Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Еве една задача која се решава на ист начин како задачата со јајцата:
5 крави, за 10 дена, ќе испасат ливада од 50 ари
Колкава ливада ќе испасат 50 крави за 50 дена?
 
Бидејќи вратил келнерот 3 евра затоа им доаѓа по 9е. Неможеш плус 3 да собираш.
Има враќа 3, остануваат 2
9*3=27
27+2=29

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk

Мешаш математики, или броиш 27 + 3, или 25 + 2 + 3.
 
6/1.5=4
Тоа е одговорот на задачава. :)
А јас слушнав пред некој ден една многу добра логичка задача и нешто со црнци и белци беше со кану кое собира тројца луѓе и требаше сите луѓе да се префрлат на другиот крај на реката ама при префрлањето не смее еден белец да остане со двајца црнци бидејќи ќе го ебат. Значи ни во кануто ни на брегот не смее да има еден белец со двајца црнци. Само не знам како се поставуваше задачава и колку луѓе вкупно беа, знам само дека за да ја решиш точно ти требаат 13 потега.

Слушна... си пробал на памет да ја запамтиш, па и си ги броел потезите. Тука ти е грешката.

Оригиналната задача е со овци и волци. Ако останат волци повеќе од овци на сплавот или на било која страна од брегот ги јадат.
Значи задачата е следна:
На брегот има 3 овци и 3 волци. Треба сите да поминат на другата страна на реката т.е. на другиот брег. На сплавот собира максимум 2ца. Како ќе поминат сите на другата страна без овците да надрљаат...

Ја имам пишано мислам пред некоја година истава...
 
Фактички исто му доаѓа само јас ја имам со црнци слушнато. Иначе многу интересна задача, онака може да се изгуби доста време бидејќи можеш да стигнеш скоро до последниот потег и ако згрешиш пак си на почеток. :)
 
Мешаш математики, или броиш 27 + 3, или 25 + 2 + 3.
Затоа задачава зависи од тоа како ја решаваш.
Дале по 10е. Келнерот има враќа по 1е, значи сите дале по 9е.
9*3=27+2
Може и на овој начин да се постави. Ваљда :D
Ова доаѓа како она со прстите кога ги броиш наназад. 10,9,8,7,6, плус 5 од другата рака 11 :p

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk
 
Затоа задачава зависи од тоа како ја решаваш.
Дале по 10е. Келнерот има враќа по 1е, значи сите дале по 9е.
9*3=27+2
Може и на овој начин да се постави. Ваљда :D
Ова доаѓа како она со прстите кога ги броиш наназад. 10,9,8,7,6, плус 5 од другата рака 11 :p

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk

Точно, всушност начинот на раскажување е грешен бидејќи се менува од една пресметка на друга.
 
Затоа задачава зависи од тоа како ја решаваш.
Дале по 10е. Келнерот има враќа по 1е, значи сите дале по 9е.
9*3=27+2
Може и на овој начин да се постави. Ваљда :D
Ова доаѓа како она со прстите кога ги броиш наназад. 10,9,8,7,6, плус 5 од другата рака 11 :p

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk
Така е, зависи како ја решаваш. Ако ја решаваш погрешно, како ти на пример, задачата може да се постави и на тој и на многу други начини.
 
На форумов највише се нервирам кога ќе се успее да се заебе добра тема. 4 страни и ништо поучно , а и ставена во ЧДА - капак. Еве ви решение и образложение за првата задача.

3 муштерии даваат 30 евра за храната (по 10 евра секој).
10+10+10=30

Газдата им дава попуст и им враќа 5 евра со што јадењето ги чини 25 евра , од тие 5 евра 2 завршуваат кај келнерот по 1 кај секои од тројцата муштерии = 3 евра.

ЕВЕ ЈА ФИНТАТА: Тие 2 евра што ги земал оној педе*он од келнер - не заборавајте тоа се парите на гостите. Со тоа 1 евро што им го враќа не значи дека дале по 9 евра бидејќи и тие 2 кај него се на гостите.

Муштериите платиле 25 евра за јадењето.
25/3=8.33(3)

кога им вратил по 1 евро сега секој он нив дал 9,33(3) евра.
3*9,33(3)=28 евра

2 евра кај келнерот
28+2 = 30
 
Toчно... Ајде ти сега постави некоја друга задача
За извршен престап полицијата привела четири лица: Аце,Борче,Владо и Горан. Во текот на истрагата е констатирано следново:

а) Ако Аце е виновен, тогаш Борче е соучесник.
б) Ако Борче е виновен, тогаш или Владо е соучесник или Аце е невин.
в) Ако Горан е невин, тогаш Аце е виновен и Владо е невин.
Г) Ако Горан е виновен, тогаш Аце исто така е виновен.

Кој е виновникот?
 
Бwанко :ROFLMAO:
 
Математичка мистерија за седмо одделенец...
 
Мислам дека сите се невини. Виновен е циганот што го здрпал точакот...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom