Денес се надевам на потешка група во ждрепката, не група на смртта, ама потешка група, зошто очигледно само тогаш играме од старт и цели 90 минути. Очигледно некои лекции од лани не се научени барем по изгледот од првите две кола во ПЛ, со Евертон поасално нападнавме од кога примивме гол, а со Фулам одигравме одлично прво и во второ тотално ја тргнавме ногата од гаста. Сакам да ги избегнеме
Базел по секоја цена зошто уште имам трауми од ремито 3-3 на ОТ и повредата на Видиќ. Ќе им вратиме ама се надевам тоа нема да биде годинава исто и Бенфика, едноставно не ни иде со португалски екипи или се мачиме против нив. Мој избор би бил Јунајтед, Шалке, Ајакс, Монпеље/Д. Загреб. А за другите групи лично имам една желба - Барселона, Сити, Јувентус, Дортмунд