Битолчани протестираа рецитирајќи го Рацин
Битолчани простестираа против поскапувањето на струјата рецитирајќи ги Кочо Рацин, како и Блаже Конески. Со ова организаторите од граѓанската иницијатива АМАН изјавија дека сакаат да му оддадат почит на еден од најголемите македонски борци за социјална правда, Рацин за кој рекоа дека е подзаборавен. Протестантите рецитираа стихови од "Денови" и "До еден работникот", а носеа транспаренти со натписи "Силно светнал мрак", "Не пиеме нафта скапа е", "Лебот ни го зедовте"...
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=247A403D2EDC0E45834EF7243C68DC7E
Прилеп кажа АМАН!
Мило ми е за протестот на Битолчани и Прилепчани, треба како што напиша Ристо Поп Трајанов, да се освестуваат општините кои се надвор од Скопје и да дејствуваат против влијанието на централната власт. Да се надева некој дека во Скопје ќе се создаде критична маса за промена од сегашната политика е илузорно, тоа би значело скопјани да се борат против своите интереси, иако во случајов поскапувањата на струјата и нив им влијаат.
Мора другите општини да притискаат за поголема децентрализација, да бираат свои луѓе за градоначалници, по можност непартиски и да се изврши прелевање на ингеренциите од централната кон локалната власт и поголемо самостојно дејствување. Не може да се дозволи и понатаму цела држава да го храни непотизмот, непродуктивното трошење пари, непродуктивната администрација која е во најголем дел сконцентрирана во главниот град.
Побуна на Битола и Прилеп во чија близина се наоѓа РЕК Битола, самостојност на Струмица, Тетово, Кавадарци, Охрид па ќе видиме до каде ќе оди планот за сите пари за Скопје.