US Open 2012 (упатство за 6 терени streaming преку usopen.org)

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Епа вака сега, еве се одлучив да ја отворам оваа тема.
Оваа година гледањето мечеви преку официјалниот сајт на турнирот е бесплатно, но само за жителите кои живеат во САД. Заедно со уште неколку другари баравме на интернет како да го надминеме проблемот и успеавме.

Прво, мора да се користи Mozilla Firefox.

Доколку го отворите прозорецот за streaming на usopen.org тогаш ќе ви се појави следното.


Значи со помош на ова упатство ќе се реши проблемот и успешно ќе се гледаат 6 терени во кристално јасна слика, а исто така ќе може и да се премотува програмата на теренот, на пример доколку моментално играат Мареј - Богомолов, може да се гледа во живо, а исто така може да се враќа и на назад и да се гледаат претходните дуели на истиот терен, на пример во случајов мечот на Стосур.

УПАТСТВО :
1. Отворате Mozilla Firefox и притискате на линков.
2. Притискате на Continue Download па на Accept and install (ќе ви побара рестарт на пребарувачот, рестартирајте го)
3. Го активирате менито, па одите во Tools па во Web Developer па во Мodify headers.
4. Кај select action одберете add, во header name внесете X-Forwarded-For, а кај header value ја копирате адресава - 23.66.230.91 . Во полето descriptive comment пишувате USA.
5.Потоа одите на add како на сликата долу (обоено во плаво), па лево на иконата start/stop, па ok кое се наоѓа најдолу.
modify.jpg


Иконата е во боја кога модификацијата е активна.


Потоа одите на следниов линк :

http://www.usopen.org/en_US/interactive/video/live.html

Одбирате кој терен би сакале да го гледате и почнува уживањето :)

Можеби ќе се помачите додека го наместите, но верувајте ми дека вреди да се направи се што е потребно за да се гледаат сите мечеви во супер слика, и не е тоа се, нема да пропуштите ништо од денот бидејќи може да се премотуваат мечевите на назад.

Доколку и покрај ова, направено се точно чекор по чекор, не можете да ги гледате терените... тогаш избришете Browsing History, Cookies, Cache... во Mozilla Firefox и дефинитивно нема да имате никаков проблем, мене не ми отвараше па ги избришав горенаведените податоци и сега си гледам без проблем. :)

Доколку имате некое прашање или проблем, слободно прашајте и ќе се обидам да ви помогнам. Се надевам дека ви беше ова од помош и дека ќе го направи овој US Open малку поразличен од претходните :)


EDIT : За крај, вака би требало да ви изгледа :





Доколку сакате да гледате преку Google Chrome или нешто не можете со првото упатсво, пробајте го ова :
http://spotflux.com/ - инсталирај го ова, ќе ти дај америчка ип.. и после си цепаш, enable треба да ти е. И пушташ броусер со стримот..
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Jas 5 pati ja povtoriv cela postapka i nisto :)
Го променав горе мислењето, види пробај со тоа цитираното на Види Фотос. Или ако сакаш пробај да ги избришеш колачињата на пребарувачот, и секако провери дали ја вклучи модификацијата, треба да е црвено икончето. Исто така исклучи го, па уклучи го пребарувачот.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Тоа spotflux ми јавува ерор OpenVPN exited. :\
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Кај Value после адресата имаш точка, тоа е единствената грешка која ја гледам. :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Пробав и без точка, пак нејќе.
--- надополнето: 31 август 2012 во 00:11 ---
BTW пробав и со VPN линкот од Види Фотос, и тој нејќе, FML.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Пробав и без точка, пак нејќе.
--- надополнето: 31 август 2012 во 00:11 ---
BTW пробав и со VPN линкот од Види Фотос, и тој нејќе, FML.
Хмм, како нејќе? Навистина не знам што би можело да биде проблемот.

Прашање до другите, успеавте да го средите ова?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Така истиот ерор го дава, кој го постирав на другата тема, исто и со методот на Види Фотос несака, многу се напнињам, многу :mad:

Едит, Средено после долги маки!

Хмм, како нејќе? Навистина не знам што би можело да биде проблемот.



Прашање до другите, успеавте да го средите ова?
--- надополнето: 31 август 2012 во 00:33 ---
Едит 2, дали во моментов има стрим или има некој моментален проблем?
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Едит, Средено после долги маки!
Кај беше грешката? :)
Можеби ќе се помачите додека го наместите, но верувајте ми дека вреди да се направи се што е потребно за да се гледаат сите мечеви во супер слика, и не е тоа се, нема да пропуштите ништо од денот бидејќи може да се премотуваат мечевите на назад.
Убо си напишав јас дека вреди да се помачите :D
--- надополнето: 31 август 2012 во 00:35 ---
Едит 2, дали во моментов има стрим или има некој моментален проблем?
blake.jpg

EDIT :

Го инсталирав и тоа spotflux и си работеше преку кром...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Да да проклетиот cache кочеше све, средив со Спотфлукс, фала за помошта во секој случај.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Да да доста добра е сликата :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom