Дали може да се поништи крштеницата?

  • Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Мене лично,на фб највише ме нервираат шернувачите на слики од семе синапово, али ти ја сфаќам поентата. Свеедно, шо и да ме нервира на фб или на форум, во друштво или кај колеги, највише нервира кога некој си зима за право да учи некој друг како треба. Тебе ти е мука од позери, мене ми е мука од прости луѓе, на некој трет му е мука од нас двајцата. Ако сите земеме да се поправаме еден со друг - кај ќе ни биде крајот? Никој нема да смее да прозбори.
Тоа ми е поентата. Ако ти мислиш дека неговата одлука е глупа, смешна, детинеста, неинформирана, позерска, непрактична итн у реду е. Заобиколи ја. Мене ми е смешно тоа крштевање деца уште од бебиња, наметнување религија и да бев крстена и ја ќе барав начин да се открстам. Среќа (за мене) не сум.
А тоа за модерниот човек и сераторското општество ми нема некоја поврзаност. Секако ќе те зборат, што и да правиш. Не е ствар на мода, само е сфаќање на неизбежното. Не знам зашто тоа те нервира.
Добро, еве нека биде дека сакам да го скратам од мачење да не се малтретира пошто не значи многу дали имаш или немаш крштеница. :D Јас ја имам, не верувам во Бог, ама да не се повторувам види го цитатот на дотичниот кажав зошто не ми смета.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Па немам ни јас намера да се натпреварувам.....ме интересираше само на кој начин крштеницата помагала кога ќе згусти....
Ете почнавте.... немам намера да се натпреварувам на кој му е поголем, само дадов совет и став во однос на темата, толку.
Натпреварот е уствари чиј е најблиску до мојата големина, за чиј е најголем нема потреба да ви објаснувам.
 
O

Orion.

Гостин
Мене лично,на фб највише ме нервираат шернувачите на слики од семе синапово, али ти ја сфаќам поентата. Свеедно, шо и да ме нервира на фб или на форум, во друштво или кај колеги, највише нервира кога некој си зима за право да учи некој друг како треба. Тебе ти е мука од позери, мене ми е мука од прости луѓе, на некој трет му е мука од нас двајцата. Ако сите земеме да се поправаме еден со друг - кај ќе ни биде крајот? Никој нема да смее да прозбори.
Тоа ми е поентата. Ако ти мислиш дека неговата одлука е глупа, смешна, детинеста, неинформирана, позерска, непрактична итн у реду е. Заобиколи ја. Мене ми е смешно тоа крштевање деца уште од бебиња, наметнување религија и да бев крстена и ја ќе барав начин да се открстам. Среќа (за мене) не сум.
А тоа за модерниот човек и сераторското општество ми нема некоја поврзаност. Секако ќе те зборат, што и да правиш. Не е ствар на мода, само е сфаќање на неизбежното. Не знам зашто тоа те нервира.
Зошто на атеист би му сметало тоа што е крстен?
Нели според атеистите христијанството е ирационална прикаска? Тогаш на каков начин влијае негативно чинот на крштевање кога не веруваат во Господ и не се верници.
Доколку продолжиме со ова логицирање, чинот на крштевањето за нив би бил тотално ирелевантен :) (освен ако не сакаат да бидат дел од црковната статистика ако воопшто постои такво нешто)
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810

Можам да ти одговорам само во мое име. Затоа што не сакам да бидам дел од таа ирационална прикаска, ма колку тој дел бил мал и незначаен.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Можам да ти одговорам само во мое име. Затоа што не сакам да бидам дел од таа ирационална прикаска, ма колку тој дел бил мал и незначаен.
Зашто ти смета ако е ирационално? До толку ли не си сигурна во тоа дека си атеист? Толку ти треба физички доказ, пред себе а и пред другите ќе се докажеш како атеист? Факт е дека хартијата ништо не менува. Факт е дека ако ништо не менува а сакаш да го направиш - сакаш да докажеш нешто на некого или пред себе. Факт е дека ако сакаш да докажеш нешто на некого или пред себе - не си сигурна во себе или пак некој не ти верува. Друга причина - не можам да видам. Ок, освен тоа што сакаш да бидеш фраерка, rad, пред другите дека нешто си направила бунтовно, си се откажала од религијата која со сила те натерале дур си била бебе. Fuck the church. А всушност, си земаш парче хартија, кое е некаде во фиока, фаќа прашина и никој не го видел откога си се родила.
 
M

Muranyi

Гостин
Ах бре христијани,со вакви постови и размислувања не сте ми ништо поразлични од Муслиманите.А верувам дека можете подобро од тоа.
Ќе се откажеле од детето:tapp:
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Зашто ти смета ако е ирационално? До толку ли не си сигурна во тоа дека си атеист? Толку ти треба физички доказ, пред себе а и пред другите ќе се докажеш како атеист? Факт е дека хартијата ништо не менува. Факт е дека ако ништо не менува а сакаш да го направиш - сакаш да докажеш нешто на некого или пред себе. Факт е дека ако сакаш да докажеш нешто на некого или пред себе - не си сигурна во себе или пак некој не ти верува. Друга причина - не можам да видам. Ок, освен тоа што сакаш да бидеш фраерка, rad, пред другите дека нешто си направила бунтовно, си се откажала од религијата која со сила те натерале дур си била бебе. Fuck the church. А всушност, си земаш парче хартија, кое е некаде во фиока, фаќа прашина и никој не го видел откога си се родила.

Не станува збор за несигурност. Многу е едноставно. Не сакам да бидам поврзана со нешто за што сметам дека не е реално. Наречи го принцип, наречи го и каприц, ако сакаш. Свеедно, станува збор за лична одлука. Од друга страна, ви го сфаќам муабетот. Не си поголем атеист ако се откажеш, нити си поголем верник ако се крстиш. Ок, јасно е - верата се доживува во себе, не на лист хартија, неверувањето -исто. Само не ми е јасно, зашто на секој кој ќе се декларира како атеист му се препишуваат истите епитети - бунтовник, wanna be фраер, прати мода и сл. Против што би се бунтувала јас како атеист? Никаде не пишува дека е задолжително да припаѓаш на некоја религија, па да јас, со моето неприпаѓање или неверување изразувам некое незадоволство. Фраерка стварно не гледам како би била, а со тоа и модерна. Атеизмот не се појавува во 21 век како последен тренд на пролет/лето сезона на некоја Fuck the church организација па да го пратам како модерен. Не ли е возможно да полнолетна особа донела информирана одлука која едноставно повеќе и одговара отколку алтернативата? Без очекувања дека некој ќе и аплаудира на истата? Лична одлука?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Овој се декларира како инжинер нешто машински, предлагам најдолу кај котлите да го ставиме парното да го ложи.
Може ама да те навикнувам тебе за во ПЕКОЛОТ
 
O

Orion.

Гостин
Можам да ти одговорам само во мое име. Затоа што не сакам да бидам дел од таа ирационална прикаска, ма колку тој дел бил мал и незначаен.
Па не си дел затоа што не веруваш во неа. За да бидеш верник треба да веруваш :)
Не дека крштевањето би имало некакви импликации во твојот понатамошен живот за разлика од сунет без согласност на волја на пример
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Не постои начин да се поништи Крштението...

Документот, пак, кој ти е издаден служи само како потврда и има административна природа.

Не е членска карта, за да ја вратиш или поништиш или што и да е, ниту потврдува/докажува колку (не) си верник... има административна природа - во случај на потреба, тоа е потврда дека си крстен, од страна на кој свештеник и на кое место и слично, со цел да се потврди дека може да учествуваш/имаш удел и во други обреди/активности за кои, условно речено, Крштението е услов....
 
D

dystopian

Гостин
Може ама да те навикнувам тебе за во ПЕКОЛОТ
Со капс лок и извичници можеш само мали деца да плашиш... вака на возрасни кои знаат дека ПЕКОЛОТ! е измислица не пали, и изгледаш прилично ретардирано.
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Не постои начин да се поништи Крштението...
Исто како што не може да се поништи осветувањето од абориџински врач, индијански шаман и сајентолошки старешина (Том Круз)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Само 2-3 пишаа конкретно на темава. Другите, а делумно и јас, млатиме празна слама.
Верско убедување на дечкото е негов личен проблем и никого не треба да го засега. Дали се фура или не, повторно, не е тема на дискусија. Поставил прашање и очекува одговор а не тролање и ред глупави коментари. Не сака да има крштеница и тоа е негов проблем. Дали ќе мава глава во ѕид еден ден поради тоа, повторно е негов проблем. Ај, глумам адвокат,ама го претеравте. :D
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Океj фала ви на сите што ми одговоривте. Мислам дека на темава нема уште што да се каже па ако може модераторот да jа заклучи и да jа исчисти од сите непотребни постови освен оние што даваат одговор за прашањето. Чисто нека стои за инфо доколку некоj го заинтересира ова.
 
S

Stef Bachatero

Не знам зашто се нервираш луѓето секогаш ќе те тангираат како херетик ако не си како нив и не размислуваш како нив.Секогаш науката е контрадикторна со религијата затоа што секогаш луѓето не се доволно интелегетни да разберат некој работи и им требаат прости работи како духот каспер да си објаснат што им е поентата на животот.Пустиот страв ги тера луѓето да идат во црква,а не затоа што сакаат да идат.Ако прашаш еден верник зашто верува во Бог или зашто е во црквата нели бог е во срцето.Никогаш нема да ти дадат конкретен одговор,додека човек што е интелегентен секогаш знае што сака и секогаш е спремен за одговор од било која работа да го прашаш.Не ги потценувам тие што веруваат во било која религија али сепак објаснување зашто било традиција иделе во црква не е доволно за мене.Веруваш во тоа затоа што си сознал дека тоа те привлекува и тоа те прави сигурен кон твоите цели и размислувања и така си го кроиш животот или го користиш доброто од двете страни и си пропагираш ти што мислиш.На крај главниот херетик е баш денеска поглаварот што се меша со партиите на власт и што има поголема власт од нас и моќ да прави што сака,да има џипови,хотели и да ги контролира православните луѓе.Тоа е религија,контрола на проста маса да не се шири моќта врз нив зашто ќе стане анархија.Исто како во последниот филм на Бетмен кога Бејн им даде да прават на луѓето што сакаат и направија хаос :).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom