Фан клуб:Вардар!

Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Абе нека си седи Радуле во Вардар,шо кур ќе бара кај нас? На негова позиција ги имаме Лилов,Симоновски,Фра,Соколов....4 играчи шо реално се КЛАСА над него :)
Го земаа колку да не го соберат Торус или Лирија.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Штерјов на 4 месечна позајмица во МЗТ!
Се очекува и Георгиевски сда биде пратен во Куманово. Е сега незнам дали Радуле целосно е откупен од Фени или и тој ќе се врати на крајот на сезоната.
Правилен потег на раководството на Вардар. За нас до крај има само уште 4 утакмици (мислам дека само по два пати се игра мешусебе), и глупо е играчи од тип на Радуле и Штерјов да дремат како мисири толку месеци....
Многу глупо што ја направија ваква лигава, пошто оние кои идат во плеј-аут имаат само 4 мечеви од фебруари до октомври. Каде е логиката :tapp:
Сега поголема шанса за игра ќе дсобијат Стефановски, Лефковски, Костески, Пајиќ и др.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Младинците на вардар го освоија купот.

Вардар-Фени 74-60 (y)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=6789

Младите кошаркари на Вардар продолжуваат со серијата одлични игри и резултати, па така трета година по ред овој тим се закити со титулата во младинскиот Куп на Македонија. Во денешното финале што се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ екипата на Вардар славеше над составот на Фени индустри со 74-60, уште еднаш потврдувајќи ја својата доминација во ова натпреварување.

Избраниците на тренерот Андриевски уште од самиот почеток покажаа дека се поквалитетен ривал, ја завршија првата четвртина со предност од 18-10, па потоа до крајот на средбата уште повеќе ја зголемуваа таа позитива. Игор Ивановиќ со 19 поени беше најпрецизен во таборот на Вардар, каде што Бојан Крстевски забележа 12 поени и 5 асистенции. На спротивната страна, на Фени индустри не му помогна ниту доброто издание на Делипетров, кој стигна до дабл-дабл од 19 поени, 13 скокови, но имаше и дури седум загубени топки.
--- надополнето: 26 март 2012 во 01:04 ---
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
http://sportcorner.com.mk/кошарка/младинската-екипа-на-вардар-со-сребро

Младинската екипа на Вардар со сребро на турнирот „Виена 2012“

Одличен успех на младинците на кошаркарскиот клуб Вардар на меѓународниот турнир за млади кошаркари Виена 2012.

Тимот на Вардар и покрај тоа што ова беше прво нивно учество на овој турнир, кој котира највисоко според ФИБА оценките, успеа да стигне до финалето, притоа победувајќи ги едни од најдобрите младински екипи во Европа.
„На овој турнир бевме поканети да се натпреваруваме со две генерации 1994/95. Кошаркарскиот клуб Вардар се натпреваруваше во групите „U18 Low“ и „U18 High“. Покрај нас учество земаа и екипи од Германија, Австрија, Белгија, Франција, Италија итн.
Кошаркарскиот клуб Вардар постигна одлични резултати и дојде до финалето на турнирот со победата на домаќинот UWW во полуфиналниот натпревар со 60:63.
Во финалето, младинците на Вардар се соочија со германскиот тим Лудвисбург, кој се покажа како многу квалитетен противник.
За почит е секако и податокот кој кажува дека К.К. Вардар од Македонија ја имаше најдобрата одбрана на турнирот со најмалку примени кошеви.
Играчите со големо срце и желба на терен одиграа 8 натпревари за 5 дена што е доста напорно и јас како тренер сум многу задоволен од прикажаната тимска игра и им посакувам уште многу вакви заеднички успеси.“ – изјави тренерот на младинските екипи на К.К. Вардар,
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Шампионе, шампионе...

Одново двојна круна во младинска категорија.

Без поголеми напори шампиони и во првенството.

Вардарци ја потврдија доминацијата во највозрасната младинска категорија
Интересно финале се играше во Кавадарци каде Вардар на крајот сепак славеше против домаќинот Фени Индустри, додавајќи ја титулата од М-20 лигата на порано освоениот Куп на Македонија во таа младинска категорија. Предраг Пајиќ избран за МВП на турнирот.

Екипата на Бранко Андриевски го контролраше резултатот во поголемиот дел од натпреварот кој се играше во „Јасмин“ во Кавадарци и на крајот заслужено славеше со 85-73 над Фени Индустри. Кавадарчани подобро го почнаа мечот и предводени од Николов и Делипетров, поведоа со 7-0. Вардар бргу ја консолидираше играта и поголемиот број офанзивни скокови, но и добриот шут од далечина, до полувремето стигна до висока предност од 12 поени (47-35).

Имаше обиди Фени Индустри резултатски да се врати во натпреварот во второто полувреме, сепак, трите тројки по ред (две на Ивановиќ и една на Крстевски), донесоа и најубедливи 17 поени разлика за Вардар, по што почнуваше да станува јасно дека скопјани ќе ја одбранат титулата од лани. Пресингот во последната четвртина на кавадарчани почна да дава резултати, а со тројката на Павле Николов успеаја да се доближат и на седум поени негатива (67-60), но следуваа неколку напади без реализација, кои Вардар знаеше да ги казни за конечна победа од 85-73.

Предраг Пајиќ со 18 поени, 12 скокови, 2 асистенции и 2 украдени топки беше најдобар играч во победничката екипа, а по натпреварот ја доби и наградата за МВП на Фајнл Фор турнирот. Добар меч одиграа и Бојан Крстевски, Игор Ивановиќ, Дејан Лазаревски и Владимир Готиќ, кои беа носители на победата за титулата. Кај Фени, Павле Николов импресионираше уште еднаш завршувајќи го мечот со 15 поени и 9 асистенции, а најефикасен кај кавадарчани беше Димитар Делипетров со 23 постигнати поени. Статистика - тука.



Тројца од овие веќе искусија како е да се игра во сениорска категорија. Пајиќ, Готиќ и Лазаревски.
Има иднина во момциве :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
КК Вардар - Скопје
Моментален состав: Андреј Билјановски, Војче Лефкоски, Владимир Готиќ, Владимир Петровски, Мартин Давитков, Дејан Лазаревски, Предраг Пајиќ, Игор Ивановиќ, Филип Диневски, Александар Костадинов, Бојан Крстевски, Марко Сотиров, Давид Манасиевски, Денис Ампов, Марко Огњановски, Даниел Нацевски, Илија Ристовски, Мартин Грозданов, Филип Ѓорѓиевски
Тренер: Бранко Андриевски
Дојдоа: Марко Сотиров, Мартин Грозданов, Давид Манасиевски
Заминаа: Дарко Радуловиќ, Ангел Тасевски, Александар Штерјов, Владимир Ѓеоргиевски, Филип Кралевски, Стефановски, Ѓорѓиоски


Сите искусни ни отидоа...
Ќе играме со младинскиот состав годинава, ако воопшто дозволат да се игра во лигата ако не преминеме во АД (јасно е потенцирано дека нема намера да се премине во АД, ако дозволат од МКФ океј, ако не втора лига :)).
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
122
Поени од реакции
101
Богами овде нема некој 19+... јас мислам дека сепак ќе останеме во 1лига а ако се оди на тоа да мораат да се сите АД а ние одбиеме слушнав дека не ќе сме можеле ни во 2лига... па зар има и 3та???
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Богами овде нема некој 19+... јас мислам дека сепак ќе останеме во 1лига а ако се оди на тоа да мораат да се сите АД а ние одбиеме слушнав дека не ќе сме можеле ни во 2лига... па зар има и 3та???
Има... :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=11239
Кошаркарскиот клуб Вардар веќе извесно време се подготвува за стартот на новата натпреварувачка сезона, во која што „црвено-црните“ ќе влезат со осетно подмладен состав. Вардар е клубот што неколку години наназад доминира во младинскиот шампионат на Македонија, па тоа беше една од главните причини што раководството на клубот се реши да им даде шанса на играчите што освоија многу трофеи во младинските категории. За нов тренер именуван е Бране Андриевски, стручњакот што ја доби наградата за најдобар тренер на млади категории во изборот на МКФ и кој што лани стигна до двојната круна со „вардарци“ во младинскиот шампионат и младинскиот Куп на Македонија.

Сметаме дека младите кошаркари кои што доминираа во дуелите со ривалите на своја возраст треба да добијат шанса и на сениорско ниво. Затоа и се решивме за помладување на составот, па во новата сезона ќе настапиме со видно изменет состав. Наша цел ќе биде играчите да го добијат неопходното искуство, се надевам дека со играчкиот кадар што го поседуваме ќе успееме да го осигураме опстанокот“ - изјави Андриевски.

Во однос на минатата сезона, „црвено-црните“ го напуштија водечките играчи, а на нивно место беа ангажирани неколку млади кошаркари. Досега договори со Вардар потпишаа Марко Сотиров, Мартин Грозданов и Давид Манасиевски. Исто така, на проба е пристигнат и 212 сантиметри високиот центар од Србија, Стефан Луковиќ, за кого што наскоро ќе биде донесена одлука дали ќе остане во редовите на Вардар.

Луковиќ ќе ги одигра следните контролни натпревари за нас, по што ќе решиме дали ќе потпишеме договор со него. Станува збор за 21 годишен кошаркар, „дете“ на Хемофарм, кој што не ја нарушува нашата филозофија тимот да биде граден на млади сили“ - вели стратегот Андриевски.

По неколкуте контролни средби во Македонија, составот на Вардар утре патува за Србија, каде што во следните три дена ќе ги одмери силите со екипите на Пирот, Димитровград и Ниш.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Кошаркарите на Вардар генерално успешно ја завршија својата турнеа во Пирот, Србија, во рамките на подготовките за стартот на новата прволигашка сезона.

„Црвено-црните“ одиграа два натпревари забележувајќи еден пораз од домаќинот КК Пирот (63-89) и триумф над КК Димитровград (73-61).

„Задоволен сум од прикажаната игра единствено на натпреварот со Димитровград. Одигравме квалитетно, посебно во делот на одбраната, додека средбата со домаќинот ја одигравме во грч за што влијание имаше и долгиот пат. Сепак не може да бидам задоволен од играта во одбраната на тој дуел“ – ни изјави тренерот на Вардар, Бранко Андриевски по враќањето од Србија.

„За нашите млади играчи овие две меѓународни средби се огромно позитивно искуство. Во секој случај уште многу технички корекции на играта ни следат наредниот период до стартот на сезоната“ – дополнува Андриевски.

„Вардарци“ веќе утре продолжуваат со контролните натпревари против екипата на Водно Санс, додека во петок ќе се сретнат и со Водњански Лисици.


Нема ангажман на Србинот Ликовиќ
Од таборот на КК Вардар следи и информацијата дека нема да има ангажман на српскиот центар висок 212 сантиметри, Стефан Ликовиќ кој изминативе денови беше на проба во македонскиот клуб.

„Ликовиќ не ги задоволи во целост нашите очекувања па нема да биде ангажиран. Престојните неколку дена ќе бидат тестирани уште неколку имиња на центарската позиција по што ќе биде затворен ростерот за следната сезона“ – не информираше Андриевски.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Браво за денешниот меч :cuc:
Одлични 35 минути, водство во поголемиот дел одмечот, на моменти и +10, но на крај како и лани сами се победуваме со неискуството :unsure: На крај дури и убедливо, некој да не го гледал мечот ќе си рече не растртеле...
Петревски изигра одличен меч, и Ивановиќ беше одличен. Сите изиграа на највисоко ниво, многу борбено, многу пожртвувано, но без искуство тешји дека ќе победиме некого :( Керкез и Костевски рано добија 4 лични, по што немавме веќе што да бараме. На неискуство се изгубија неколку топки, Куманово одлично искористи а клучен момент беше техничката на Готиќ во ситуција кога Димчевски одеше сам кон кошот. Контакт немаше, но судијата додели техничка, кош и слободно...
За година-две може да биде нешто од овој состав.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
122
Поени од реакции
101
Пак како лани сила за едно полувреме имаме до 3/4. Неискуство, судии и немање на доволен број квалитетни замени си го прави своето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom