Не за џабе сакаат и парите да бидат виртуелни, т.е електронски, и ке видите дека за 10 години нема да постои хартиена пара, све ке иде преку банка, на картичка бидејки е побезбедно а така и банките ке прават поголем обрт што значи е дека ке има поголема динамичност на банките со давање кредити, камати и сл.
Најдобро е некој наш човек, легално да отвори некоја локална кладилница каде легално ке може луѓето кои уплаќаат да си ги креираат коефициентите, а кладилницата уплатите да ги чува и да обезбеди сигурна исплата на оној кој ке го добие договорениот влог, и да нема лутиш, а кладилницата да профитира со минималниот процент кој ке го одземе од оној кој ке го добие облогот.
Пример јас идам Манчестер Јунајтед- Челзи да ја уплатам х2 за 1000 денари и во кладилницата кажувам дека барам коефициент 1.43(или претворено во веројатност во проценти тоа е 70%, 100/70=1.43, бидејки сметам дека за х2 веројатноста е 70 посто да биде таков исходот од натпреварот, и мене ми одговара добивката, а 30 посто дека има шанси манчестер да победи). Значи јас давам 1000 денари за да добијам 1430 денари, што значи дека другиот кој ке сака да уплати кец односно победа на Манчестер ке треба да даде 430 денари за да ги добие моите 1000, што значи дека тој ке направи влог да победи Манчестер со коефициент 3.32 (бидејки збирот од сумата вложена од двете страни е 1430, таа сума се дели со влогот и се добива коефициентот т.е 1430/430=3.32, исто и за мене што уплаќам 1000 денари, 1430/1000=1.43). Е сега финтата е што треба двете страни да се договорат за веројатноста односно ако јас понудам една цена, таа цена треба да биде примамлива за другиот кој ке уплати контра на мојата уплата, односно кој мисли обратно од мене, дека тимот кој јас мислам дека ке изгуби, ке победи, или можеби нема да победи(или нерешено или ке изгуби, а тоа е тој тип х2). Сето тоа да биде со непознати играчи односно никој да не знае против кого се клади. Тоа треба да го обезбеди кладилницата.
И сега да кажеме јас го погодив типот, и кога ке треба да си ги подигнам парите на шалтер кладилницата ми одзема да кажеме 5% од добивката за тоа што била посредник меѓу мене и мојот контра типстер, што значи дека јас по одземањето на тие 5% од мојата добивка од страна на кладилницата, ке подигнам 1359 денари ((1430*5)/100=71 >> 1430-71=1359). Мора да има еден што е неутрален односно што ке биде платен да ги чува парите на страна на сигурно, во овој случај тоа е кладилницата, бидејки главниот проблем кога некој ке изгуби пари е нервозата, а работата на кладилницата е да биде на страната на законот односно легална и да има јак грб ( државниот закон и судот) доколку тој што ке ги изгуби парите сака да се побуни или проба со физичка пресметка да си ги земе парите, кои веќе не се негови.
А ако се тоа се одвива електронски односно да нема хартиени пари и уплатите да се вршат само со картичка, многу лесно би било, и луѓето кои ке работат во кладилницата лесно ке ги смират страстите, бидејки едноставно ако некој кој изгубил одреден влог и се побуни, си ги бара изгубените пари назад, вработените едноставно ке кажат дека парите веке се префрлени на банкарската сметка на оној кој го добил влогот и дека и да сака да направи грабеж нема што да украде бидејки сите пари се електронски сите трансакции се вршат преку банка и физички не може никако да ги добие, бидејки сите пари се виртуелни.
А вака во кафани е релативно несигурно,ке добиеш повисок коефициент ама па не знаеш дали ке ти исплатат. Па израчунај си ти дали ти се исплати за малку помал коефициент да си уплатиш во кладилница и да бидеш сигурен и мирна да ти е главата ако ја добиеш опкладата или да добиеш поголем коефициент ама поима да немаш дали ке ти исплатат и дали ке излезеш жив и здрав од таму. Тоа и со брат да се опкладиш на толкава сума, па ако тој изгуби, ке се налути и у најмала рака нема да сака да ти ги даде или ке ти ги даде ама ке сака да те истепа или да искрши некој предмет а камоли некој човек што првпат го гледаш.
Ако ти погаѓаш утакмици, тогаш и легално да играш ке бидеш задоволен од добивката бидејки ке бидеш во плус, ама ако не погаѓаш, кај сакаш отиди и со каков сакаш коефициент, ти нема да ја погодиш, и ке ги изгубиш парите, а можеби и главата или здравјето, а за тоа не вреди да си го трошиш времето, парите, трудот, и живците. Кога ке видиш и таму во кафаната нема да добиеш реална (поголема) вредност на влогот, бидејки во легалната кладилница, вложуваш само пари за да добиеш пари. А овде вложуваш пари и здравје, па можеби и живот, за да добиеш малку повеќе пари од она што би го заработил легално.
Според мене кога ке ги ставиш на кантар двете ситуации, легалната кладилница би била полесна односно подобра опција, додека оваа другава е премногу тешка и ризична. Но секој си е различен карактер, од кај да знам може ти си уште полуд од оние кои се доволно луди за да ти се заканат или да не го испочитуваат твојот добиен влог, па можда и можеш некако да се разбереш со нив. Исто како и со кладилницата, секогаш постојат најмалку два избори во животот, а ние секогаш треба да избереме еден од сите.