Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Уште само Рамирез да не беше толку себичен на почетокот, акцијата сигурно дека ќе беше меѓу најдобрите за 2-ро коло, ако не и за понатака. Како и да е, честито кам-бек, брат ми уште неможе да заспие :)
Акцијата како акција не беше нешто WOW ама да подадеше Рамирес сигурно немаше да се мачиме :) Поздрав до брат ти и претпоставувам уопште не спиел за финалето :D
 
Акцијата како акција не беше нешто WOW ама да подадеше Рамирес сигурно немаше да се мачиме :) Поздрав до брат ти и претпоставувам уопште не спиел за финалето :D

Си ги чекам и ја тие денови. :ROFLMAO:
 
Добар дел од нтпреварот делуваа како изгубени во времето и просторот.
Да не го плеснеше Кејхил, ништо чудно и да го изедевме немиен :D
Хазард - мераци да го гледа човек :love:
Среќа што беа Ридинг и што не се физички спремни како појакиве екипи. До 20-тина минути пред крај ни играа јак пресинг и бевме ко изгубени, кога престанаа да трчаат тогаш се извадивме. Може и мора уште понесебично да се игра, во одбрана бевме многу спори, се на се, не сум задоволен од играта до сега во првенствово, за посилните екипи треба многу подобро, многу осцилации има во играта, треба да се игра 90 минути и потрпеливо кога имаме посед.
Добрата вест е што имаме 2 од 2, и што имаме голем потенцијал со Хазард и Оскар.
 
За играта неможам да коментирам ама битно тепавме.
Хазард :cuc:
 
Мечов беше епик, немам коментар. Хазард е играчиште, ако продолжи вака, не само што ќе го оправда секое евро дадено за него, туку што вика Роби ќе биде уметник со топка како Ѕола што беше, секоја чест.:cuc:
Играта беше лоша, сеуште сме многу лоши во одбрана, при прекини, значи треба многу да се менува, али има време, сега засега дур се воигруваме битно е да вадиме резултати, што повеќе поени.
 
"Lampard is 16 goals away becoming Chelseas best GOALSCORER EVER. It would be amazing if he could break that record, im counting."

И ФАКТОВ :ROFLMAO::ROFLMAO: :

"BREAKING: Torres has scored more PL goals this season than Rooney, Van Persie, Suarez, Aguero, Balotelli, Adebayor, Podolski, Cisse, Bent, Liverpool, Manchester United, Arsenal and Tottenham."

хах Ова е јако:pos:
 
Искрено Бане и Мата не се на ниво на кое што треба да бидат, многу ми се некако деконцентрирани, Оскар слабо многу слабо, али затоа Торес и Хазард позитивно изненадуваат, посебно вториот каде бесе играч на натпреварот според мене, исто така да не го заборавам и Микел дечкото е прва лига овие две утакмици
 
Искрено Бане и Мата не се на ниво на кое што треба да бидат, многу ми се некако деконцентрирани, Оскар слабо многу слабо, али затоа Торес и Хазард позитивно изненадуваат, посебно вториот каде бесе играч на натпреварот според мене, исто така да не го заборавам и Микел дечкото е прва лига овие две утакмици

Па Мата минатата сецона цело време играше, летово воопшто немаше одмор. Нормално е, рече Ди Матео дека ќе го остави да одмори само треба добро да се испланира тоа.
 
Јас сум задоволен од играта, со оглед на тоа дека е второ коло, и дека треба уште многу за да се наместат коцките, можеби и цела сезона. Единствен проблем ќе ни биде одбраната сезонава, повторно. Која мора да се стегне. Два гола од Рединг на домашен терен, не се заебанција. Ма да еден рака на срце, беше на душа од Чех. Али опростено му е, човекот на некој начин ни го донесе ''ушлото'' :)
Хазард си ора по лева страна, тука сме обезбедени. Уствари тој влегува и во средина, трча и по десна страна, засилување на место. Мата од средина ја поврзува целата игра, е сеа ни фали уште едно десно крило, квалитетно, и сме комплетирани што се однесува на офанзивната линија.
Рамирес не е типичен таков играч, да си знаеме. Има уште многу за работа, али мило ми е што покажуваме јајца, па макар било и со екипа како Рединг. Зошто кога беше Боас, а и уште некои други тренери претходно, Челзи да губеше со еден или повеќе голови разлика на почеток, натпреварот од старт го рачунав за изгубен. Сега не беше така, и мило ми е.

Хазард 5 асистенции, некогаш статистиката и лаже, затоа што некој игра стварно одлично, но статистички нема асистенции, а учествува во сите акции. На момаков му се погоди и тоа, па очекувам уште подобри партии во иднина од него. И не ме интересира против кого ги впишал тие добри игри, зошто ми е сеедно. Нека игра вака на 32-3 натпревари сезонава, на тие поголемите утакмици и да биде дрво, ќе игра некој друг.
Јеби га, Роналдо не е некој играч баш-баш за големи текми, па затоа е најголем.
 
Е сега покрај вакви позитивни коментари во фан-клубов сакам да чујам некоја критика и од дежурниот критичар во фан-клубов fantomX . Ова најсериозно го мислам.Колку и да беше атрактивна играта на моменти беше и фрустрирачка.Само вртиме како дожд околу Крагуевац..
А баш ова го викаше летово фантом дека зимаме играчи за Барса игра. Е па ние играме за титули а не за да се ложат мали деца така да подобро 1-0 со автогол отколку 1-2 со убава игра.
Немам критика за 2ва дуели во ПЛ досега, се е на место.

А дека еден Јаја Де Јонг-тип на играч, треба, доста се пимплачи.
 
Добро изигравме...за Хазард немам зборови :cuc:
 
Немам критика за 2ва дуели во ПЛ досега, се е на место.

А дека еден Јаја Де Јонг-тип на играч, треба, доста се пимплачи.
Микел, импресиониран сум од него овие два натпревари !
 
Немам критика за 2ва дуели во ПЛ досега, се е на место.

А дека еден Јаја Де Јонг-тип на играч, треба, доста се пимплачи.
Како бе немаш :O Нешто ќе се смени времето деновиве.А баш мислев некој во фан-клубов да ја погледне работата од другата страна а не само да се радуваме :D.
Штом ти немаш критика а јас имам нешто не е во ред :)
Ај сега со ЊуКасл ќе видиме до каде сме :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom