За другите точки не велам ништо, но за овие можам да кажам бидејќи сум добро упатен.
АД Топлификација од грејната сезона 2007/ 2008, самостојно наметна начин на мерење на потрошената топлинска енергија наречен „ мерење со калориметри “. Овој начин на мерење не е предвиден со закон, ниту со договор за облигационен однос, што значи не постоеше правен основ да се наметне таков начин на мерење. Од друга страна, овој начин на мерење не е точен и постојано покажува плус во корист на Топлификација. Топлификација го наметна овој начин на мерење исклучиво да си го зголеми приходот. Поради користењето на овој начин на мерење и поради поделбата на Топлификација на три дела сметките за затоплување се поголеми просечно 3 пати од колку што беа претходно и кско последица на тоа 10 илјади домаќинства се исклучија од АД Топлификација.
Регулаторна комисија и тогаш и сега имаше надлежност да ја попречи примената на овој начин на мерење. Но таа не направи ништо. Дури на крајот на март 2009 изврши „ легализација “ на овој начин на мерење иако воопшто ниту de iure, ниту de facto можеше да врши „ легализација “ на начин на мерење. Во Регулаторна има еден правник и еден економист тие не ни слушнале што значи начин на мерење.
Има и три електро инженери - а техниката на затоплување е во машинска струка. Имаше изјави на претседателот на регулаторна кој објаснуваше за „ калориметри “ и „ распределители “ од кои е виливи дека тој појма нема што е тоа. Тој се чини замислува дека се тоа некакви топлиномери. аналогно на струјомери.
Што значи не, барај овде комунисти, либерали, народњаци, демократи, националисти.... Такво нешто овде нема.
Барај она што има, а тоа е нестручност, незнаење, волунтаризам,некомпетентност, примитивизам, несериозност, и нај веројатно - криминал.