Биртии

Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Не бе, некаде во Аеродром во Скопје е. Не сум баш сигурна точно каде е.
Мхм оти и во велес има една таверна деспина ваљда биртија е...таверна е само името некои и биртија или крчма или меана ја викаат од постарите..
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Биртија ти е утепано место со некоја стара певаљка у срмест минич на која сите гости и ставаат 100 денарки у прслук :)
Млада и цицлеста е пејачката во корсет инаку нема бизнис нема пари :icon_lol:.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Ај за муабетот кога биртија е крчма една песна од мене
(аман модераторот нека не бриши , во контекст со муабетот е)
Инаку Перон кај железничката Битола, кој бил знае:)
Инаку квартална крчма во буквален превод би значело малска биртија( ако грешам нека ме поправат бугарчињата на форумот), барем јас така си ја сваќам.
Ако е ова кај влезот во станицата, имаше ефтина скара ама немаше певаљка :confused:

Кај Мело на пејачка, повеќе не е од Мело кафаната ама пејачката е тука :icon_lol:.
Мело е на излезот накај Кавадарци?
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Ај за муабетот кога биртија е крчма една песна од мене
(аман модераторот нека не бриши , во контекст со муабетот е)
Инаку Перон кај железничката Битола, кој бил знае:)
Инаку квартална крчма во буквален превод би значело малска биртија( ако грешам нека ме поправат бугарчињата на форумот), барем јас така си ја сваќам.
Ааааа дали не е најјако, другар мој се здрви како анестезија од 4 литри да добил кога певалката му ги опна цицките на маса, ама тоа во 8мо ко бевме :D
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.763
Поени од реакции
11.751
Филип II е биртија во права смисла на зборот! :icon_lol:
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
три фазани :)
ух како ми се пиее ,што ја напраивте темава :cenzura::D
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Биртија е дупка, претежно два на два, се греат на ќумбе на дрва, претежна клиентела е на рамбовки, копачот им е потпрен пред врата, пие ракија и мези зелка или домашна туршија, негде од страна вреска певајка у најлоша верзија со најлош турбофолк на сите времиња, се е дим околу тебе таму е дозволено да се пуши. Претежно се наоѓаат во селски средини или негде спикани во град каде инспекција никогаш нема да ги најде.
ааа, вакви у велес ги има многу само што не им ги знам имињата, постарите велешани на форумов нека ги испишат, услугата им е на ниво :facepalm:
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
264
Поени од реакции
72
Шкорпион е елитен ресторан за класична биртија.
Грешка си, за да биде биртија не мора да има потпрено копач до врата. Конкретно за Шкорпион доволни се сребрените шљокици на пердињата за да влезе у оваа категорија :D
Кич all the way !
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
На Путник да не мислиш ти ? :)
Не знам ама маваше баш на биртија, е сега не знам дали певаљката е задолжителен инвентар, ама пивото големо Дабче беше 40 или 50 :D
Тој е Мелбурн така се викаше мислам не постои повеќе :icon_lol:.
Точно.Се помешав Мело/Мелбурн.Заебано место во секој случај :D
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Биртија е дупка, претежно два на два, се греат на ќумбе на дрва, претежна клиентела е на рамбовки, копачот им е потпрен пред врата, пие ракија и мези зелка или домашна туршија, негде од страна вреска певајка у најлоша верзија со најлош турбофолк на сите времиња, се е дим околу тебе таму е дозволено да се пуши. Претежно се наоѓаат во селски средини или негде спикани во град каде инспекција никогаш нема да ги најде.
И ти си била па знаеш како е?
Нема врска те лажеле таму нема вистина тука се фин народ оди таму и пијачките имаш од ракија до виски :icon_lol:.
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Темава не е за ноќен живот оти ноќен живот се подразбира од 12 некаде до 4, ова ти за во "Целодневен живот" Од 20ч до 7 сабајле :D


Кај ја отвори темата ми се оди сеа во вакво местенце, како би стегнал 10ка со кромид и шприцер ладен како погледот на газдарицата :D :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom