- Член од
- 21 март 2012
- Мислења
- 3.277
- Поени од реакции
- 3.055
Добро,викаш да се приватизираат ЕЛЕМ и МЕПСО. а после кој ќе ги спречи нив заедно со ЕВН да ја покачуваат цената,пошто нели нема регулаторна..Кој може на приватник да му каже по која цена ќе го продава својот производ?
Би била иста ситуација како со телеком..се додека не се либерализираше пазарот и не влегоа други оператори,не дереа до максимум,плаќавме претплати во кои немаше ни минута разговор.. а струјата како ќе се либерализира?
Цитро ајде сега да ти објаснам.
Прво владата прави монопол на пазарот со тоа што лиценцира само одредени увезувачи на струја ( а и на гас Макпеттрол партали направи со таа политика дури сега ќе имаат конкурент конечно ) и така минатата година компаниите што увезуваат струја направија десетици милиони профит ( иако не произведуваат ништо само препродаваат али они имаат лиценца другите не.Можеш да замислиш колку пари се влеваат во нечии џепови.
Друга работа ние како домаќинства имаме малку поефтина струја од СЛОВЕНИЈА а сме 17% поефтини од Германија.Значи кај нас се исплати ептен да продаваш струја.Само за споредба во Бугарија има за повеќе од 20% поефтина струја.
Трета работа кај нас државата активно спречува инвестиции во енергетскиот сектор.На пример многу пати имам кажано за Чебрен и Галиште бараат повеќе од 40% од профитот годишен по изградба а инвеститорот му требаат 700 милиони да инвестира што е целосно нереално.
Кога ќе го нема мешањето на државата да каже кој смее да увезува,продава и произведува ќе дојдат и инвестициите.Тогаш ќе дојде и долго очекуваната гасификација зошто нема да ја има владата како бара рекет од потенцијалните инвеститори за да им даде лиценца.
Најважниот дел е што го спомна за телекомуникации.Се сеќаваш ли какви беа цените на интернет,мобилна телефонија и фиксна кога со сите 3 монопол имаше владата дали директно преку државни фирми или преку лиценци.
Денес имаш интернет,кабловска и фиксен телефон за 1000 денари.Се сеќавам кога при крајот на 90тите ќе му дојдеа од Германија роднини на еден другар и ќе ни кажуваа како за 50 марки имале интернет,кабловска и телефон а ние ќе му викавме не бе лажеш нема шанса само филмови ни правиш тука.
--- надополнето: 23 август 2012 во 01:30 ---
Тоа и јас го кажувам НЕ Е ПОТРЕБНА.Ти си млад, не можам толку брзо да те следам
Регулаторна не е потребна за парното.
Од една котларница можат да се затоплуваат згради одалечени едвај неколку километри. Јас пребарував по интернет, секаде има регулаторна но никаде не најдов регулаторна да одлучува за парното . Поа е општинско прашање. Каква врска има парното во Скопје, со животот на граѓаните во Битола, Гевгелија или некој друг град.
Тие кои парното го ставија под контрола на регулаторна, а не на општината како што беше пред 2006, го направија тоа за да Топлификација може да си ги покачува цените како сака. Порано имаше каква таква контрола од општината, сега нема ништо
Затоа ти велам не барај тука политика, нема политика има криминал
Државата е таа што го создаде монополот и го одржува.Нека го изгуби целото влијание државата во тоа како се греат граѓаните.Нека се продава топлинска енергија како што се продаваат смоки па да видиме какви цени ќе ни даде пазарот.