Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Има доволно правници на форумот па се надевам некој ќе знае ако е доволно информиран...Сакам да прашам дали може во Македонија да се вози кола со бугарски регистрации со полномошно, значи колата да биде на име на македонски државјанин, а од тој државјанин да имам пример јас полномошно,дали ќе имам проблем со законот т.е. со полицијата?
Нема да имаш проблем.
Ако се е легално направена регистрацијата, осигурувањето и сите потребни документи нема да имаш проблем.
 
Имам слична ситуација па да потпрашам уште нешто. Претпоставувам УЈП за платите би извлекла пари од сметката на фирмата. Што ако сметката е празна?
Ќе стои блокирана додека не дојде прилив за да се наплати долгот, а доколку воопшто нема прилив, ќе стои блокирана до отварање на стечајна или ликвидациона постапка.
 
Сакам да прашам нешто: Дали можам да поднесам тужба против УЈП до управен или кој суд, поради изнудување средства (рекет). Се работи за опомени за плаќање на РДТ, а сите фактури ми се платени. Тие тврдат дека за 1 цела година немам платено, а јас ги имам уплатниците дома. Отидов таму како човек да се разбереме што е проблемот, тие се однесуваат како дома да сум им влегол гол...
 
Ме интересира дали може да се оспори подарок за недвижнина ако двајцата дародаватели се починати, а оставинската постапка не е сеуште поведена?
--- надополнето: 28 август 2012 во 12:05 ---

Немаш основ да тужиш.
Треба само да одиш до УЈП со платени сметки за тој период за кој е опомената и ќе се среди работата.
--- надополнето: 28 август 2012 во 14:57 ---

Појасни малку... кога е направен подарокот?
Во начело, може да се оспори договор за подарок... но од инфото кое го даваш, ама баш ништо не ми е јасно.
 
Договорот за подарок е направен во 2002 година, без да знам што се влегува во подарокот кој го доби мојот брат. За тоа дознав од неговиот имотен лист кој случајно го видов.
 
Ако веќе он има имотен лист значи е завршена работа. А и незнам што имаш у план да оспориш кај договорот?
 
Не знам дали прашањево спаѓа под правна помош, ама сепак...

Ми треба да извадам поврда дека не сум била осудувана, па ми требаат информации каде точно се вади, што документи ми требаат и колку пари е се тоа да се среди?
 
Да, има имотен лист, а во план ми е да оспорам одредена квадратура од подарокот за недвижност.
 
Ако договорот е направен во 2002 година, заверен е на нотар и двете странки ги испочитувале обврските од него тогаш нема што да се оспорува. Претпоставувам дека родител подарил нешто на синот? Ти можеш се да оспориш да си земеш адвокат и да си ги фрлиш парите али ако нема основа тогаш ќе го изгубиш спорот. Прашањето е што точно пишува во договорот, кои се обврските и дали можеби некој нешто не исполнил? Ако најдеш некој ваков недостаток тогаш можеш да тужиш. Таа квадратура била во чија сопственост претходно, претпоставувам на родителот?
 
Не знам дали прашањево спаѓа под правна помош, ама сепак...

Ми треба да извадам поврда дека не сум била осудувана, па ми требаат информации каде точно се вади, што документи ми требаат и колку пари е се тоа да се среди?
Во суд, само не ме фаќај за збор незнам дали беше ск 1 или 2... како и да е, во еден од нив, на шалтерите ќе си прашаш, мислам дека се плаќаше нешто...
 
Да го ебам, денес ми стигна покана за на суд бидејќи пред месец дена ме застанаа за возење без возачка за скутер од 50 кубика. Како прво , навистина ли треба да вадам возачка за него или доволна е некакви си потврда. Второ во поканата вика дека сум одбил да платам глоба во рок од 8 дена која ми била понудена и сум одбил да ја потпишам казната , е сеа работата е во тоа шо штрумфот ми кажа да одам до полиција во рок од 8 дена да си платам ама на лице место не ми даде ништо да потпишам, дали може некако со тоа да се извадам. И за крај има ли уште некој ваков случај , постојат ли шанси да се извадам некако или ќе ме олеснат 400 евра.. :mad:

И може ли некој да ми го најде член 231 став 6 од ЗБПС .. ?

Би замолил за брз одговор, фала
 
Ако договорот е направен во 2002 година, заверен е на нотар и двете странки ги испочитувале обврските од него тогаш нема што да се оспорува. Претпоставувам дека родител подарил нешто на синот? Ти можеш се да оспориш да си земеш адвокат и да си ги фрлиш парите али ако нема основа тогаш ќе го изгубиш спорот. Прашањето е што точно пишува во договорот, кои се обврските и дали можеби некој нешто не исполнил? Ако најдеш некој ваков недостаток тогаш можеш да тужиш. Таа квадратура била во чија сопственост претходно, претпоставувам на родителот?
Да, родител подарил на синот. Таа квадратура беше од двајцата родители кои му ја подарија на синот/братот. Незнам што пишува во договорот за подарок...така да.... Очигледно немам шанси за оспорување на договорот за подарок.
Ти благодарам за одговорот.
--- надополнето: 29 август 2012 во 18:55 ---
Имам уште едно прашање.
Дали некој знае колку чини судска такса за поднесување тужба за дивоградба?
 
Не чини ништо, бидејќи таква тужба неможеш да поднесеш.
Такво нешто може само да пријавиш во општината каде се наоѓа дивоградбата, па градежните инспекции да постапат по Вашата претставка.
 
За да поднесам тужба против државата и нејзини институции , кај која институција или правно лице се започнува таа постапка ?
Барам совет и/или препораки .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom