Eксјугословенски јазик

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Германски европратеник ја загрижи јавноста во Србија

ЕУ ќе го укине српскиот јазик!

Предлогот на Шацингер е дека земјите од некогашна Југославија по примот во Европската унија, поради подобри односи и мир во куќатаа, треба да заборават на разликите во јазиците. :tapp:
Тоа значи дека во официјалните разговори меѓу некогашните екс ју републики нема да користат српски, хрватски, бошњачки и црногорски јазик, туку само ексјугословнескиот јазик"

Михаел Шацингер, германски лингвист и пратеник во Советот на Европа, смета дека српскиот јазик треба да биде укинат. Поточно, неговиот предлог е дека земјите од некогашна Југославија по примот во Европската унија, поради подобри односи и мир во куќатаа, треба да заборават на разликите во јазиците. Тоа значи дека во официјалните разговори меѓу некогашните екс ју републики нема да користат српски, хрватски, бошњачки и црногорски јазик, туку само ексјугословнескиот јазик", пренесуваат српските медиуми.
Повеќедецениските кавги за тоа кој чиј јазик зборува во добар дел придонесоа и да се случат војните во поранешна Југославија, па и денес, 20 години потоа, постојат проблеми за јазиците на Балканот, особено во Србија и Хрватска. Србите тврдат дека во Хрватска, Босна и Црна Гора се зборува српски јазик, а граѓаните на овие држави тоа го негираат и своите јазици ги нарекуваат хрватски, бошњачки и црногорски. Без да се навлегува во лингвистичкиот и историскиот аспект на проблемот, би било добро да сите некогашни ју држави, кога ќе станат членки на ЕУ, барем во службената кореспонденција во Унијата, да зборуваат и да пишуваат на заеднички југословенски јазикк - изјавил Шацингер.
Најлошо од се е, пишува Курир, што овој предлог наишол на одобрување во јавноста на Германија, но и во други околни држави. Доколку се усвои користењето на југословенскиот јазик, би се вовело кога сите екс ју држави ќе станат членки на ЕУ.
Т огаш на тој јазик би се пишувале сите официјални документи на Унијата, а би се водела и преписката меѓу сегашните држави од некогашна Југа.
Предлогот наиде на остри реакции во цела Србија, а особено го осуди стручната јавност. На пример, ќе ја цитираме лекторката Милка Цаниќ, која за Курирр вели дека би било најдобро да го укинеме и германскиот јазик.
Ние сакаме да зборуваме на најубавиот јазик во светот, српскиот. Не веруваме во тоа што го предлага овој човек. Дали знае тој дека и неговиот Гете учел српски јазик за да може да ги чита песните на Вук Караџиќ?? - прашала Милка.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=30E4E8DDC98744469F3C90EC5C771BB5

ПС
Само незнам од кои причини - намерно или не е изоставен и македонскиот
Истото би важело и за Македонија и за македонскиот јазик( земја од некогашна Југославија)
Е па сега итајте кон ЕУ ...............


ППС
нивна печатна грешка- која сега ја забележав- ноооо.. не можам да ја исправам - во насловот:(
само ја ископирав веста - без да приметам ексјугословнескиот
--- надополнето: 1 септември 2012 во 09:34 ---
:
:
.

одлично кажано
Pa njima je to I cilj. Ukinuti sve razlike u bilo čemu, unificirati sve kako bi se izgubio identitet naroda a samim tim I pojedinaca. Na kraju imaće umesto različitih ljudi odnosno naroda samo zombije kojima je lako upravljati I komandovati.

Skandalozno: Evropska unija ukida srbski jezik!

http://www.dejanlucic.net/sr/Skandalozno-Evropska_unija_ukida_srbski_jezik.html
 
V

Vollstandig

Гостин
Југословенски јазик. Пак добра идеја. На југот, со словенските држави со едно “наречје“ ќе се разбериш скоро секаде.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Службени јазици во ДФЈ / ФНРЈ / СФРЈ биле:
  • Српско-хрватски
  • Словенечки
  • Македонски
Од српско-хрватскито излегоа: српски, хрватски, босански, црногорски.....
Сите четири се базираат на штокавското наречје. Ама да биде целосна сликата самиот српско-хрватски јазик е креиран врз база на истово наречје.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.031
Сите четири се базираат на штокавското наречје. Ама да биде целосна сликата самиот српско-хрватски јазик е креиран врз база на истово наречје.
Баш тоа го зборувам , пред 30 години бил еден јазик, денес се 4.
некогашните екс ју републики нема да користат српски, хрватски, бошњачки и црногорски јазик, туку само ексјугословнескиот јазик
значи, српско-хрватски накратко. А за да не ги кршат егата на тие што не се чувствуваат срби или хрват го нарекуваат ексјугословенски.

Во секој случај, ЕУ мене ми личи на лабораторија.....експерименти/
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јазикот на кој се зборува во Хрватска, Србија, Босна и Црна Гора се нарекува со три имиња:
Хрватски илити Српски
Hrvatskosrpski
Српскохрватски
Така да никаков смисол нема да се нарекува Југословенски јазиk
Во секој случај, нас како Македонци, тоа не не интересира
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Мислам дека имате грешка се работи за Србско И Хрватски не србско-хрватски,хрватите големи битки воделе на времето разделбата да биде со и а не со - , затоа што токму тоа И всушност кажува дека се работи за сосема друг јазик. Уствари што ги ебам нек јадат лајна на кој сакаат јазик.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
не знам зошто разглабате кој и каков јазик бил српскиот, хрватскиот.....не ви се чини дека ЕУ си зема премногу за право да се мешколи во секоја држава која се стреми кон неа ?- премногу си допушта или поточно И’ допуштаме да ни ја крои иднината по нејзин терк ?! (не случајно го издвоив коментарот погоре )
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
не знам зошто разглабате кој и каков јазик бил српскиот, хрватскиот.....не ви се чини дека ЕУ си зема премногу за право да се мешколи во секоја држава која се стреми кон неа ?- премногу си допушта или поточно И’ допуштаме да ни ја крои иднината по нејзин терк ?! (не случајно го издвоив коментарот погоре )
А замисли, се повече и повеке се мисли за повеке Европа, наместо помалце.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom