барање до Народниот Правобранител за да помогне во случајот и да помогне да се дадат на рати и сите три одлуки на Народниот Правобранител што беа донесени во наша корист не беа почитувани, а ЕВН Македонија и продолжуваат со нивната политика.

А сега другото, од нивна страна што ме нервира. Да живеев сега во Велешта, да немам платено за струја последните 20 години, немаше да бидам исклучен ни ден. Многу јасно е дека ЕВН Македонија кога станува збор за места населени со етнички Албанци работи на сосем друг начин, а што сме ние другите будали што плаќаме, па уште и ни фрчат закани? Кога станува збор за Македонци, Срби или Роми - тогаш исклучи ги!

Колку за пример, што се случи пред еден месец во едно село населено со Албанци, с. Велешта минатиот пат:
ЕВН попушти, Велешта доби струја
Напишано од A1ON на 22/06/2012 во Македонија - 1 Коментар

По речиси 50 часа живот во темница, струшко Велешта синоќа доби струја. Како што информираат жители на Велешта, за А1 струја добиле триесет минути по полноќ.
„На изненадување на сите струја добивме по полноќ, иако не забележавме ниту еден претставник на ЕВН во селото. Тоа не води кон сомнеж дека не станува збор за никаков дефект туку за нешто сосема друго“, изјави жител на Велешта за А1.
Инаку во текот на вчерашниот ден Велешта остана и без вода за пиење, што само дополнителено го отежна нормалното функционирање на животот во ова струшко село со околу 7000 жители, бидејки селото со вода се снабдува од т.н хидрофори кои работат на струја. Дознаваме дека синоќешните разговори помеѓу претставници на ЕВН и Месната заедница од Велешта во Скопје, завршиле без успех, но што се случило потоа па селото набрзо доби струја нема информации.
Инаку проблемот настана откако ЕВН најпрво исклучи од електричната мрежа само еден дел од селото, со цел да започне со реализација на проект за поставување на нова мрежа и реконструкција на една од трафостаниците за како што изјавија од компанијата „долгорочно се реши проблемот со снабдувањето на струја“.
Потоа жителите незадоволни ја блокираа управната зграда на ЕВН во Струга, демолираа дел од влезот , а вчера го блокираа и патот од Струга кон граничниот премин Ќафасан. Имаше и радикални изјави дека доколку струја не добијат подготвени се да ја запалат и зградата на ЕВН во Струга. Од ЕВН пак излегоа со соопштение дека кражбите на електрична енергија во Велешта достигнуваат до 60%, а со отпорот за реализирање на инвестициониот проект, мештаните само покажувале дека не сакаат да се стави ред во мрежата.
Извор; http://a1on.mk/wordpress/archives/10055

Следниот пат кога ќе дојдат да ме исклучат, дали и јас да постапам како овие од Велешта и да немам гајле? Веќе сериозно размислувам да се преселам таму...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Се е двоаршински во земјава, не само односот на оваа фирма.
Закони, даноци, можности... буквално се.
Ние кои не сме Албанци, сме на лошата страна, првенствено заради многумина од нас, кои се преправаат дека се е во ред и дека постои некаков баланс. Дел од ваквите гниди се самозалажуваат, а на дел иако им е јасно, сепак истапуваат водени од лична корист.
 
бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Велештани се според мене најпаметно и најсложно село во цело охрид и струга а можеби и пошироко! Никој ништо не им може..шо сакаат праат...цело село краде струја...никој не плаќа и ги тепаат сите шо сакат да им ја скинат...сеа пред неколку дена сес зборуваше дека истепале 3-ца од евн кои сакале да исклучат еден жител на велешта од мрежа...и шо им можат??

Велешта ми е на 500 метра од моето село... значи ги фатија тие од ЕВН ги претепаа и оп, има струја...
500 метра?? Од кј си ти бе? Враништа?
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Велештани се според мене најпаметно и најсложно село во цело охрид и струга а можеби и пошироко! Никој ништо не им може..шо сакаат праат...цело село краде струја...никој не плаќа и ги тепаат сите шо сакат да им ја скинат...сеа пред неколку дена сес зборуваше дека истепале 3-ца од евн кои сакале да исклучат еден жител на велешта од мрежа...и шо им можат??

500 метра?? Од кј си ти бе? Враништа?
алал да им е.. браво - некои заштитени со закон нема да плаќаат струја а зата па од друга страна некои поштени ке плаќаат дупло поскапа струја ( за да се надокнади загубата од другите нели )
 
Ама и во Бутел не плаќаат некој.. :D
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Велештани се според мене најпаметно и најсложно село во цело охрид и струга а можеби и пошироко! Никој ништо не им може..шо сакаат праат...цело село краде струја...никој не плаќа и ги тепаат сите шо сакат да им ја скинат...сеа пред неколку дена сес зборуваше дека истепале 3-ца од евн кои сакале да исклучат еден жител на велешта од мрежа...и шо им можат??

500 метра?? Од кј си ти бе? Враништа?
Им реков за селата и околу Скопје викаат - Аааа и нив ги гасиме!
Вистината е дека ги гасат на еден ден и после пак ги пуштаат. Кого лажат! :cenzura:
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Ама и во Бутел не плаќаат некој.. :D
точно е... некој не плаќа некој плаќа... кај некој кога ке дојдат од евн да исклучуваат ги пречекуваат со каљашњикови кај некој гасат и ништо не им можат...

демократија бе брат... се размислувам и ја веќе дали да плаќам струја.... еден калаш многу работи може да реши ко што гледам....
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Затоа сме ние најглупава нација во светот! Кој при здрав разум си го продава цел енергетски сектор? Се во државава ни е испродадено, сите компании кои на времето беа државни и имаше многу поефтина струја, пофлексибилни услови за плаќање и плус даваа субвенции за истите долгови односно од целиот долг ти бришеа одредена сума која нема да треба да ја платиш. Сметките можеше да ти стојат за 1 година неплатени и на крај да одиш пола да си ги платиш а пола на рати да ти ги направат. А сега овие главучите Австриски не чекаат 2 заостанати сметки, одма игра клештата и на бандера или ти пломбира саатот за струјата. Електростопанството го продадоа, телекомот го продадоа, ги продадоа сите државни компании кои вредат за да можат да си ги наполнат џебовите со пари, а сега народот е тој што страда. И патем, немојте да им се лутите на Албанците што не плаќаат ниту струја, ниту данок ниту било што друго. Тие си можат, попаметни се од нас, работат сите заедно со здружени сили и постигнуваат се што ќе посакаат. А ние во сопствената држава речиси и да ги изгубивме правата. Нели гледате дека кога тие можат да си дозволат имињата на училиштата да ги менуваат без да прашаат никого и кога офицери на АРМ се поклонуваат на гробовите на терористите тогаш што паметно очекувате вие од оваа држава?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Им реков за селата и околу Скопје викаат - Аааа и нив ги гасиме!
Вистината е дека ги гасат на еден ден и после пак ги пуштаат. Кого лажат!
Друже, дур ти филозофираш на форум, некој работи на терен и добива гага струја.
Ако чекаш некој друг да се избори за твоите права во Мкд, богами ќе се изначекаш.
 
бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
точно е... некој не плаќа некој плаќа... кај некој кога ке дојдат од евн да исклучуваат ги пречекуваат со каљашњикови кај некој гасат и ништо не им можат...

демократија бе брат... се размислувам и ја веќе дали да плаќам струја.... еден калаш многу работи може да реши ко што гледам....
Еден калашников чини околу 500 евра или по нашки 10 сметки за струја... хммм...се исплати според мене !
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
точно е... некој не плаќа некој плаќа... кај некој кога ке дојдат од евн да исклучуваат ги пречекуваат со каљашњикови кај некој гасат и ништо не им можат...

демократија бе брат... се размислувам и ја веќе дали да плаќам струја.... еден калаш многу работи може да реши ко што гледам....
Па затоа ми рекоа брат што да ти правиме дојди си кај нас да живееш нема да те чепне никој..:pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom