Дали во октомвриската сесија за апсолвенти предметот се презапишува, се одпочеток се полага и есеј и испит? Ако презапишам предмет од прва година дали ќе го полагам како што сум полагала до сега или усно (писмено) по нов систем на полагање?? И дали некој знае од кога до кога е сесијата ? дали ако полагам во октомвриска сесија ќе успеам да ги фатам уписите за мастер?
Ако предметот се презапишува, со самиот акт на презапишување, се бришат евентуалните поени од колоквиуми/испит, активност и есеј.
Мислам дека за октомвриска сесија потребно е да се презапишат, но немора да ги слушаш, идеш директно на полагања(ако ти речат дека мора да ги слушаш, можеш да ги презапишеш вонредно-така не мора да ги слушаш и можеш да ги полагаш во сесијата)
Сите предмети се полагаат по старо освен предметите од прва година кои можеш да бираш како да ги полагаш - старо или ново
Веројатно ќе можеш да ги фатиш уписите за мастер со самиот факт што таа октомвриска сесија е само за апсолвенти, веројатно таа сесија затоа и постои