Каков хеликоптер, секој има своја десигнација која говори за него и кажува од каде е и за што служи т.е можеби и давал информации на нас согласно договорот за соработка а од каде бе Хаубици па они имаа една може две кинески во арачиново 120мм, а па ако сте биле 3км не значи дека со двоглед нема да ве видат нарочито ако сте биле поголема формација.
Да не започнувам лесно е така да се обвини.
Ама ајде земи ги следниве работи предвид.
-Границата со Албанија и Косово беше чувана од Меѓународни сили т.е ООН согласно стратегијата за превентива кои беа гаранција за Мирот во Р.М и тие ја чуваа границата, патролираа-додека беа они немаше никаква активност.
Сепак кога во соседство имаш конфликт првен пасивно ќе се заштитиш со Area denial weapons а тоа се мини, јас не видов нашите да поставуваат мини
туку да уништат над 20 000 против пешадиски пред конфликтот.
-Понатаму За да се создаде безбедносен вакуум "нашите" го признаваат Тајван пуштаат лага за милијарда кај рајата а земаа и мрсна пара за таа дипломатска игра пази со Кина а како
резултат на тоа Кина става вето на овие мировници-Тоа создаде безбедносен вакуум намерно- со цел.
Знаеме и за Телекомот и ОКТА и огромните девизни приливи кои беа примамливи.
Бугарија понуди 150 тенкови како помош а ние немавме логистика да ги донесеме
кој помогна м???
Кој ни ги донесе тенковите во базите-одговорот е НАТО со нивна механизација.
Имајќи го предвид и
прислушувањето(дури и на амбасадори) и врз џафери,Б.Ц новинари
нема шанси нашите да не знаеле.
Кога пристигна АРМ на границата на косово имаше неколку престрелки што
уште пред танушевци укажуваше дека нешто се спрема.
-И сега и покрај прислушување
(баш на амбасадори, воени аташеа политичлари биознисмени) и разузнавање
они не можеа да забележат како се пренесува оружје,муниција, залихи, медицинска опрема за полски болници, храна и тоа за приближно 6000 лица!?!?!?!
Ова е смешно и трагикомично-па додека во кумановско и тетовско копаа ровови и ја бркаа полицијата поставуваа мини нас уште не лажеа дека компири садат во Танушевци-така испадна на среќа А1 да ја пренесе вистината за танушевци.
Значи станува збор за прелеана агресија и тоа е јасно-не велам не и повеќето беа косовари од нашиве албанци се бореа само криминалци, нарко дилери крадци и слични на нив.
И додека се имаше поддршка од Меѓународниот фактор(ЕУ,НАТО ООН) се да се реши некој одолговлекуваше, саботираше-па кој ЛУД остава град од 100 000 жители без вода цел месец-еве ако се појавеше некоја епидемија кај ќе ни беше крајот???
Токму имав прилика да прочитам една интересна анализа на сега пензиониран генерал на АРМ н кој исто така не му е јасно како дозволивме да не преземеме првенствено пасивни мерки,двојни контроли и на крај краеви неоспорен факт е дека
саботажата на мисијата на ОНН со фијаското со Кина беше изведено токму со таа цел-да им дадат време за да се спремаат, премините се знаеа и Србите предупредуваа Грците исто, мислам дека и од бугарска страна имаше слични индиции ама некој се правеше удрен.
Непоимливо е да загубиш контрола на 30% територија преку ноќ и наместо да возвратиш да останеш пасивен и да копаш ровови-самиот пристап конвенционален со копање ровови укажа дека ќе се оди традиционално, подолго а не брзо, секавично и решително акција која за 2 недели ќе ги направеше партал
но повторувам нашата армија и полиција примаше наредби од "наши" не од НАТО,ОН,ЕУ не од Грција...побогу грција прва помогна она хеликоптерчето од Белл хеликоптерс Хјуи модел кој МВР го користи и денес Грција ни го подари експресно оти имавме само цесна тогаш дури и обука на пилотите обезбеди следеа потоа и неколку леонидас транспортери.
Внатрешни структури не поебаа т.е ние самите се поебавме а очигледно планот беше глумење неспособност која ќе бара нужно странска интервенција тоа што и го сакаше Љубчо и се случи-официјално Бугарија спреми цела дивизија се чекаше согласност од Трајковски да ги пушти бугарите да помогнат но не дозволи оти ако ги пуштиш после како ќе се вратат
Тоа и сакаше љубчо нашиот Бугарин патриот ама ете не му успеа, а мешањето на странскиот фактор стана неминовно и се поинтензивно после масакрите
оти СЕ ПЛАШЕА, НАТО се плашеше од граѓанска војна оти цела стратегија и напори, милијарди за Косово градењето на бази ќе паднеа во вода а ќе експлодираше Македонија како Супернова која можеше да вовлече и низа други држави во конфликт-ете затоа меѓународниот фактор реагираше дипломатски кога увиде дека нашиве си перат пари и не преземаат ништо за да ја решат ситуацијата согласно Устав-
погледни го Уставот и спореди со дејствијата па ќе видиш дали тогашната ни Власт се залагаше за национални интереси или на војната видоа како начин да исперат тешки милиони и не ме ни чуди дури и Учките да биле плаќани од "нашиве" за да се одржи темпото на контролирана војна, уствари што пишувам јас па еве ги во фотелји па на позиции во АРМ,МВР,УБК во Парламент дури и оние кои масакрираа се амнестирани-тоа е кршење на меѓународно право а пази
петти сме процетуално по учество во борба против тероризмот која годишно не чини оф 40-60 милиони евра а до 2014 и повеќе бидејќи цела бригада ќе оди во авганистан да се бори против тероризам а
дома истиот го амнестираме-нормално за да некои си ја одржат власта.