ретроспектива
колку сме...толку сме....една ластовичка не носи пролет....но е добар знак дека ќе следат и други
ова е најуспешниот протест досега во Македонија....на едно место беа луѓе од различна етничка припадност, на исто место беа и верници и атеисти, пензионери и студенти, вработени и невработени....обединети со една цел зачувување на човечкото достоинство и гола егзистенција
исто така имаше подршка од неколку кучиња (активни протестанти)....свесни дека животот кучешки е за кучиња, а не за луѓе
исто така се покажа дека организираното одење по улица е попродуктивно и привлекува повеќе луѓе отколку стоењето во место и скандирањето
можни нуспојави
секое помирување и обединување предизвикува страв кај паразитите.....можно е да се очекува во наредните денови тепачки меѓу навивачки групи, тепачки по автобуси и слични провокации на етничка или религиска основа....со цел дефокусирање на јавноста од протестот и уништување на постигнатото кревко единство
апел до навивачите и навивачките групи....воздржете се и не подлегнувајте на провокации....не дозволувајте да бидете искористени како оружје за остварување на нечии лични цели и интереси
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВЕ ТАПШААТ ПО РАМО И ДА ВИ ГО ПРАЗНАТ ЏЕБОТ
Не беше пожелно проловите (читај обичниот македонски граѓанин) да имаат силни политички чувства. Се што се бараше од нив беше примитивниот патриотизам на кој можеше да се апелира секогаш кога беше потребно да се натераат да прифатат подолго работно време или намалено следување (читај повисоки сметки за струја, да плаќаат за парно кое го немаат или не сакаат да го употребуваат, екстремно скапи енергенси и тн. и тн.). Па дури и кога стануваа незадоволни, што понекогаш се случуваше, нивното незадоволство не водеше никаде затоа што, онака без општи претстави, тие можеа да го сконцентрираат своето незадоволство само на минорни, поединечни неправди. Поголемите зла, без исклучок, не успеваа да ги забележат.
Ова го напишал чичко Орвел многу одамна во својата книга 1984.....многу граѓани на Македонија ја немаат прочитано книгава....но оние што ни го регулираат (и секојдневно загорчуваат животот) ите како ја имаат студирано и активно ги користат идеите и методите изложени таму