Си читам и си се чудам
.
Едните докоторите се цвеќиња за мирисање, другите нечинат третите ова или она.
Како прво на докторот и му е работа да спасува животи, зошто некој би бил благодарен ако си ја извршува работата за која е платен. Како да бидам благодарен на ѓубреџијата дека го подигнал ѓубрето. Па тоа му е работа, а ако не го крени е тогаш да треба да се казни. Исто како и докторот и секоја друга професиоја за која се зема плата. Требало да пишува во весници ако некој доктор спасил живот на планина. Брејј што направил. Демек кога е на одмор не е доктор повеќе ??
По правило би требало да пишува во вести за хуманоста на некој човек без да се нагласи дека тој е доктор. Е тоа е нормално, а дека бил доктор па му помигнал е во најмала рака обврска. Казниво со закон ако не му помогнеш на некој а си можел, уште повеќе ако си доктор.
За конкретниот случај сите се криви и докторот и сеирџиите надвор. Без разлика дали таа би излегла надвор или тие би го внесле внатре се работело за неколку метри а не за киломтери па да се вадиме дека ја напуштила установата или дека не смеело да се гиба пациент од цивилно население. Секој кој има возачка пред да ја земи полага за прва помош, што значи знае основни работи како да му помогни на некој. Не се работело тука за операција на срце туку за пренесување од неколку метри. На крај краева и докотрката можела да стрча и да помогни да се пренеси човекот внатре, ако не докторката сестрите или браќата. Или нив тоа не им е работа. Во цела клиника само докторката била сама, ни сестра ни бутур никој??? Глупости на квадрат.
И на крај се знае што има предност кога се врви на раскрсница, сите тоа сме го учеле. Секогаш предност има брзата помош , па полицијата па пожарната. Нема да навлегувам зошто но и тука можело да се примени истото правило. Надвор има човек кој умира, а внатре има човек кој не умира пример. Кој има предност ??
Да не се правиме марсовци , едни од најкорумпираните слоеви во општеството покрај политичарите на кои тоа им е во опис на работно место,се лекарите и професорите и тоа е факт. Така да хајката која наводно се води спрема нив не да е оправдана туку нужно потребна за да се исчисти коровот од здравството кое мисли дека ако таткому бил лекар и тој мора да биди и тоа му е со закон загарантирано право без разлика дали е за таму или не. Дека се недопирливи и незнам што. Да работат како што треба ова немаше да биди хајка туку нормални услови за работа, ама пошто не се учени така некако како хајка им се гледа.
И само еден личен пример со мојот матичен лекар колку се хумани. Одам да ми даде упат за една смредна брадавица на прстот. Види сега за колку глупа работа ме праќа во приватна ординација и тоа баш таа и таа. Се посоветував со друг лекар онака случајно на улица( се знаеме) ми рече да ми даде упат на кожно во уредот ( по Битолски) и дека се ке се среди за 100 денари на спроти 1000 и кусурот ако одев по умот на матичниот. Нормално си се вратив и и кажав дека сакам да ми даде упат за таму и таму и ми даде. Прашањето е зошто уште од првин не ми ја ни посочи таа опција па да си одбирам туку директно се запна кај приватна ординација ?? тек за брадавциа се работеше, ако беше за нешто посериозно мамето ке ми го расплачеше. И сега јас треба да ги жалам, хајка имало ова она имало. Ајде гониги таму, освем некој исклучоци кои се доктори од хуманост , сите останати мамето ке ти го распачат и око нема да им трепни. Хуманоста им иди како бонус ако ја има некој, а би требало да им биди прво и основно.
Никако жалење, се таму со ред треба да се исчисти од доктори па надолу до чистачи. Сега ако тоа го нарекувате хајка, така нека биди. Мене ми одговара кога ке ме гледа како зеница во очите па макар тоа било од страв. Ако не може да го издржи притисокот или не е за таму нека оди на нива и нека копа, помалце стресна работа е. Можеби и полесна? Никој не го терал доктор да учи, па веќе кога се нафатил нека си ја брка работта како што треба, ако не чао пријатно ке се најди некој кој ке си ја брка( на сите мислам од чистач до доктор).