Брилијант е штипска фабрика. Шеќерана немаме увезуваме од Србија. Ние во Македонија немаме готов Македонски производ, значи буквално се увезуваме или како готов или како суровини. Брилијант увезува и преработува, го пакува и го продава. Плус увезуваме дополнително масло за јадење од Србија и од Грција.
Проблемот е што неможеме да ги контролираме трошоците, владата притиска со години да останат истите цени, се со цел мир у куќа, али едноставно не се издржува. Не е работата да се поскапе јагнешко и јајца пред Велигден или зејтин пред зимници, работата е што овие 3/4 години сите продукти се поскапени, од млечни, месни, козментика, бебешки производи дури и тоалет. Првиот судир е помеѓу секторите во реален сектор. Оној што носи тегли ги покачува цените, оној што ги откупува се буни за цената оти помалку му купуваат, а оној што ги вози покачува оти нафтата е поскапена. Тој што ги произведува му се покачила струјата. И сите меѓу себе се караат оти едноставно ем нема пари, ем народот е сиромашен и нема со што да купи. Ова како пример, али буквално сите се за врат фатени меѓу себе. И круна на се најголем работодавец и неплаќач е владата. Епа иди издржи да те видам, нема веќе пари под перница да се внесуваат со години тоа зборат од комора, нема пари во оптек правете нешто приберете се.