Математичка мистерија

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За извршен престап полицијата привела четири лица: Аце,Борче,Владо и Горан. Во текот на истрагата е констатирано следново:

а) Ако Аце е виновен, тогаш Борче е соучесник.
б) Ако Борче е виновен, тогаш или Владо е соучесник или Аце е невин.
в) Ако Горан е невин, тогаш Аце е виновен и Владо е невин.
Г) Ако Горан е виновен, тогаш Аце исто така е виновен.

Кој е виновникот?
Немој веднаш да го кашуваш одговорот, нека тоа биде утре, да сите имаме време да се обидеме да ја решиме задачата.
Јас ќе се обидам да ја решам со помош на математичка логика
 
П

Пепси_

Гостин
Абе математичка МИСТЕРИЈА е ако груевски остане на власт уште 3 мандата за колку време македонија ќе банкротира и ќе влезе во ЕУ :pos:

п.с.чда бе луѓе :facepalm:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За извршен престап полицијата привела четири лица: Аце,Борче,Владо и Горан. Во текот на истрагата е констатирано следново:

а) Ако Аце е виновен, тогаш Борче е соучесник.
б) Ако Борче е виновен, тогаш или Владо е соучесник или Аце е невин.
в) Ако Горан е невин, тогаш Аце е виновен и Владо е невин.
Г) Ако Горан е виновен, тогаш Аце исто така е виновен.

Кој е виновникот?
Виновни се сите четворица.
Започнав од ставот
в) Горан - невин; Аце - виновен : Владо невин
од ова според ставот а) и Борче е виновен
понатаму од б) бидејќи Борче е виновен а Владо не е виновен мора Аце да е невин што е спротивно на став а.

Од ова заклучокот е дека Горан е сигурно виновен
Ако така, според ставот г) и Аце е виновен
понатаму според ставот а) мора и Борче да е виновен
ако е така, според ставот б) мора да е виновен и Владо, бидејќи Аце е виновен ( не е невин )
Што значи сите се виновни

Инаку се обидов да импликациите ги заменам со дисјункци и тука се заплеткав.
Ако ми е точен одговорот, утре ќе поставам задача со деливост на броеви, да биде полесно.
Ако пак не ми е точен. Дај ни одговор и постави нова задача
 
Член од
17 август 2012
Мислења
18
Поени од реакции
14
И јас дојдов до истиот резултат. Во останатите случаи се добива контрадикција.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Виновни се сите четворица.
Започнав од ставот
в) Горан - невин; Аце - виновен : Владо невин
од ова според ставот а) и Борче е виновен
понатаму од б) бидејќи Борче е виновен а Владо не е виновен мора Аце да е невин што е спротивно на став а.

Од ова заклучокот е дека Горан е сигурно виновен
Ако така, според ставот г) и Аце е виновен
понатаму според ставот а) мора и Борче да е виновен
ако е така, според ставот б) мора да е виновен и Владо, бидејќи Аце е виновен ( не е невин )
Што значи сите се виновни

Инаку се обидов да импликациите ги заменам со дисјункци и тука се заплеткав.
Ако ми е точен одговорот, утре ќе поставам задача со деливост на броеви, да биде полесно.
Ако пак не ми е точен. Дај ни одговор и постави нова задача
Точен ти е одговорот, а воедно тоа е и единствениот начин на кој можеш да го добиеш решението. Чекаме задача :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Точен ти е одговорот, а воедно тоа е и единствениот начин на кој можеш да го добиеш решението. Чекаме задача :)
Задачата е лесна и би сакал што повеќе учесници да се обидат да ја решат, а точниот резултат ќе го објавиме утре во исто време
Дадени се пет цифри: 2; 3; 4; 5 и 6
Пронајди ги сите троцифрени броеви, составени од овие цифри, без да се цифрите повторуваат, а кои се деливи со 12?
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
едит едит: Не сум ја прочитал убаво задачата. Без цифрите да се повторуваат.
Значи од овие броеви некои ги одбирам. И понатаму не знам. Бидејќи имаме троцифрени броеви а дадени се 5 цифри тоа значи дека можам да напишам само еден број без да се повторам.
Па ќе го одберам првиот 324.
„Без цифрите да се повторуваат“ се мисли секој од броевите да се состои од 3 различни цифри, на пример 432 е океј, додека 336 не е.
П.С: Ме насмеа со едитиве :)

А моето решение е.....

  • За еден број да е делив со 12, треба да е делив со 3 и 4 истовремено (12=3*4)
    • Бројот е делив со 4 ако неговиот двоцифрен завршеток е делив со 4
      • Двоцифрени броеви кои можат да се формираат од цифрите 2,3,4,5 и 6 (без повторување на цифра) се 23,24,25,26,32,34,35,36,42,43,45,46,52,53,54,56,62,63,64,65.
      • Да ги одделиме оние кои се деливи со 4: 24,32,36,52,56,64.
      • Значи броевите кои ги бараме завршуваат со некоја од овие комбинации на цифри.
      • Вакви трицифрени броеви се 324,524,624,432,532,632,236,436,536,352,452,652,256,356,456,264,364,564.
    • Бројот е делив со 3 ако збирот на неговите цифри е делив со 3
      • Проверуваме за кои од горенаведените трицифрени броеви важи ова својство и добиваме:
        • 324 (3+2+4=9; 3|9),524,624,432,532,632,236,436,536,352,452,652,256,356,456,264,364,564.
 
В

Вештерот

И јас се смеев кога видов колку малку од математичкото знаење ми останало. :) Избришав мислењето такви бруки да не се читаат ама пошо бев цитиран еве го назад мислењето па нека ми се смеат математичарите

Еве мислењето иако има пропусти и грешки:

Ајде да видиме што ми останало од математиката.
делливи со 12. Тоа значи со 3 и со 4. па прво треба да ги направиме последните 2 цифри за да бидат со 4 делливи.
значи последните 2 цифри се : 24, 32, 36, 56.
И сега додаваме прва цифра и пазиме збирот да е деллив со 3.
324, 624, 432, 336, 636, 456
едит : 52 сум го заборавил.
252, 552

Не е ништо страшно да се згреши, битно си се обидел, а методот е тој, е сега што малку си испомешал не е толку страшно... :)
А не значи и моето дека е точно, сигурно сум испуштила нешто во брзањето, ќе видиме кога ќе го објават решението.
 
Член од
22 мај 2012
Мислења
65
Поени од реакции
62
Добијте 24 од 8,8,3,3 користејќи само +,-,/ и *

Офтопик: Логичка задача не е поврзана со математика

Имате 3 прекинувачи на приземје кои ги уклучуваат светлата на горниот спрат. Како ќе знаете кој прекинувач за која сијалица е , а да се качите само еднаш.​
 
1. Дозволено е користење на загради?

2. Го влучуваш првиот прекинувач и чекаш извесно време. Потоа го спушташ и го вклучуваш вториот прекинувач. Влегуваш во собата, светилката што свети е контролирана од вториот прекинувач, а од двете останати, потоплата е контролирана од првиот, останатата од третиот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Добијте 24 од 8,8,3,3 користејќи само +,-,/ и *

Офтопик: Логичка задача не е поврзана со математика

Имате 3 прекинувачи на приземје кои ги уклучуваат светлата на горниот спрат. Како ќе знаете кој прекинувач за која сијалица е , а да се качите само еднаш.
24 = 8*3
 
Член од
22 мај 2012
Мислења
65
Поени од реакции
62
1. Дозволено е користење на загради?

2. Го влучуваш првиот прекинувач и чекаш извесно време. Потоа го спушташ и го вклучуваш вториот прекинувач. Влегуваш во собата, светилката што свети е контролирана од вториот прекинувач, а од двете останати, потоплата е контролирана од првиот, останатата од третиот.
Yuri шампионе одговори побрзо од што очекував , а за првата да можеш да користиш загради - мислам дека веќе знаеш и еве малку попредизвикувачки задачи.

Мотор , комбе и кола тргнуваат од град А и град Б истовремено со константна брзина од 60 , 80 и 120 км/ч. Моторот и комбето тргнуваат од градот А кон градот Б , додека автомобилот од градот Б кон градот А. Автомобилот го поминува моторот 2 минути откако го поминал комбито.
Која е должината меѓу градовите и каде се случиле разминувањата?

Трик: Со поместување на една бројка добиј точно равенство
101-102=1​
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
„Без цифрите да се повторуваат“ се мисли секој од броевите да се состои од 3 различни цифри, на пример 432 е океј, додека 336 не е.
П.С: Ме насмеа со едитиве :)

А моето решение е.....

  • За еден број да е делив со 12, треба да е делив со 3 и 4 истовремено (12=3*4)
    • Бројот е делив со 4 ако неговиот двоцифрен завршеток е делив со 4
      • Двоцифрени броеви кои можат да се формираат од цифрите 2,3,4,5 и 6 (без повторување на цифра) се 23,24,25,26,32,34,35,36,42,43,45,46,52,53,54,56,62,63,64,65.
      • Да ги одделиме оние кои се деливи со 4: 24,32,36,52,56,64.
      • Значи броевите кои ги бараме завршуваат со некоја од овие комбинации на цифри.
      • Вакви трицифрени броеви се 324,524,624,432,532,632,236,436,536,352,452,652,256,356,456,264,364,564.
    • Бројот е делив со 3 ако збирот на неговите цифри е делив со 3
      • Проверуваме за кои од горенаведените трицифрени броеви важи ова својство и добиваме:
        • 324 (3+2+4=9; 3|9),524,624,432,532,632,236,436,536,352,452,652,256,356,456,264,364,564.
И јас ги добив истите:
324, 624, 432, 456, 264. 564.
Само малку понаку ја решавав:
Прво одбрав на кои тројки, броеви збирот на цифите е делив со 3. Тоа се: 234; 246; 345; 456 ( вкупно можат да се одберат 10 тријки но само кај овие е збирот на цифрите делив со 3.)
Потоа ги пермутирав вака добиените броеви да последните две цифри прават број делив со 4
Тоа се 324 и 432
624 и 264
564 и 456
( од 345 не може да се добие број делив со 4 )
Браво:
Сега повели ти постави задача
И јас се смеев кога видов колку малку од математичкото знаење ми останало. :) Избришав мислењето такви бруки да не се читаат ама пошо бев цитиран еве го назад мислењето па нека ми се смеат математичарите

Еве мислењето иако има пропусти и грешки:

Ајде да видиме што ми останало од математиката.
делливи со 12. Тоа значи со 3 и со 4. па прво треба да ги направиме последните 2 цифри за да бидат со 4 делливи.
значи последните 2 цифри се : 24, 32, 36, 56.
И сега додаваме прва цифра и пазиме збирот да е деллив со 3.
324, 624, 432, 336, 636, 456
едит : 52 сум го заборавил.
252, 552
едит едит: Не сум ја прочитал убаво задачата. Без цифрите да се повторуваат.
Значи од овие броеви некои ги одбирам. И понатаму не знам. Бидејќи имаме троцифрени броеви а дадени се 5 цифри тоа значи дека можам да напишам само еден број без да се повторам.
Па ќе го одберам првиот 324.
Очигледно се уште не си за „ фрлање “ - браво!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom