Почина Нил Армстронг

RIP
x-15-armstrong-305820.jpg
 
Нека почива во мир.
Јас мислев дека одамна е умрен, не сум заприметил, заинтересирал и слично претходно.
 
Он топик: Почивај во мир, првиот од 12те среќници кои чекореле на друго небесно тело, а не само Земјата.

Оф топик: Зар има уште таква проста маса и ден денес што вика ова било снимано во студија. Па видете во какво време живеете, пред неколку недели пратија ровер од 1 тон на марс или и тој гаран у сахара си снима бе што ви е на вас

Човече прв пут слушам за тебе :)
Имаш тема мистерии, оди таму...инаку јас посакав само да му се оствари сонот.
Сонот на него му се остварил од дамна и типот стана легенда и генерации ќе учат за него како прв човек на месечината. Прашањето е што правиме со таквите ко тебе што што крајот на светот им е од другата страна на брдото зад селото?
 
Многу ќе се запрашат дали е првиот кој стапнал.
Е тоа ојде со него.
 
Многу ќе се запрашат дали е првиот кој стапнал.
Е тоа ојде со него.
А што тоа " ојде со него". Има траги од самите возила и нема ветер да може да ги избрише, знамето, ровери и лендери се останати таму, потоа од предмети за секојдневна употреба до специјални огледала (со овие огледала и сега многу прецизно се мери оддалеченоста на Месечината од Земјата со ласери) , од оваа и од слетувањата што следеа, никој нормален не се прашува дали биле, со тоа се занимаваат малоумни. Ова е снимено 2012, значи матријални докази има како за ниедни други мисии, што правиме со другите мисии во орбитата за кои не постојат такви дикази, се случиле или не? Еве на пример спејс шатлот, дело на Холивуд е или не, не постојат докази како во случајот со Аполо.
flag_mini.jpg

http://www.petapixel.com/2012/07/30/new-lunar-photos-give-proof-that-americas-flags-are-still-there/
 
Секој со свое мислење.
Точно дека луѓето биле на Месечината.... итн итн.
Е сега дали е тој првиот :cautious: многу на Америте не верувам.
 
имало траги на месечината па од кога се трди дека тој прв стапнал тама па до сега има 1 милион мисии на месечината,така да од дека да знам дека овие стапки или трагови не се од некој друг шатл туку од него.Значи тоа е најлесно да се прелажи. А човекот е,и ќе си остане легенда стапнал не стапнал на месечината тоа само тој си го знае и оште 100 луѓе.
 
Мисиите на Спејс Шатлот се дело на Холивуд или не? А да, работава е верувале или не. Комуникацијата во тоа време помеѓу Месечината и Земјата е лесно било да се прати, тоа го правеле и Советите во тоа време, нешто не се побуниле.

Значи има докази, треба суд ли да ги испита дали се релевантни или не? Значи некоја следна мисија па да испитува, да бара отисоци од прсти, лој ги оставил предметите итн. Или некој друг нека снима кој се тие возила кои што ги оставиле трагите, секоја мисија било да е пилотна или беспилотна, се знае точно каде слетала, какви траги и какви предмети можат да се најдат таму.

Работава е што за други мисии такви докази нема, може ние и воопшто не сме имале досега мисии во вселената, тоа Американците и Русите не лажат, снимаат во филмски студија. А можеби и земјата е рамна и ја носат три кита.
 
А што тоа " ојде со него". Има траги од самите возила и нема ветер да може да ги избрише, знамето, ровери и лендери се останати таму, потоа од предмети за секојдневна употреба до специјални огледала (со овие огледала и сега многу прецизно се мери оддалеченоста на Месечината од Земјата со ласери) , од оваа и од слетувањата што следеа, никој нормален не се прашува дали биле, со тоа се занимаваат малоумни. Ова е снимено 2012, значи матријални докази има како за ниедни други мисии, што правиме со другите мисии во орбитата за кои не постојат такви дикази, се случиле или не? Еве на пример спејс шатлот, дело на Холивуд е или не, не постојат докази како во случајот со Аполо.
flag_mini.jpg

http://www.petapixel.com/2012/07/30/new-lunar-photos-give-proof-that-americas-flags-are-still-there/

Со огледалата се калибрираат и телескопи-не ги поставил некој вонземјанин туку ЧОВЕК.

По ѓаволите со конспираси теории станаа мода.

овде за месечината

Ќе објасниш нешто на такви??

Еве ја и наместената втора светска војна каде после нуклеарка Јапонмската империја капитулираше

instrument_of_surrender_01.jpg

instrument_of_surrender_02.jpg

Али и тоа е наместено, мада е потпишано на мисури.
--- надополнето: 27 август 2012 во 14:39 ---
Еве на пример спејс шатлот/

Доста практичен е спејс шатлот, но скапо е да се менуваат плочките со специјална силиконска пена обработена прилично едноставно, истата ја апсорбира топлината и го одржува структуралниот интегритет на леталото-но многу трошок е,а мали парчиња се-колку моторола модем малку подебели-е сега пред полетување спреми го и постави ги сите микрометарски точно оти некој степен плус и...добиваш Колумбија.

Во секој случај програмот беше активен и продолжија да летаат до ИСС заклучно со Х-28 мислам-главната причина се финансиите а не неефикасноста.
 
Не би објаснувал за други теории на заговор има на нет, но и со право се тврди дека објаснувањето е само губење време.

Конкретно за слетувањето на Месечината објаснето е во детали за сите ткн. "дилеми" кои што ги поставуваат заговорниците, од знамето, сенките, ѕвездите што ги нема итн. Кој го интересира може да побара.

За Шатлот, точно премногу скапи беа и плус две несреќи во кои загинаа 14 астронаути. Фрлени се пари како за ниедна друга програма. Кога се ќе се собере и одземе Спејс Шатлот е промашување, истите ресурси да ги насочеле во други програми, на пример да продолжеле со Аполо мисиите резултатот би бил сосема поинаков. Барем да продолжеле со мисии во орбитата со Аполо, ако Месечината им била премногу скапа.
Инаку најзаслужен за Слетувањето на Месечината е Вернер Фон Браун со неговата огромна ракета Сатурн 5, со носивост од 130 тони во орбитата до денес е ненадмината. Но ете тогаш Спејс Шатлот стапи на сцена, сите други летови со човечки екипаж биле суспендирани и сите карти ги фрлиле на Спејс Шатлот. Затоа имаат сега празен од исто како и пред полетувањето на првиот шатл, од заедничката мисија Сојуз - Аполо 1975 до 1981 не лансираат астронаути во вселената.
 
Инаку најзаслужен за Слетувањето на Месечината е Вернер Фон Браун со неговата огромна ракета Сатурн 5, со носивост од 130 тони во орбитата до денес е ненадмината. .

Мислам дека успех во некоја сфера е неправедно да се препише на една личност, колку само имал соработници фон Браун, настрана фактот што ја дизајнирал првата балистичка ракета,Сеедно но додека америте се замараа со браун во русија од Гулаг го ослободија Королов кој доведе во пракса брилијантна идеја, имено додека овие се мачеа со Фау Королов рече зошто да ги имитираме Германците кога можеме сами да направиме нешто подобро-и ја постигнаа целта,ракета со поголем домет но на степени така што после секоја сепарација ракетата губи тежина а доби8ва на домет, лично бил набљудуван од Тајната служба, ама таа негова идеја се разбира поддржана од соработниците сеуште се користи инаку роден е во Украина.
--- надополнето: 27 август 2012 во 15:42 ---

Ова летало е најверојатно со десигнација X??
 
Тоа е познатиот X15, постигнувале максимална брзина и до 5 - 6 маха, но се разбира X15 има ракетни мотори.

За Русите и тие користеле документација од германскиот фау 2, кога работеле на нивната ракета R7. Зошто некој би почнувал од нула кога документацијата од фау 2 им била достапна.
 
Да но концептот на сепарација бил сосема различен.

Х-1 ја проби звучната бариера,па имаше потоа несреќа во која животот го загуби пилотот Едвардс(затоа имаме Edwards Air base) лично Х-29

X-29_01.jpg

ми е интересен проект,а до 5 мах може и со скрамџет многу против бродси ракети го користат посебно брзите ама прашање е структуралниот интегритет т.е ни требаат поотпорни,поцврсти а воедно и полесни материјали.
 
Тоа со скремџет е далеку од реализација. Инаку X15 ги постигнувал тие брзини но на големи висини, тоа ми делува повеќе како ракета на која ставиле пилотска кабина,а и го лансираат од B52. Во секој случај тоа биле други времиња, тие пилоти на X15 прифаќале големи ризици кога летале со тоа чудо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom