Внимание: Организации ограбуваат донирани средства!

MIR

Член од
25 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
17
Хуманитарната организација http://www.ihh.org.tr/ од Турција, светски познат помагач на муслимански прогонети или угнетени народи, има свои луѓе во многу области ширум светот.
Постојат неколку вакви организации, кои работат координирано и плански.
Нивните акции може да се погледнат на нивниот сајт. Последната нивна хуманитарна акција има за цел да ги помогне муслиманите од Рохинги народот, протеран од Мјанмар пред неколку месеци.

Како ќе ги помогне?
Огранокот на ИХХ во Република Македонија, лани организираше донации за Сомалија, каде наводно биле обезбедени околу 50.000 евра, само од земјава. Тие луѓе таму кои гладуваат и ќе гладуваат со години заради игнорирањето од Обединетите Нации и заради преголемиот број туѓи терористички ќелии како Хамас, Хезболах (Палестина) и Ал Каеда (Авганистан), беа подлажани со неколку камиони храна и облека, лекови и други потребни средства за НЕКОЛКУДНЕВЕН опстанок, додека пак, во меѓувреме, хуманите донатори беа подлажани со неколку фотографии од тамошната ситуација и текстови со емотивен карактер, за да се отфрли секаков сомнеж во крадење на дел на паричните средства наменети за помош на тие народи.

Обврска на секој муслиман е да помогне на немоќните, најчесто на светиот месец Рамазан
Муслиманите, како верници со мошне искрена верба во нивната света книга Куран, се луѓе кои ги следат зборовите во таа книга, составена од 114 поглавја и над 6660 стихови. Секој стих за нив е свет и веруваат во Божја награда на другиот свет со секое помагање на беспомошни лица. Некои стихови од нивната света книга Куран велат:
~Едни на други помагајте си во добродетелството
и во богобојазноста, а не соучествувајте во гревот
и непријателството; и плашете се од Аллах,
бидејќи Аллах страшно казнува!~
(Куран, 5:2)
Овие стихови се однесуваат на муслиманите, каде истите се повикуваат на меѓусебна помош, што е многу добра особина. Но што всушност, се случува денес?

Помош! Донирајте за Рохинги муслиманите!
Неодамна на интернет се појавија неколку фотографии со жиросметки на кои може да се донираат пари, наводно, наменети за протераните Рохинги муслимани, протерани од Мјанмарските власти во јуни оваа година. Можеби сте го сретнале оригиналот, но вистинскиот оригинал и намери изгледаат вака:

Овие организации работат координирано и прикриени, на најсофистицирани методи на ограбување по легален и незабележителен пати, на сметка на настрадани народи од една страна, и довербата на муслиманите и припадниците на други групи од друга страна. Очекувани се фотографии и неколку камиончиња со храна во бегалските кампови на Рохинги народот. Средствата земени од над 20 земји од светот, ги делат самите организатори на овие хуманитарни акции помеѓу себе, и не очекувајте дека ќе го признаат тоа. Мал дел од тие средства, иако собрани од различни земји, единствено само како турска донација ќе заврши кај тие Рохинги народи. Меѓу другото, со тие средства ќе се продолжат финансирањата за одржување на некои гласници на организаторите-апаши:
http://www.povikkonvistinata.org
http://islamski-centar.org
http://saff.ba
http://pozivuraj.com (корисни страници каде ја има и Македонија и повик за донации)
http://nur-islam.com
http://www.minber.ba
http://www.youtube.com/user/IslamBalkanTV
http://www.youtube.com/user/povikkonrajot

Овие и уште многу извори на убедувачки илузии за понизност и робување, чија крајна цел е искористување на поединците кои ќе поверуваат во нивните тврдења, служат единствено за крајната мисија, а тоа е пораспространето чувство за наводно помагање, донирање на парични средства кои би ја одржувале цела оваа модерна криминална мрежа, доволно цврста и моќна за да опстане се додека некој не се обиде да ги прошири нејзините намери со што на крајот би била срушена заради паричен недостаток собиран од измамени хумани донатори.

АПЕЛ ДО ЧИТАТЕЛИТЕ!
Бидете внимателни каде ги донирате вашите средства. Владите во светот и Обединетите Нации се повеќе од доволно моќни да го решат проблемот со овие бегалци, такашто фамозните организации се непотребни. Тие постојат за да ги соберат вашите пари, тивко и незабележително.
Сите ние како луѓе, имаме желба за пружање помош и желба за среќа и мир кај секој. Овие организации ги користат емотивните ситуации и нечие страдање за ваше внимание и собирање средства. НЕ ИМ ВЕРУВАЈТЕ!
Проширете го текстот и дополнете во коментар секоја информација поврзана за овие организации.
Благодарам.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Све супер со апелов, само не ми е јасно кој е тој што донира?

Ако е некој мрсен, тој не се замара кај завршиле парите... Кај нас се практикуваат локални донации за болни луѓе, деца, итн итн... најчесто преку мобилните мрежи...
А за овие во Сомалија... освен споменици - друго шо мојме ние да донираме?
 
MIR

Член од
25 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
17
Све супер со апелов, само не ми е јасно кој е тој што донира?
Оставив линк од лански наводни хуманитарни акции, донирања и ред други измами во статијата погоре. Истата ќе ја изменувам и дополнувам согласно добиение информации.
 
H

HITCH

Гостин
Ако посакаш да донираш за во друга држава, се` едно дали е помалку познат проблем или пак си добро информиран/а, прво убаво ќе провериш на интернет што се случува таму, весници, видеа, односно ќе ја провериш кратката историја на проблемот. Ќе видиш кој и како донира, па внатрешна политика, надворешна политика, политиката на другите држави... Откако убаво ќе се запознаеш со ситуацијата, тогаш одлучуваш каде, преку кого и колку ќе донираш.

Прво, во Македонија се собрани повеќе од 50. 000 евра за во Сомалија, ама не им се дадоа сиромашните, туку парите беа дадени на „браќата“ кои се борат против Западот. Истиов центар прати претставници и во појасот Газа, ама ги вратија назад. Ептен неславно завршија. :pos:
Второ, не можеш некому да му кажеш каде да донира, а бидејќи виде дека линкот води до македонскиот „Исламиски центар“, треба да ти биде јасно дека парите сигурно нема да завршат кај сиромашните. Преку истиот овој центар во Македонија се помагаат вахабиите и останатите радикални муслимански верници. „Повик кон вистината“ се уште бетер од „Исламскиот центар.“ Може да биде фиктивна, само празен сајт да има, со штури податоци. Овие организации служат како „перални“ за пари, најлесно се внесуваат и изнесуваат пари преку нив. Не мора да ги знаеш кои невладини организации се на црна листа, односно „перат пари“, само провери кои проекти ги реализирале: кратка евалуација, слики, видеа, а после јави се или на друг начин провери ги некои од местата каде донирале, односно каде го реализирале проектот. Верувај ми, ако го направиш ова, нема да донираш на погрешно место.

Најсериозно те прашувам, мислиш дека џамиите во Македонија, а и на Балканов, се градат со парите кои ги оставаат верниците кога одат на молитва? Мислиш дека со 10 до 100 денари дневно за 3 месеци може да се изградат толку многу и толку големи објекти??? Овие организации им плаќаат месечна сума за жените да шетаат со бурка, ако е вдовица црна или кафеава, за другите може сина или зелена. Во Македонија, обично, шетаат со црните бурки.

На темава не е место за подетално објаснување, ама државата, а и повеќето од граѓаните знаат како да препознаат за каква невладина организација се работи.
 
Член од
10 април 2012
Мислења
9
Поени од реакции
7
Ама сте забегале... Нели сите овие искази ви се врз база на претпоставка. Јас лично познавам еден од луѓето кои го одржуваат Исламски Центар на пример, и со сигурност знам дека дури хостингот кој го плаќаат бараат годишно да се најде некој кој ќе спонзорира 300 евра за хостинг... значи самиот хостинг едвај си го плаќаат, а камоли да "перат" (башка и перење пари не знаете што значи) пари на ваков начин.

Мислам дека може лесно да се проследат трансакциите и дали парите навистина ќе стигнат до таму кајшто треба да стигнат. На крајот на денот ако сакате да помогнете, можеби можете да донирате директно во турската организација или пак до некоја друга странска која се обидува да помогне, ако не им верувате на локалните.

Повторно, сакам да замолам да ми појасните од кај ви се овие искази... или се е базирано на претпоставка?

Овие информации кои ги посочив ги знам со 100% сигурност бидејќи имам видено докази со свои очи и затоа дури ми е смешен вашиов текст погоре. На крајот на денот, јас сум секогаш за вистината да биде обелоденета... и искрено се надевам дека не сте во право, а ако сметате дека сте, тогаш ве молам посочете доказ за да реално ви поверуваме, не туку само претпоставувате.
 
B

Black Guard

Гостин
Све супер со апелов, само не ми е јасно кој е тој што донира?

Ако е некој мрсен, тој не се замара кај завршиле парите... Кај нас се практикуваат локални донации за болни луѓе, деца, итн итн... најчесто преку мобилните мрежи...
А за овие во Сомалија... освен споменици - друго шо мојме ние да донираме?

Многу храна, памтиш нередите во албанија колку конвои брашно,зејтин и низа продукти пративме како помош,а Грците им пратиоја....ќебиња.
--- надополнето: 27 август 2012 во 12:42 ---
Најсериозно те прашувам, мислиш дека џамиите во Македонија, а и на Балканов, се градат со парите кои ги оставаат верниците кога одат на молитва? Мислиш дека со 10 до 100 денари дневно за 3 месеци може да се изградат толку многу и толку големи објекти??? Овие организации им плаќаат месечна сума за жените да шетаат со бурка, ако е вдовица црна или кафеава, за другите може сина или зелена. Во Македонија, обично, шетаат со црните бурки.

.
Кога сме кај балканот над 100 џамии во Косово-пари од фундаменталисти а тоа на сметка на ништење на преку 150 цркви некои стари колку лешочкиот-ништат се рисјанско.

Арно направија САД и англија-контрола на овие организации и тоа ДИРЕКТНА биди им на врат-па следи и средства и контакти-СЕ,тие кои нема да прифатат блокирај сметки и истрага-очигледно си бркаат мува од капа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MIR

MIR

Член од
25 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
17
Ама сте забегале... Нели сите овие искази ви се врз база на претпоставка. Јас лично познавам еден од луѓето кои го одржуваат Исламски Центар на пример, и со сигурност знам дека дури хостингот кој го плаќаат бараат годишно да се најде некој кој ќе спонзорира 300 евра за хостинг... значи самиот хостинг едвај си го плаќаат, а камоли да "перат" (башка и перење пари не знаете што значи) пари на ваков начин.

Мислам дека може лесно да се проследат трансакциите и дали парите навистина ќе стигнат до таму кајшто треба да стигнат. На крајот на денот ако сакате да помогнете, можеби можете да донирате директно во турската организација или пак до некоја друга странска која се обидува да помогне, ако не им верувате на локалните.

Повторно, сакам да замолам да ми појасните од кај ви се овие искази... или се е базирано на претпоставка?

Овие информации кои ги посочив ги знам со 100% сигурност бидејќи имам видено докази со свои очи и затоа дури ми е смешен вашиов текст погоре. На крајот на денот, јас сум секогаш за вистината да биде обелоденета... и искрено се надевам дека не сте во право, а ако сметате дека сте, тогаш ве молам посочете доказ за да реално ви поверуваме, не туку само претпоставувате.
1.Не сме забегале. Овие искази се врз база на докази. Веднаш би го притиснал црвеното копче, но не е се така едноставно, зошто да има силум кога може да има милум, тие се доволно разумни да закочат сами додека им е време. Тоа што познаваш некого од некој сајт, не е никакво убедување, бидејќи можно е ниту тој што го познаваш да не е свесен за што се работи всушност.

2. Трансакциите неможе да се проследат. Сите донации се собираат во ИХХ, се распределуваат каде има потреба, најчесто освен кај самите организатори, завршуваат и кај некои други организации кои јавно се далеку од хуманитарните (како геј организации, женски организации, и други невладини, како што е нашата „Разбуди се“) и сите тие предходно координирано се борат против напредокот на некои мошне млади земји во подем, како што е Македонија. Колку за информација, ова е „џамија“ секако, изградена во Сомалија со средства од многу земји, но под турско име. Знаеш, туѓа пара, своја песна:

...А ова е внатрешниот дел:

Ете сето тоа нека вреди 5.000 евра, вклучувајќи ја и храната и превозот на организаторите. Каде се уште одприлика, 35.000 евра, исцицани само од Македонија? Тврдеа дека вкупно обезбедиле над 1.5 милиони евра. Десет пати по толку да претпоставиме дека ќе донира турската влада. Со толку пари, секоја година, или на секои 3 години, Сомалија ќе беше како Дубаи, полна со фабрики и економија. Но на некој му одговара финансирање на „тројански организации“ во некои земји, за да го кочи нивниот развој. На таква мета за жал е и Република Македонија, до неодамна беше и Хрватска, но таму друга игра се води.
Светите храмови, цркви или џамии сеедно, на ваквото население ќе му послужат за извршување верски должности, но на публиката овој евтин потег ќе удри емотивно за следниот пат да има поголем одзив на донатори, поголем прилив на пари кај организациите.

3.Бидејќи никој нема пристап до ИХХ организацијата со седиште во Истанбул, освен нејзините управувачи, нема и нема ни да има докази за нивните приходи, трансакции, активности и планови, што во секој поглед со таа организација треба да се справи турската земја. Текстот погоре се однесува за нашите граѓани, да не потклекнат на секакви содржини и хуманитарни акции кои користат одредени емотивно-трагични моменти за собирање парични средства.

4. Докази? Тоа е еквивалент на доказите за нивната чесност и вистинитост во активностите. Покрај меѓународната помош, зошто мора да постојат и приватни невладини организации и да собираат пари?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.883
Поени од реакции
83.052
Оваа тема, според мене, требало да се отвори таму каде што има поголем број на Муслимани, кои ќе прочитаат.
Од нас останатите, и онака нема никој ненормален па да дава пари на организации кои под превезот хуманитарни, собираат средства за борба против Каурите.
После се што направија Муслиманите овие две години тука, мислам дека нема опасност некој не-муслиман да даде пари на организација која тврди дека помага на некои си угнетени Муслимани, пола свет подалеку.
Ние тука добро ја доживуваме, на своја кожа, приказната за угнетеноста на Муслиманите. Така да не верувам дека некој со грам мозок, после палењето цркви и тепањето и убивање деца за Велигден, ќе даде пари на ЕлХилал-лајк организации.

Да даам пари за Ирак, Пакистан, Сомалија...? Зашто?
За да им бидат по добро опремени камповите на Албанциве што одат таму со филмот дека ќе се обучат за света мисија како што е болдот?
 
B

Black Guard

Гостин
Ценам што ете муслиманите Македонци се хумани и донираат да помогнат но ваков тип на злоупотреба и пари кај вахабии само создава погрешна слика за исламот,еве во Битола се гради џамија-ќе го има името на загинатите бранители, али сепак таа и не требаше да биде уништена отти беше стара 5 века, ама и лешочки исто-7 века, мислам дека кај нас најдобро е овие религиски донации да се обединат,и Христијански и,еврејски и муслимански под едно тело со претставници кои ќе решаваат за распределбата,колку во Странство колку дома за болни, за спасување животи, Крводарителски кции-хуманоста се гледа пшо дела.
--- надополнето: 27 август 2012 во 13:19 ---
палењето цркви и тепањето и убивање деца за Велигден, ќе даде пари на ЕлХилал-лајк организации.
Не ги мешај, овие беа вахабисти-кој нормален ќе убива деца ако имале муда нека нападнат Касарна,полициска станица,нека киднапираат и бараат откуп-но очигледно имаа цел-ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА и делумно успејаа и докажаа дека ситуиацијата на безбедносно политички план е кревка-ама тие не се репрезент на сите муслимани-има разлика од Македонскитте муслимани до Арапите,Палестинцците и Турците па и иранците и пакистанците(Шиити-кои се мразат со сунитите-(чист пример се Сауди арабија и Иран-да можат очите ќе си ги ископаат-Иран повеќе ги мрази Сунитите и Сауди арабија отколку Израел.) 99%-па векови сме живееле заедно и тоа треба да продолжи, Глупи политичари утнаа јако.

Да даам пари за Ирак Зашто?
Бидејќи 9 години го газеше Иран-тоа е доволно,плус и не треба пари, имаат 12% стапка на расѕт а за 10 години пак ќе бидат регионална сила,само Иран да го средат.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.883
Поени од реакции
83.052
Не ги мешај, овие беа вахабисти-кој нормален ќе убива деца ако имале муда нека нападнат Касарна,полициска станица,нека киднапираат и бараат откуп-но очигледно имаа цел-ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА и делумно успејаа и докажаа дека ситуиацијата на безбедносно политички план е кревка-ама тие не се репрезент на сите муслимани-има разлика од Македонскитте муслимани до Арапите,Палестинцците и Турците па и иранците и пакистанците(Шиити-кои се мразат со сунитите-(чист пример се Сауди арабија и Иран-да можат очите ќе си ги ископаат-Иран повеќе ги мрази Сунитите и Сауди арабија отколку Израел.) 99%-па векови сме живееле заедно и тоа треба да продолжи, Глупи политичари утнаа јако..
Иди на темата за Смилковско езеро и најди ми колку Муслимани ги подржаа убијците на децата, одкоа ги фатија, а колку рекоа нека скапаат у затвор. После врати се овде со приказната, за тоа како не се сите исти.
 
Таа тема ја разгледав и уште вечерта кога се случи(или наредниот ден напишав)

Додека сите плукаа по државата и МВР мене веќе ми беше јаснои дека ќе ги фатат иако случајот беше специфичен-а како помогнаа младиве кои се судрија со полицијата и сакаа да се тепаат на бит пазар??

Не обвинувај заедница која тука живеела векови, обвини ги тоа тиквите наши лидерски зашто утнаа кај рамковниот т.е спроведувањето-не мораше двојни знамиња, противуставно е знаме на ДРУГА држава, ама тоа прават политички пазарења каде фотелјата и власта и парите се поважни од државата и народот-типичен пример ти е амнестијата, Рамковниот не бараше веќе постоење национални партии и истите мора да се укинат ние 20 години имаме нефункционален политички систем, генератор на политичка и безбедосна нестабилност а со тоа и економска па нормално е наместо интеграција да има дезинтеграција,мора нешто да се промени ако не двопартиски систем барем партии по идеолошка основа НЕ НАЦИОНАЛНА оти тие секогаш играа, играат и ЌЕ ИГРААТ на картата за права,угнетување а додека веќе 3 години 5-6000 албанци примаат 300 евра плата како администрација БЕЗ да стапнат на работно место-и ова е пазарење а не според рамковниот, рамковниот бараше економски оправдано да иде правичната застапеност значи Македонец,Србин Влав оди во пензија и иде албанец а сега???
 
Член од
10 април 2012
Мислења
9
Поени од реакции
7
1.Не сме забегале. Овие искази се врз база на докази. Веднаш би го притиснал црвеното копче, но не е се така едноставно, зошто да има силум кога може да има милум, тие се доволно разумни да закочат сами додека им е време. Тоа што познаваш некого од некој сајт, не е никакво убедување, бидејќи можно е ниту тој што го познаваш да не е свесен за што се работи всушност.

2. Трансакциите неможе да се проследат. Сите донации се собираат во ИХХ, се распределуваат каде има потреба, најчесто освен кај самите организатори, завршуваат и кај некои други организации кои јавно се далеку од хуманитарните (како геј организации, женски организации, и други невладини, како што е нашата „Разбуди се“) и сите тие предходно координирано се борат против напредокот на некои мошне млади земји во подем, како што е Македонија. Колку за информација, ова е „џамија“ секако, изградена во Сомалија со средства од многу земји, но под турско име. Знаеш, туѓа пара, своја песна:

...А ова е внатрешниот дел:

Ете сето тоа нека вреди 5.000 евра, вклучувајќи ја и храната и превозот на организаторите. Каде се уште одприлика, 35.000 евра, исцицани само од Македонија? Тврдеа дека вкупно обезбедиле над 1.5 милиони евра. Десет пати по толку да претпоставиме дека ќе донира турската влада. Со толку пари, секоја година, или на секои 3 години, Сомалија ќе беше како Дубаи, полна со фабрики и економија. Но на некој му одговара финансирање на „тројански организации“ во некои земји, за да го кочи нивниот развој. На таква мета за жал е и Република Македонија, до неодамна беше и Хрватска, но таму друга игра се води.
Светите храмови, цркви или џамии сеедно, на ваквото население ќе му послужат за извршување верски должности, но на публиката овој евтин потег ќе удри емотивно за следниот пат да има поголем одзив на донатори, поголем прилив на пари кај организациите.

3.Бидејќи никој нема пристап до ИХХ организацијата со седиште во Истанбул, освен нејзините управувачи, нема и нема ни да има докази за нивните приходи, трансакции, активности и планови, што во секој поглед со таа организација треба да се справи турската земја. Текстот погоре се однесува за нашите граѓани, да не потклекнат на секакви содржини и хуманитарни акции кои користат одредени емотивно-трагични моменти за собирање парични средства.

4. Докази? Тоа е еквивалент на доказите за нивната чесност и вистинитост во активностите. Покрај меѓународната помош, зошто мора да постојат и приватни невладини организации и да собираат пари?
Искрено, стварно не планирам да дискутирам на тема која сепак е многу голем знак прашалник. Тој што го познавам лично е страшно интелегентен за да може да разбере од најситна работа што се се случува... Но ете да претпоставиме дека вие сте во право, повторно... дајте некој конкретен доказ за да веруваме. Ако нема конкретен доказ, џабе е... јас се што прочитав е само претпоставка и твоја лична аналогија, ништо повеќе... дури и самата анлогија е доста пристрасна.
--- надополнето: 27 август 2012 во 17:01 ---
Ценам што ете муслиманите Македонци се хумани и донираат да помогнат но ваков тип на злоупотреба и пари кај вахабии само создава погрешна слика за исламот,еве во Битола се гради џамија-ќе го има името на загинатите бранители, али сепак таа и не требаше да биде уништена отти беше стара 5 века, ама и лешочки исто-7 века, мислам дека кај нас најдобро е овие религиски донации да се обединат,и Христијански и,еврејски и муслимански под едно тело со претставници кои ќе решаваат за распределбата,колку во Странство колку дома за болни, за спасување животи, Крводарителски кции-хуманоста се гледа пшо дела.
--- надополнето: 27 август 2012 во 13:19 ---

Не ги мешај, овие беа вахабисти-кој нормален ќе убива деца ако имале муда нека нападнат Касарна,полициска станица,нека киднапираат и бараат откуп-но очигледно имаа цел-ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА и делумно успејаа и докажаа дека ситуиацијата на безбедносно политички план е кревка-ама тие не се репрезент на сите муслимани-има разлика од Македонскитте муслимани до Арапите,Палестинцците и Турците па и иранците и пакистанците(Шиити-кои се мразат со сунитите-(чист пример се Сауди арабија и Иран-да можат очите ќе си ги ископаат-Иран повеќе ги мрази Сунитите и Сауди арабија отколку Израел.) 99%-па векови сме живееле заедно и тоа треба да продолжи, Глупи политичари утнаа јако.

Бидејќи 9 години го газеше Иран-тоа е доволно,плус и не треба пари, имаат 12% стапка на расѕт а за 10 години пак ќе бидат регионална сила,само Иран да го средат.
Некои работи џабе им ги кажуваш. Многумина имаат створено некакво си мислење за истокот коешто се базира на само лично гледање на работите, без реална перцепција. Дури се зачудив дека сеуште има луѓе кои реално знаат што преставуваше Ирак на блискиот исток и колку погреши САД што го лиши Садам Хусеин... Ама пошо кај нас луѓево за се гледаат низ една иста призма, нема да разберат...

А за тоа на Смилковско езеро, повторно нешто коешто секој еден муслиман пред било кој друг, прв го осудува! Кај муслиманите убиство на еден невин човек е исто како да си го убил целиот свет... и нема дискусија! Кој и да го направил тоа, се знае што му следува...
 
MIR

Член од
25 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
17
Искрено, стварно не планирам да дискутирам на тема која сепак е многу голем знак прашалник. Тој што го познавам лично е страшно интелегентен за да може да разбере од најситна работа што се се случува...
Да, интелигентни се тие, ќе се сетат да запрат со грабежот сами ;)
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Демант
Одговорно тврдам дека немаме никаква допирна точка со ИХХ, ниту познаваме луѓе од таа организација, ниту сме дел од некаква си организација. Ние како Повик на вистината укажуваме дека немаме никаква врска со доленаведените сајтови и линкови ниту имаме заеднички некакви си сметки, ниту имаме било какви сметки. Преставуваме дел од Исламската верска заедница и ја спроведуваме политиката согласно со институциите на ИВЗ. Секако дека како секој хуманист подржуваме секоја хуманитарна акција која е спроведена од страна на било која хуманитарна организација и која им користи на луѓето кои од било која причина страдаат. Не подржуваме проневера и затајување на пари ниту необјективност од чива било страна. Ниту сме оние кои ќе ја оценат работата на било која организација ниту сме тие кои што би се нафатиле да имаме одговорност да спроведеме било каква хуманиктарна акција вон институционално и вонзаконски. Би сакале да укажеме дека гореименуваниот МИР никогаш не контактирал со нас, никогаш не разговарал со некој од ПОВИК кон ВИстината за горенаведените обвинувања и дека истиот шири блатантни и срамни лаги на сметка на сајтот. Заради ова сериозно ќе испитаме која е горенаведената особа и ќе гледаме да постапиме согласно интернет комуникацијата и легислативите за интернет комуникација .. Иако добивме позитивен сигнал дека истиот ќе не избрише од својот список на трачарии и клевети, гореименуваниот сеуште продолжува да не вознемирува. Се надевам дека ова нема да се повтори во иднина и ако не е способен теолошки да ги порази неговите соговорници нетреба да прибегнува кон вакви луцидни лаги и измислици во иднина. Ова се однесува и на сите оние на кои не им одговара теолошката и академската предожба на нашиот сајт. Секако дека за сите обвинувања и за сите нејаснотии сме отворени да ви одговориме во оние рамки во кои времетони дозволува на следниот емаилpovikkonvistinata@gmail.com
 
MIR

Член од
25 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
17
Демант
Одговорно тврдам дека немаме никаква допирна точка со ИХХ, ниту познаваме луѓе од таа организација, ниту сме дел од некаква си организација.
Сигурно не познавате луѓе и не сте поврзани со организацијата ИХХ?
--- надополнето: 29 август 2012 во 14:17 ---
Секако дека како секој хуманист подржуваме секоја хуманитарна акција која е спроведена од страна на било која хуманитарна организација и која им користи на луѓето кои од било која причина страдаат.
Сите го правиме тоа, но некои го прават заработувајќи врз тажна судбина кај некој народ, грабејќи голем дел од донираните средства.
--- надополнето: 29 август 2012 во 14:20 ---
Не подржуваме проневера и затајување на пари ниту необјективност од чива било страна. Ниту сме оние кои ќе ја оценат работата на било која организација ниту сме тие кои што би се нафатиле да имаме одговорност да спроведеме било каква хуманиктарна акција вон институционално и вонзаконски. Би сакале да укажеме дека гореименуваниот МИР никогаш не контактирал со нас, никогаш не разговарал со некој од ПОВИК кон ВИстината за горенаведените обвинувања и дека истиот шири блатантни и срамни лаги на сметка на сајтот. Заради ова сериозно ќе испитаме која е горенаведената особа и ќе гледаме да постапиме согласно интернет комуникацијата и легислативите за интернет комуникација.
Никој не очекува дека некој ќе ја признае вистинската вистина, господа Повик кон Вистината.
Тоа кој стои зад МИР, ќе се знае откако се дознае кој стои зад Бисери на мудроста-Повик кон Вистината.
Во средина и систем каде СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА КРИТИКУВА за сомнителни или нејасни работи, нема место за испитувања или постапки. Вие скриени - ние скриени.
--- надополнето: 29 август 2012 во 14:23 ---
Иако добивме позитивен сигнал дека истиот ќе не избрише од својот список на трачарии и клевети, гореименуваниот сеуште продолжува да не вознемирува. Се надевам дека ова нема да се повтори во иднина и ако не е способен теолошки да ги порази неговите соговорници нетреба да прибегнува кон вакви луцидни лаги и измислици во иднина. Ова се однесува и на сите оние на кои не им одговара теолошката и академската предожба на нашиот сајт. Секако дека за сите обвинувања и за сите нејаснотии сме отворени да ви одговориме во оние рамки во кои времетони дозволува на следниот емаилpovikkonvistinata@gmail.com
Каде е позитивниот сигнал дека ќе ве избришам :D и да сакам неможам, да можам несакам.
Не сум теолошки истражувач за да дебатирам со вас, но, ќе направам исклучок. Оставете ми линк од вашиот сајт, сеедно која содржина, ќе ја испитам и ќе докажам дека е манипулативна содржина. Доколку сакате, господо Бисери на мудроста, ќе отвориме нова тема во делот за религии, но може и тука, сеедно.
--- надополнето: 29 август 2012 во 14:53 ---
Лево од овој линк се земјите каде ИХХ има соработка и свои представници. ВО ЛИСТАТА НИКАДЕ НЕ Е СПОМНАТА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ИАКО КВАЗИ-ХУМАНИТАРЦИТЕ СОБИРААТ ПАРИ И ОД НАШИТЕ ГРАЃАНИ!
Кога македонски претставници на овие ~хуманитарци~ отишле во Палестина или Сомалија, таму не се променило апсолутно ништо. Сите ја знаеме мрачната судбина на палестинците, или долготрајната суша кај сомалијците, но тоа го кројат светските политичари и угнетувачи. Овие организации, освен неколку фотографии од изградени молитвени храмови од евтин плек и материјал, неколку пакетчиња еднодневен оброк и облека, не им понудиле ништо посебно на жителите на ваквите сиромашни области. Јасна е желбата за пружање помош, за одстранување на солзите во замена за насмевка кај детските лица. Но во такви моменти манипулацијата се одвива најлесно и безпрекорно.
Јас не ги обвинувам директно ~хуманитарците~ од земјава, постои можност и тие да се излажани од некој над нив. Бидејќи никој нема пристап до нивните трансакциски сметки, никој истотака неможе да докаже каде ќе завршат овие средства. Да се напомене дека земјите во развој одсекогаш ги помагале настраданите народи или најсиромашните земји, што значи дека организациите како ИХХ имаат друга скриена сомнителна цел.
Што и да се случува зад завесите, овие народи ќе бидат легитимно помогнати, а ваше е дали ќе учествувате во сомнителни донации, чиј средства не се знае дали ќе завршат за добри, или за лоши цели.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom