Антинаучна литеарура

Член од
14 април 2012
Мислења
83
Поени од реакции
19
На оваа тема да се оставаат теми поврзани со религија кои ја негираат науката. Јас сум атеист , а ги поканувам и другите атеисти да дискутираат и негираат оваа научнохулна работа. За почеток најдов нешто: http://crkva.org.mk/sakamdaznam.pdf (ако случајно неможе да се отвори побарајте на http://crkva.org.mk/vera.htm ).
Она што го прочитав само за,, окото е ограничено", стварно беше идиотски напишано, да окото е ограничено , ама ние не гледаме само со ОКО, ние имаме инструменти кои можат да гледаат се, иамаме математика која може да види се , но господ не го гледа. Понатаму нечитав. Ме интересира што мислат верниците и атеистите на овие теми . Оставајте (може и да ги измислите инапишете) и коментирајте!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
да окото е ограничено , ама ние не гледаме само со ОКО, ние имаме инструменти кои можат да гледаат се, иамаме математика која може да види се , но господ не го гледа.
Сигурен си околу болдов?
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
На оваа тема да се оставаат теми поврзани со религија кои ја негираат науката. Јас сум атеист , а ги поканувам и другите атеисти да дискутираат и негираат оваа научнохулна работа. За почеток најдов нешто: http://crkva.org.mk/sakamdaznam.pdf (ако случајно неможе да се отвори побарајте на http://crkva.org.mk/vera.htm ).
Она што го прочитав само за,, окото е ограничено", стварно беше идиотски напишано, да окото е ограничено , ама ние не гледаме само со ОКО, ние имаме инструменти кои можат да гледаат се, иамаме математика која може да види се , но господ не го гледа. Понатаму нечитав. Ме интересира што мислат верниците и атеистите на овие теми . Оставајте (може и да ги измислите инапишете) и коментирајте!
Што школија имаш завршено друже...како за почеток да знаеме што експерт си и во која област?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ние имаме инструменти кои можат да гледаат се, иамаме математика која може да види се
а има места на светов каде човек не стапнал и око човечко не ги видело, и човек нема мрднато подалеку од месечината (засега), а споредено со големината на вселената која не опкружува тоа е како од кога те родиле да немаш мрднато од местото (од породилниот кревет) дури и тоа е многу ама ај :)
 
Член од
14 април 2012
Мислења
83
Поени од реакции
19
Во болдираново сум потполно СИГУРЕН. од утре сум трета година средно, но многу се разбирам од Хемија (тоа ќе продолжам факулетет) може да се каже дека усм експерт, Физика, Математика, Биологија и уште други.Инаки еве конкретно за спектарот на видливост на окото. НАСА има изградено телескопи
1. Хабл , може да го гледа целиот видлив спектар на окото и + најголем дел од ултравиолетовото подрачје.
2.Спицер може да гледа во инфрацрвеното подрачје, онаку каде што Хабл неможе, до околу 100 микрометри.
3. Хегел е најновиот телескоп пој продолжува во инфра црвеното подрачје по Спицер блиску до 1000 микро метри. Овој беше испратен за да открие како настануваат ѕвездите и ја оствари својата цел.
Нитуеден од овие телескопи неам регистрирано нешто како господ , ниту пак нешто друго мистично.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
и колку % од просторот наречен вселена имаме прегледано?

да се надополнам ... колку % од просторот наречен вселена имаме прегледано од она што мислиме дека може и знаеме дека треба да се види ...?
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Научнохулие....:icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Кој е за да собереме сите научнохулци и да ги спалиме пред најблискиот хадронски колајдер?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Во болдираново сум потполно СИГУРЕН. од утре сум трета година средно, но многу се разбирам од Хемија (тоа ќе продолжам факулетет) може да се каже дека усм експерт, Физика, Математика, Биологија и уште други.Инаки еве конкретно за спектарот на видливост на окото. НАСА има изградено телескопи
1. Хабл , може да го гледа целиот видлив спектар на окото и + најголем дел од ултравиолетовото подрачје.
2.Спицер може да гледа во инфрацрвеното подрачје, онаку каде што Хабл неможе, до околу 100 микрометри.
3. Хегел е најновиот телескоп пој продолжува во инфра црвеното подрачје по Спицер блиску до 1000 микро метри. Овој беше испратен за да открие како настануваат ѕвездите и ја оствари својата цел.
Нитуеден од овие телескопи неам регистрирано нешто како господ , ниту пак нешто друго мистично.
А си размислил или сретнал податок колкав дел од универзумот е проучен?
Или си подразмислил дека ние на планетава сме само пчелички кои направиле круг околу истата во однос на останатото опрукужување........
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
и еден совет до тебе ... 3год средна школа се нарекуваш експерт ... со ова его и ограниченост дека се знаеме далеку не стасуваш ... можеш само цел живот да одиш по стапките на некои научници и иноватори кои ќе го движат светот напред ... но само позади нив .. далеку позади нив ...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
83
Поени од реакции
19
Имаме прегледано најголем дел од спектарот со материја којашто може да стапи во интеракција со фотони. Претпоставуваме и дека има темна материја (нема интеракција со фотони), но немој да ми кажете дека може нешто да има врска со бог, стварно е ниска ваквата помисла. Зашто религијата уште од самиот почеток се менува и се надоврзува на науката во се што ќе се пронајде. Во 1951г. папата Пие 12 ја прифати теоријата за биг бенг,со тоашто рече дека позади неа стои Бог , претходно за ова појма си немаше. Така секое откритие на науката ќе биде поврзано со Бог, со век и векови, се додека просторот за Бог не се смали го граници во кои Бог ке исчезне. Веќе доста е смален тој простор со теоријата на струните (види на нет за да необјаснувам) .
--- надополнето: 2 септември 2012 во 14:14 ---
и еден совет до тебе ... 3год средна школа се нарекуваш експерт ... со ова его и ограниченост дека се знаеме далеку не стасуваш ... можеш само цел живот да одиш по стапките на некои научници и иноватори кои ќе го движат светот напред ... но само позади нив .. далеку позади нив ...
Добро не сум експерт , ама тоа го кажав како синоним на големи познавања . Тоа дека науката неможе да оди напред си во голема заблуда.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 14:15 ---
А си размислил или сретнал податок колкав дел од универзумот е проучен?
Или си подразмислил дека ние на планетава сме само пчелички кои направиле круг околу истата во однос на останатото опрукужување........
Теоријата на струните веќе си ја покажува големината на човештвото
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
и колку % од просторот наречен вселена имаме прегледано?

да се надополнам ... колку % од просторот наречен вселена имаме прегледано од она што мислиме дека може и знаеме дека треба да се види ...?
А колку % имале прегледано тие што ја напишале библијата?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Ами и чоечевоhttp://en.wikipedia.org/wiki/Antony_Flew беше атеист ненормален модерен, па го порекна сето мислење, сето дрвење и спротиставување на крај, дали од тука можи да заклучиме дека атеизмот е срање, секако дека не, атеизмот и натаму постои, една птица не прави јато, нешто налик примерот со папата.
Биг Бенг колку шо знам најдобро го имаше развиено во своја теорија Стивен Хокинг кој да не потсетуваме дека имаше неверојатна утка околу проучувањето на Црните дупки, каде во 94та или 95та чинам го призна поразот од Leonard Susskind иако претходно беше уверен дека е во право, зошто да веруваме дека е во право и за тоа чудо како што го прикажува.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Добро не сум експерт , ама тоа го кажав како синоним на големи познавања . Тоа дека науката неможе да оди напред си во голема заблуда.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 14:15 ---
Не си ме прочитал добро ...
науката и те како ќе оди напред ... но далеку ќе бидеш од тие кои ќе ја водат напред

Да се вратиме на темата ... како отворач на темава прво да те прашам .. за да знаеме на што сме .. што е Бог за тебе и како го замислуваш .. што е она што мислиш дека треба да се најде/види?
--- надополнето: 2 септември 2012 во 14:30 ---
А колку % имале прегледано тие што ја напишале библијата?

Одбегнување на давање на одговор со друго прашање е само незнаење ...
Тие шо ја „напишале“ библијата тврдат дека „Бог“ бил тука ..
и ако претпоставиме дека „Бог“, „Богови“ постојат и створиле она што створиле .. а не створиле малце, мислиш ние сме на некое ниво на кое можеме да допреме до нив? ма ајде ... кога дете од средно одделение со едно читање на стринг теоријата станува експерт малце тешко ...

и крај краева темава не е за оние кои ја напишале библијата туку за нашите „гооолеми“ достигнувања, ultimate достигнувања кои се крајни ... се знаеме, имаме алатки за се да видиме така?

ајде кажете ми колку % од просторот наречен вселена имаме прегледано од она што мислиме дека може и знаеме дека треба да се види?

ПС: јас не сум типичен верник, не верувам во „класичен Бог“ ... чисто онака колку да не ми се обраќате во стил „Ами вие со библијата“, „Вие верниците“ и слично
 
Член од
14 април 2012
Мислења
83
Поени од реакции
19
Ами и чоечевоhttp://en.wikipedia.org/wiki/Antony_Flew беше атеист ненормален модерен, па го порекна сето мислење, сето дрвење и спротиставување на крај, дали од тука можи да заклучиме дека атеизмот е срање, секако дека не, атеизмот и натаму постои, една птица не прави јато, нешто налик примерот со папата.
Биг Бенг колку шо знам најдобро го имаше развиено во своја теорија Стивен Хокинг кој да не потсетуваме дека имаше неверојатна утка околу проучувањето на Црните дупки, каде во 94та или 95та чинам го призна поразот од Leonard Susskind иако претходно беше уверен дека е во право, зошто да веруваме дека е во право и за тоа чудо како што го прикажува.
Пеер , папата е ваш претставник, претставник на вашето јато , ако не ви се свиѓа сменете го. Тоа со Хокинг си потполно во право , развил теориај на биг-бенг, папата ја прифатил , и потоа се докажало дека нешто фали во бигбенгот и со тоа го зезнале папата , се појави нова теорија за натстанок на универзумот која повторно вклучува биг-бенг само се е пософистицирано. Поради ова се лути и папата сега , неможе да ја прифати теоријава. Невикам дека оваа теорија е совршена, повторно може да има дупки и по некој година да се создаде нова теорија.
Не си ме прочитал добро ...
науката и те како ќе оди напред ... но далеку ќе бидеш од тие кои ќе ја водат напред

Да се вратиме на темата ... како отворач на темава прво да те прашам .. за да знаеме на што сме .. што е Бог за тебе и како го замислуваш .. што е она што мислиш дека треба да се најде/види?
[MERGETIME="1346589003
Види, непостои човек на планетава кој би можел да биде водач. Секој е експерт на една област и придонесува за тоа. Кога сите придонеси ќе се соберат испаѓа наукава. ЈАс можам цел живот да работам за само една и единствена формула , која можеби нема да биде нешто шокантно , но сепак ке придонесе за понатамошен развој.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom