Рок музика и рокерски бендови

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
.... а кога сме кај SIGUR ROS, тоа е неверојатно добра музика, луѓето се од исланд, ненормално добри , го носат Пост рокот на едно повисоко ниво.ја ги обожавам , последниoт нивни албум takk, e remek delo.Ágætis byrjun e super album isto . a drugite im se dobri.
Исланѓаните се закон, постирав одамна некои клипови од нив, си измислија луѓе свој јазик, и пичат! Совршенство!

Не знам да ли некој го слушнал последниот албум на РЕМ? Имаа неколку кавалитетни ствари, Accelerate, Sing for the submarine, Mr.Richards (ме подсеќа на нивниот хит од Green албумот Turn you inside out), во секој случај албум кој што секако дека треба да се има.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Погрешно време бре
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
Што клипче си постирал? Не можам да отворам "Јутуб", на работа тука firewall маме ни еба!


Инаку пред некој ден го купив и новиот албум на Counting Crows, и ко обично се заебав коа им давам спортска шанса на некои бендови од кои што одамна се откажав.

"Saturday Nights & Sunday Mornings" го отвора извонредна ствар, "1492" e ствар која што перфектно ке легнеше на нивниот по-рокерски "Recovering the satellites" oд пред 12-тина години. Од останатите 12 песни на албумот, само уште две ствари се вредни спомнување, "Cowboys" и првиот сингл "You can't count on me" чива што ефектна изведва во живо слушнав пред некое време на шоуто на Летерман. Адам Дуриц е сеуште еден од најдобрите текстописци на свет, но музиката почнува да смрди на изгорено ЦД!
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Нешто со линкот не е во ред, зашто и мене не ми отвара.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Во предизборниот молк ве поздравувам...поради политика сега оваа музика само ќе ја слушаме електронски и никогаш во живо-поради пари и моќ и власт.
По Ѓаволите со сите време е за вистински рокенрол(а не бон џови)
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Последниве денови строго слушам Хладно Пиво-според мене тие се најдобар екс-ју панк-рок група во моментов....што мислите за нив..и дале знаете каде би можел фрее да ги симнам сите нивни албуми :)
позз
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
The Mars Volta - The Widow :)

http://www.youtube.com/watch?v=mIwTxkTEUqY
 

rustyblades

Stiff Upper Lip
Член од
19 февруари 2007
Мислења
611
Поени од реакции
35
AC/DC секоаш ме расположуваат
 
Член од
2 јуни 2008
Мислења
36
Поени од реакции
0
Последниве денови строго слушам Хладно Пиво-според мене тие се најдобар екс-ју панк-рок група во моментов....што мислите за нив..и дале знаете каде би можел фрее да ги симнам сите нивни албуми :)
позз
da da da... zakon!!!
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Џими Пејџ и Џон Пол Џонс кај Фу фајтерс на „Вембли“
Настанот веќе го нарекуваат историски, иако не се поминати ни 24 часа. Целиот викенд во Лондон е во знакот на Фајтерси, кои одржаа два концерта на најголемиот англиски стадион.

На Дејв Грол му успеа нешто со што малкумина може да пофалат. Во два дена, на 6 и 7 јуни, имаше два концерти на преполниот стадион „Вембли“, а на втората свирка му гостуваа членовите на Лед цепелин, Џими Пејџ и Џон Пол Џонс. Не дојде Роберт Плант поради солистички ангажмани во САД, но и ова сосема доволно ја потврдува големината на Фу фајтерс во овој момент.

Групата изведе со легендарните гости две песни, класиците од Цепелин, „Rock'n'Roll“ и „Ramble On“. За првата Грол седна зад тапаните, а тапанарот на Фајтерси, Тејлор Хокинс ја презеде вокалната делница.

Шпекулации околу гостувањето на Пејџ и Џонс на концерот имаше во текот на целата претходна недела, но никој не даде официјална потврда. Дури во текот на изведувањето на песната „This Is A Call“ лидерот на Фу фајтерс рече: „Сега ќе направиме нешто што никогаш не сме го направиле, а вас ќе ве истресе од гаќи. Вечерва ќе видите шоу за кое ќе се зборува во следните 20 години“. И навистина, тоа што се случи сношти на „Вембли“ веќе го нарекуваат „историски настан“.

На двете свирки присуствуваа по 86.000 гледачи, и публиката можеше да ги слушне сите значајни песни на групата. Тука беа „Best Of You“, „Generator“, „All My Life“, „Cold Day In The Sun“... Сцената беше поставена на центарот од игралиштето и во текот на концертот се вртеше во круг, така што од сите трибини бендот можеше да се види делумно анфас, делумно од профил, а делумно одзади. Затоа, Дејв Грол на крајот им рече на присутните: „Плативте многу пари за да ме гледате во задникот. Верувам дека вредеше“.

На првата свирка, предгрупа на Фу фајтерс беа момците од Суперграс.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom