џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.391
- Поени од реакции
- 25.192
Во првиот пост напишав култни филмови, коса црта класици. The Godfather е класика, така да спаѓа во оваа тема.Прво, да разграничиме култен филм. Култен филм е филм кој што има специфична и мала фанбаза на интернационално ниво, која е мошне посветена и на нашки, заразена со филмот. Култниот филм е контраст на мејнстрим филмовите и не секогаш е во склад со стандардите и правилата за еден филм. Често критички не е прифатен и често има многу мала заработка, но има и исклучоци. The Godfather (јеп) не е култ, Scarface е култ (300 контроверзии, распнат од критичарите најпрво). Да резимираме, култен филм не мора да е добар филм. Може да биди, но не мора. Поточно кажано, култниот статус нема допирна точка со јачината на еден филм, туку е прашање на фан базата. Повеќето горенабројани не се култови, или делумно се, но ајде.
Култен филм кој не ми се допаѓа - Showgirls (еден од најлошите филмови кои сум ги глеал)
Омилен култен филм - Fight Club
Инсепшн не е ни култен филм ни, класика.
Да, култни филмови се тие првите, ама Матрикс и Лотр се класика филмови.Култен филм е филм што е обожаван од помала фан група, нема доживеано голем успех кога излегол, така да култни филмови се The Big Lebowski, Reservoir Dogs, Night of the Living Dead итн, а не Matrix, Lord of the Rings, Titanic глеам некој и тој го спомнал lel
Значи, за еден филм да биде култен не мора да биде поминато подолго време.
За класика филм да, да легне кај пошироката публика, да е пошироко прифатен. Култните филмчиња не се многу прифатени, класика филмовите се.
Значи култ не е еднакво на класика.
Двата поима ги спомнав во првиот пост, значи ќе го модифицирам малку насловот за да не оди во погрешна насока темата.
Океј, има различни гледишта за тоа што прави еден филм класика.
За мене треба да биде широко познат, да има влијание во жанрот кој го претставува, можеби и некои оскаровски филмови, филмови што се наоѓаат скоро на сите топ 100 листи.
Значи нормално дека The Godfather ќе биде во класика филмови.