Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Прво прочитајте ја Животинска Фарма па потоа 1984
Тоа кој го нема читано а и да го немаш читано мораш да го имаш гледано филмот каде добро ги претставија работите.
Мои препораки се:​
"Brave new world" Aldous Huxley
Хајек "The road to serfdom "

Втората е посебно добра.
.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Гвујо не е одговоулен.
Ја незнам, ја сам био у подрум.

Јебала те регулаторна
Груевски: Владата не е одговорна и не е среќна за поскапувањето на енергенсите, СДСМ манипулира

Владата не е одговорна и не е среќна за поскапувањето на енергенсите, тоа е во целосна надлежност на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Зборуваш за фејсбук?
Што значи тоа?

Еве ти што значи директно извадено од барањата што ќе ги кажеле на пресот на 27.08.2012

4. Да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Република Македонија
6. Да се инвестира во одржливи извори на енергија (соларна и геотермална енергија, енергија на ветер и др.)
7. Итно да се повлече новиот правилник на Топлификација
8. Да се врати цената на парното на ниво од 2008 година.
9. Да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.

Комунистите повторно ја преземаа работата.Барањата им се комплетна глупост. Ми се сере од глупоста и необразованоста на нашава раја.Заради вакви работи не вреди да се протестира.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891

А што да бараат,со кои барања да искочат ?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
А што да бараат,со кои барања да искочат ?
Либерализација на пазарот.

Укинување на акцизите ( тука за горива е неважно )

Приватизација на ЕЛЕМ и МЕПСО ( парцијална -ова значи сите капацитети да не може да ги купи еден човек или компанија)

Забрана за мешање на власта во одредувањето на цените на енергенсите или во нивното производство ( ај да видам како топлификација ќе ме натера да плаќам исклучен парно без регулаторна комисија )
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве ти што значи директно извадено од барањата што ќе ги кажеле на пресот на 27.08.2012
7. Итно да се повлече новиот правилник на Топлификација
8. Да се врати цената на парното на ниво од 2008 година.
.
За другите точки не велам ништо, но за овие можам да кажам бидејќи сум добро упатен.
АД Топлификација од грејната сезона 2007/ 2008, самостојно наметна начин на мерење на потрошената топлинска енергија наречен „ мерење со калориметри “. Овој начин на мерење не е предвиден со закон, ниту со договор за облигационен однос, што значи не постоеше правен основ да се наметне таков начин на мерење. Од друга страна, овој начин на мерење не е точен и постојано покажува плус во корист на Топлификација. Топлификација го наметна овој начин на мерење исклучиво да си го зголеми приходот. Поради користењето на овој начин на мерење и поради поделбата на Топлификација на три дела сметките за затоплување се поголеми просечно 3 пати од колку што беа претходно и како последица на тоа 10 илјади домаќинства се исклучија од АД Топлификација.
Регулаторна комисија и тогаш и сега имаше надлежност да ја попречи примената на овој начин на мерење. Но таа не направи ништо. Дури на крајот на март 2009 изврши „ легализација “ на овој начин на мерење иако воопшто ниту de iure, ниту de facto можеше да врши „ легализација “ на начин на мерење. Во Регулаторна има еден правник и еден економист тие не ни слушнале што значи начин на мерење.
Има и три електро инженери - а техниката на затоплување е во машинска струка. Имаше изјави на претседателот на регулаторна кој објаснуваше за „ калориметри “ и „ распределители “ од кои е виливо дека тој појма нема што е тоа. Тој се чини замислува дека се тоа некакви топлиномери. аналогно на струјомери.
Што значи не, барај овде комунисти, либерали, народњаци, демократи, националисти.... Такво нешто овде нема.
Барај она што има, а тоа е нестручност, незнаење, волунтаризам,некомпетентност, примитивизам, несериозност, и нај веројатно - криминал.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
За другите точки не велам ништо, но за овие можам да кажам бидејќи сум добро упатен.
АД Топлификација од грејната сезона 2007/ 2008, самостојно наметна начин на мерење на потрошената топлинска енергија наречен „ мерење со калориметри “. Овој начин на мерење не е предвиден со закон, ниту со договор за облигационен однос, што значи не постоеше правен основ да се наметне таков начин на мерење. Од друга страна, овој начин на мерење не е точен и постојано покажува плус во корист на Топлификација. Топлификација го наметна овој начин на мерење исклучиво да си го зголеми приходот. Поради користењето на овој начин на мерење и поради поделбата на Топлификација на три дела сметките за затоплување се поголеми просечно 3 пати од колку што беа претходно и кско последица на тоа 10 илјади домаќинства се исклучија од АД Топлификација.
Регулаторна комисија и тогаш и сега имаше надлежност да ја попречи примената на овој начин на мерење. Но таа не направи ништо. Дури на крајот на март 2009 изврши „ легализација “ на овој начин на мерење иако воопшто ниту de iure, ниту de facto можеше да врши „ легализација “ на начин на мерење. Во Регулаторна има еден правник и еден економист тие не ни слушнале што значи начин на мерење.
Има и три електро инженери - а техниката на затоплување е во машинска струка. Имаше изјави на претседателот на регулаторна кој објаснуваше за „ калориметри “ и „ распределители “ од кои е виливи дека тој појма нема што е тоа. Тој се чини замислува дека се тоа некакви топлиномери. аналогно на струјомери.
Што значи не, барај овде комунисти, либерали, народњаци, демократи, националисти.... Такво нешто овде нема.
Барај она што има, а тоа е нестручност, незнаење, волунтаризам,некомпетентност, примитивизам, несериозност, и нај веројатно - криминал.
Зони а да се укине регулаторната комисија па да не може да ни наметнува какви сака цени топлификација и да не тера да плаќаме без да сме приклучени.

Ај да видам како ќе го одржуваат монополот кога ќе им се јави конкуренција кога ќе ги нема регулаторна да ги штити зошто има 300 алтернативи како да се загрева Скопје.

И би замолил кој има статистика нека ми каже колку е цена на струја за приватни корисници или индустрија во Македонија и споредбено со Европа дека не можам да најдам.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Либерализација на пазарот.

Укинување на акцизите ( тука за горива е неважно )

Приватизација на ЕЛЕМ и МЕПСО ( парцијална -ова значи сите капацитети да не може да ги купи еден човек или компанија)

Забрана за мешање на власта во одредувањето на цените на енергенсите или во нивното производство ( ај да видам како топлификација ќе ме натера да плаќам исклучен парно без регулаторна комисија )
Е сега и ти што кажа... Дај образложи зашто е ова добро, се што го наброја... (не дека барањата и мене ми се допаѓаат, али мора да бараш секакви глупости за да ти ги дадат логичните работи, пример ефтината дневна тарифа и поефтина струја).
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Либерализација на пазарот.

Укинување на акцизите ( тука за горива е неважно )

Приватизација на ЕЛЕМ и МЕПСО ( парцијална -ова значи сите капацитети да не може да ги купи еден човек или компанија)

Забрана за мешање на власта во одредувањето на цените на енергенсите или во нивното производство ( ај да видам како топлификација ќе ме натера да плаќам исклучен парно без регулаторна комисија )
Добро,викаш да се приватизираат ЕЛЕМ и МЕПСО. а после кој ќе ги спречи нив заедно со ЕВН да ја покачуваат цената,пошто нели нема регулаторна..Кој може на приватник да му каже по која цена ќе го продава својот производ?
Би била иста ситуација како со телеком..се додека не се либерализираше пазарот и не влегоа други оператори,не дереа до максимум,плаќавме претплати во кои немаше ни минута разговор.. а струјата како ќе се либерализира?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ве молам дајте ми само статистика колку е цената на домаќинства и индустрија и споредба со Европа ќе ви објаснам се па и на тебе цитро.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Зони а да се укине регулаторната комисија па да не може да ни наметнува какви сака цени топлификација и да не тера да плаќаме без да сме приклучени.
Ај да видам како ќе го одржуваат монополот кога ќе им се јави конкуренција кога ќе ги нема регулаторна да ги штити зошто има 300 алтернативи како да се загрева Скопје.
Ти си млад, не можам толку брзо да те следам
Регулаторна не е потребна за парното.
Од една котларница можат да се затоплуваат згради одалечени едвај неколку километри. Јас пребарував по интернет, секаде има регулаторна но никаде не најдов регулаторна да одлучува за парното . Поа е општинско прашање. Каква врска има парното во Скопје, со животот на граѓаните во Битола, Гевгелија или некој друг град.
Тие кои парното го ставија под контрола на регулаторна, а не на општината како што беше пред 2006, го направија тоа за да Топлификација може да си ги покачува цените како сака. Порано имаше каква таква контрола од општината, сега нема ништо
Затоа ти велам не барај тука политика, нема политика има криминал
 
Kajgana Shop

На врв Bottom