После ова јас немам никаква потреба за да ти приложам какви било контра аргументи, тукушто си се демантира сам!
Ова е датирано во 3. век пред наша ера: Σιμία Λυκίσκου χαῖρε (Имам корекција за χαῖρε - поздрав, сликата претходна ми беше мала, не можев да видам убаво.)
Илирија нема никаква врска со северна Грција. Почетокот на 3. век пред наша ера е времето на Филип III, татко му на Александар, и походите на Александар Македонски кон Исток, оти на Запад немало ништо интересно. Месопотамија, Персија, Египет, Индија... тоа бил развиениот свет во тоа време и свет кој требало да се освои и завладее. На Запад, денешна Албанија, имало само напуштени тврдини, тапа било таму.
Ова е чист доказ за она што ви го кажував за Филип III. Штом дошол на власт меѓу првите битки му било со пиратите, кои дошле од север преку Јадранското море, значи пиратите напаѓале од Запад. Позната е тактиката да ги нападне со крилата, додека тој со мала група чека напред. Кога ги нападнале странично, бидејќи не го познавале доволно теренот, ем десеткувани, тие се вратиле на бродовите и побегнале. Во првата битка убиени се над 4000 пирати - Илири, а во втората битка која ја воделе против Филип V убиени се над 10. 000 Илири, а повредени се околу 5 - 6 илјади. Филип V ја употребил истата тактика за страничен напад.
За какви Илири станува збор во северозападна Грција, кога таму се Епир и Македонија? Ај, објасни како се нашле таму! Илирија е горе, односно во Далмација, Хрватска.