Zebulon
Шабан страјкс агејн
- Член од
- 20 јули 2012
- Мислења
- 143
- Поени од реакции
- 156
- Возраст
- 125
Аха, значи ипак ќе има инфлација. Погоре викаше дека ќе депрецирал денарот без инфлација. Знае владата да го депрецира денарот и без твоја помош, и тоа многу поефективно.Со намалување на каматите ќе се намали и побарувачката за денари, односно ќе се намалат депозитите во денари што ќе значи и паѓање на вредноста на денарот во однос на еврото, капиталот ќе стане поевтин и ќе има одреден пораст на инфлација. Проблемот е што кај нас кредитната активност е толку мала што ниту може да се каже дека има сериозност од покачување на стапката на CPI, а сега е околу 2% на годишно ниво, до тоа ниво што имаме неликвидна економија, плќањата не се вршат во пари туку во стока, со компензација.
Нејсе, и тоа што го напиша не држи вода. Оптекот на денари ќе биде ист независно дали се пласирани како крадити во стопанството или се купени државни записи. Во првиот случај стопанствениците ќе ги пуштат во промет, во другиот административните лебари ќе ги потрошат.
Едно е наеднаш да го девалвираш преќутно за 25 % друго е тоа постепено да се направи, во изминативе години денарот реално депрецирал за 10 % . Како може оптекот да биде ист, записите се инструмент за да се намали оптекот во случај на инфлаторни текови или зголеми оптекот во случај на рецесија?
Што не се фаативте за Хидросистемот свети петка, за автопатот што ќе се прави со кредит од ЕИБ,или за пругата или за гасификацијата итн. Ама тоа е, важно по се да се плука ништо не чини овие години пред 8-10 години мед и млеко течеше, се градеа пруги автопати, згради , сали,стадиони, во технолошките индустриски зони фабрики се отвараа, рамни даноци се даваа, се даваа ефтини кредити за инвестиции за компании со 5,5% стапка, и се беше топ овие 6 години кажете експерти ништо не се изгради. Кажете што беше убаво порано цел буџет се трошеше а ни една улица не се правеше милина. кој циници ги има на форумот тоа е чудо
