Македонски лекари vis-a-vis Хипократова заклетва

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Држи вода се што си напишал, ама ако го гледаш животот со одредена апатија. Токму тоа ми е поентата. Апатијата кон еден човечки живот е погрешна, без разлика дали "за живот и смрт" одлучуваш еднаш дневно, петпати неделно или седум пати на саат...

Ќе ти кажам дека ја кога сум бил задолжен за повеќе луѓе (бев директор на сектор), кога ми претеле газдите дека некој од мојот тим ќе отпуштат (ова најчесто се случувало од субјективни причини) без размислување сум застанувал позади моите луѓе. "Ако го отпуштите него, си идам и ја". И ја можев конформистички да размишљам, да си рационализирам дека ете "имам деца" и "пред се треба на нив да размислувам" и слично. Ама кога ќе видат луѓето дека имаш некакви вредности (да не збориме за ИНТЕГРИТЕТ) повеќе те ценат.

Али тоа е тоа, свиткана кичма сабја не ја сече...
Не збориме за рационализам, зборуваме за личности ( за опшество ) доведено на работ од егзистенцијата , не се работи кој на која позиција бил или е во моментот.
Тие мораат со апатија да гледаат на животот,мораат со резерва да влезат на работа. Ти си морал еднаш во годината или на 6 месеци да застанеш позади некој вработен, докторов значи уште кога трга на работа знае дека го очекува смрт кога ке стигне на работното место.
Моја блиска личност работи на една од клиниките, на нај гадната можна клиника ( на трансфузологија оделението каде што лежат заболени од леукемија)
Значи во денот умираат 3/4 таму кога прашав како го поднесува тоа, одговорот беше на почетокот ми беше жал,сочуствував со пациентите плачев кога ке умреше некој.
Сега ги гледам како предмети и ништо повеќе не можам да си дозволам јас да се притресувам по некого кого знам дека ке го нема.Во тие професии мора да си опериран од емоции.
Интегритетот и почитувањето се сосема друга работа.
Да ти раскажам една друга случка, моја “ пријателка “ од поодамна со која веќе не сум во контакт,пред едно 4/5 години Работеше на ГАК и се јавија за некоја компликација што настанала пост породилна нешто во врска со царски рез , бевне на викенд во Дојран отидени таа от како и се јавија после 5 минути веќе се пакуваше и тргна за скопје.
Никогаш нема да го заборавам Пемовски кога во трењерки облечен ( си бил човекот на прошетка низ парк, или излегол од дома специално) доаѓаше во градска болница и си ги проверуваше пациентите по собите, или бил на вечера некаде па ај успат да видам како е.
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
38
Не збориме за рационализам, зборуваме за личности ( за опшество ) доведено на работ од егзистенцијата , не се работи кој на која позиција бил или е во моментот.
Тие мораат со апатија да гледаат на животот,мораат со резерва да влезат на работа. Ти си морал еднаш во годината или на 6 месеци да застанеш позади некој вработен, докторов значи уште кога трга на работа знае дека го очекува смрт кога ке стигне на работното место.
Моја блиска личност работи на една од клиниките, на нај гадната можна клиника ( на трансфузологија оделението каде што лежат заболени од леукемија)
Значи во денот умираат 3/4 таму кога прашав како го поднесува тоа, одговорот беше на почетокот ми беше жал,сочуствував со пациентите плачев кога ке умреше некој.
Сега ги гледам како предмети и ништо повеќе не можам да си дозволам јас да се притресувам по некого кого знам дека ке го нема.
Можам со добар дел од работиве да се согласам (освен можда со "Сега ги гледам како предмети")... Ги разбирам тешкотиите на луѓето и на заебаново општество у кое сме приморани да живееме. Ама ако не покаже ЛИЧНОСТА интегритет, нема да покаже ни МАСАТА. Не го измислувам ова ја, ова е емпириски докажано низ историјата.

Рационализацијата дека "законот е крив" е иста како лопов/убиец да каже "абе сиромаштија ме натера да ограбам и да убијам", а тоа не е логично за ниедно општество. Затоа и ги судат таквите, а у Америка и Кина и ги егзекутираат.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

А, овде би го суделе докторот ако напушти работно место.
И пак ќе прашам, што правеле луѓето околу него? Трчале по докторката, а не се сетиле да го пренесат човекот тие 20 метри до поликлиниката?
 
Види сега,кога државата ти наложува нешто и законски те обврзува на такво однесување тогаш ти како единка мораш да се потчинуваш на истите.
друго нај веројатно се работи за некоја од “ Недопирливите“ партиски активист која што вели мене никој ништо не ми може, тоа ти гарантирам. Затоа што само тие се доволно дрски и храбри да си играат со било кого, и мисли дека го фатила господ за муда со тоа што се вработила како докторка.( плус партиските вработувања последниве години)
Не ја бранам не ја напаѓам, но едно сум 100% сигурен од старите доктори никој не би направил такво нешто. Знам сум имал мака сум осетил на своја кожа. туку дај да видиме што ке испадне целава работа дали е обичен смртник докторкава или е од “ недопирливите “
А знаеш ли ти што ке биде од тој човек ако не гледа на нив како на предмети ? Ке полуди во рок од месец дена.
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
38
А, овде би го суделе докторот ако напушти работно место.
И пак ќе прашам, што правеле луѓето околу него? Трчале по докторката, а не се сетиле да го пренесат човекот тие 20 метри до поликлиниката?
Абе луѓево притрчале, which is more than I can say about the doctor.
Постои и она правило дека кога некој е паднат на земја, не треба да го пипкаш од неколку причини (медицински - кои не сум баш стручен да ги објаснувам, али варираат од скршен рбетен столб, до внатрешно крварење и слично). Да не збориме дека не се стручњаци - и јас кога би видел човек како лежи на земја би ми било страв да не "заебам нешто" ако го помрднам.
--- надополнето: 21 август 2012 во 09:20 ---
Види сега,кога државата ти наложува нешто и законски те обврзува на такво однесување тогаш ти како единка мораш да се потчинуваш на истите.
друго нај веројатно се работи за некоја од “ Недопирливите“ партиски активист која што вели мене никој ништо не ми може, тоа ти гарантирам. Затоа што само тие се доволно дрски и храбри да си играат со било кого, и мисли дека го фатила господ за муда со тоа што се вработила како докторка.( плус партиските вработувања последниве години)
Не ја бранам не ја напаѓам, но едно сум 100% сигурен од старите доктори никој не би направил такво нешто. Знам сум имал мака сум осетил на своја кожа. туку дај да видиме што ке испадне целава работа дали е обичен смртник докторкава или е од “ недопирливите “
Тука се сложуваме 100%.
Го потпишувам све ова што си го кажал.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Абе луѓево притрчале, which is more than I can say about the doctor.
Постои и она правило дека кога некој е паднат на земја, не треба да го пипкаш од неколку причини (медицински - кои не сум баш стручен да ги објаснувам, али варираат од скршен рбетен столб, до внатрешно крварење и слично). Да не збориме дека не се стручњаци - и јас кога би видел човек како лежи на земја би ми било страв да не "заебам нешто" ако го помрднам.
Гледаш не пружањето на прва помош беше и е кривично дело, нема страв да не заебам нешто човекот одел се тетеравел нема скршен рбет нема срања, ама многу гледање амерички филмови ите како не заебуваат како личности, гледал на филм не требало да се пипа. Па и да го удрило кола секој што има положено возачки испит знае како треба да мобилизира повредено лице.
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
38
Гледаш не пружањето на прва помош беше и е кривично дело, нема страв да не заебам нешто човекот одел се тетеравел нема скршен рбет нема срања, ама многу гледање амерички филмови ите како не заебуваат како личности, гледал на филм не требало да се пипа. Па и да го удрило кола секој што има положено возачки испит знае како треба да мобилизира повредено лице.
Безпредметно е да ја тераме дискусијата у овој правец. Ќе завршиме со вреѓање еден кон друг, а тоа не ми беше поентата. Амерички филмови и слично - кај тебе у мало или дома. Не сум мало дете да ја симињам дискусијава на тоа ниво!

Да не збориме дека на влез од болница се наоѓале, не на автопат у планина!
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Ние Македонците за се имаме изговор, само за да бидеме луѓе пред се, немаме!
И веќе аман со тоа мали плати, па за да му помогнеш на друг човек прво ќе се запрашаш колку земаш плата и дали ти одговара да му помогнеш?
Ако си навистина човек, во кој пред се преовладува хуманоста, не се сомневам дека најпрво би помислил како да му помогне на другиот!

А веќе кога се замеша политиката во темава, ставот ми е дека ние самите си се доведовме до ова дереџе! Темава е комплексна, би дала мн примери, ама мака ми е, секој ден читам вакви апсурди....
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Безпредметно е да ја тераме дискусијата у овој правец. Ќе завршиме со вреѓање еден кон друг, а тоа не ми беше поентата. Амерички филмови и слично - кај тебе у мало или дома. Не сум мало дете да ја симињам дискусијава на тоа ниво!

Да не збориме дека на влез од болница се наоѓале, не на автопат у планина!
Не се вреѓаме момче жива вистина, амерички филмови каде што никој не смее да го пипа паднатиот премногу ни навлегоа во потсвеста.
Баш дека се наоѓале пред болница требале да го дигнат и да го внесат,знаеш што друго ова да му се случело на човеков на битпазар,или во чаир ке притрчале сите што би биле во близина и повеќе од сигурно дека и ке го внеле а и ке му пружеле помош. И за ова ти гарантирам а и видено.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Насловов на темава алудира на тоа дека сите македонски лекари (би) го направиле она што го направил дотичниот лекар на смена во поликлиниката Ѓорче Петров.

И да: минативе 10-тина, а можеби и повеќе години се води систематска хајка против македонската лекарска фела.
Кога, бе, ќе прочитам еднаш име и презиме на лекар кој земал мито, сеоднесувал неодговорно или ја погазил заклетвата или законот?!

При секој ваков случај, прстот се вперува не кон определен лекар, туку кон „македонските лекари“... ама, така си е кога имаме партиски полтрони за уредници на медиуми, маса на некритичен народ која е подготвена да плука кон се и сешто и секого во стилот „држте го арамијата“....

Ги прашал некој илјадниците штотуку дипломирани лекари зошто заминале „на печалба“ во Германија последниве неколку години (не, ама затоа ќе „увезуваме“ лекари од странство со тајни примања :facepalm:)... ?

На крајот на краиштата, зошто баш некои лекари, и тоа најкорумпираните, за кои сите знаат, бидуваат наградувани, а никако казнувани... со новиот модел за плаќање по учинок - веќе знам за еден куп злоупотреби - не за „делење“ на пациентите, ами менување на истории (казниво дело) од страна на началници на одделенија во општи болници, со цел да се сменат и податоците за одговорен лекар и, соодветно, припишување на „бројка пациенти“....

Се гледа од Месечина дека систематски се уништува јавното здравство, само ќе ни го соопштуваат тоа постепено, преку дополнителни давачки за приватно здравствено осигурување.

Конкретниов случај, пак, не знам дали заслужува коментар, засега.

Прво, никој не ја чул верзијата на настаните на лекарот.

Второ, ако постои одговорност, си постои Етички комитет при Лекарска Комора, па
судови на честа, па граѓански суд итн.... (што беше тоа пресумпција на невиност?).

Трето, треба човек да е лекар кој секојдневно се соочува со одлуки кои значат живот или смрт,понекогаш и во дел од секунда, за да може да се осмели да го коментира настанов. Но, не.... најлесно е да се плука по лекарите (повторно, не по конкретните „лоши“ лекари, ами кон сите), па ништо чудно од Влада да стигне разрешување, одземање лиценци итн. уште пред да се испита случајот, само за да се задоволи жедта за крв кај толпата (небаре сме во гладијаторска арена)....
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
38
Не се вреѓаме момче жива вистина, амерички филмови каде што никој не смее да го пипа паднатиот премногу ни навлегоа во потсвеста.
Баш дека се наоѓале пред болница требале да го дигнат и да го внесат,знаеш што друго ова да му се случело на човеков на битпазар,или во чаир ке притрчале сите што би биле во близина и повеќе од сигурно дека и ке го внеле а и ке му пружеле помош. И за ова ти гарантирам а и видено.
За све ова се слагам. И јас сум видел и секоја чест на луѓето од "другата страна на Вардар" за ваквото понашање. Затоа и ние си идеме назад. Заради вакви примери.
А и да бил докторот од "другата националоност" ќе истрчал надвор! Така си е.
--- надополнето: 21 август 2012 во 09:36 ---
Насловов на темава алудира на тоа дека сите македонски лекари (би) го направиле она што го направил дотичниот лекар на смена во поликлиниката Ѓорче Петров.

И да: минативе 10-тина, а можеби и повеќе години се води систематска хајка против македонската лекарска фела.
Кога, бе, ќе прочитам еднаш име и презиме на лекар кој земал мито, сеоднесувал неодговорно или ја погазил заклетвата или законот?!

При секој ваков случај, прстот се вперува не кон определен лекар, туку кон „македонските лекари“... ама, така си е кога имаме партиски полтрони за уредници на медиуми, некритична маса на народ која е подготвена да плука кон се и сешто и секого во стилот „држте го арамијата“....

Ги прашал некој илјадниците штотуку дипломирани лекари зошто заминале „на печалба“ во Германија последниве неколку години (не, ама затоа ќе „увезуваме“ лекари од странство со тајни примања :facepalm:)... ?

На крајот на краиштата, зошто баш некои лекари, и тоа најкорумпираните, за кои сите знаат, бидуваат наградувани, а никако казнувани... со новиот модел за плаќање по учинок - веќе знам за еден куп злоупотреби - не за „делење“ на пациентите, ами менување на истории (казниво дело) од страна на началници на одделенија во општи болници, со цел да се сменат и податоците за одговорен лекар и, соодветно, припишување на „бројка пациенти“....

Се гледа од Месечина дека систематски се уништува јавното здравство, само ќе ни го соопштуваат тоа постепено, преку дополнителни давачки за приватно здравствено осигурување.

Конкретниов случај, пак, не знам дали заслужува коментар, засега.

Прво, никој не ја чул верзијата на настаните на лекарот.

Второ, ако постои одговорност, си постои Етички комитет при Лекарска Комора, па
судови на честа, па граѓански суд итн.... (што беше тоа пресумпција на невиност?).

Трето, треба човек да е лекар кој секојдневно се соочува со одлуки кои значат живот или смрт,понекогаш и во дел од секунда, за да може да се осмели да го коментира настанов. Но, не.... најлесно е да се плука по лекарите (повторно, не по конкретните „лоши“ лекари, ами кон сите), па ништо чудно од Влада да стигне разрешување, одземање лиценци итн. уште пред да се испита случајот, само за да се задоволи жедта за крв кај толпата (небаре сме во гладијаторска арена)....
Не разбрав, ако може појаснување...
Системот не функционира, ама "да веруваме на наодите на лекарска комора (која што е дел од системот")?!
Инаку токму тоа е поентата, дека тие што вредат нешто се иселуваат затоа што не се доволно почитувани. И несакаат да "се улизуваат".
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Чудо како одма напаѓате без да ја гледате другата страна. Еден од вас не пиша ниту пак помисли кои му биле другите пазиенти на докторот. Може баш во истиот момент да имал друг итен случај, и треба да си го напушти пациентот ВО АМБУЛАНТА и да оди на улица да прегледа друг пациент кој не го видел, а на кој можеби и не му е толку лошо (докторот не можеда знае што му е на тој на улица, ама знае за тој во амбуланта). Е сеа, да излегол надвор, да лечел друг, а овој во амбуланта да му умрел, тогаш ке зборувавте у амбуланта му умрел, он шетал по улиците.
Од толку народ за сеир шо се збирале, еден можел да го однесе до амбуланта човекот. А ако му било пишано, и да дошол доктор, ке умрел. Викнале брза помош...ајде бе. Не можеле да го однесат.
Оти една тема не отворивте за тоа како ги малтретираат докторите? Се сеќавате у Штип како го тепаа? Знаете дека у Велес работат со закани? Знаете дека ги вреѓаат, дека не се способни а имаат милион успешни интервенции. Ама нашиве новинарчиња не праат прилог за успешни доктори, оти тоа не им носи гледаност, кликови....ама ако пишат умрел некој...а нашиот народ ја обожава туѓата несреќа...и сите ке кликнат....
Тој доктор што вие сега го окарактеризиравте за нечовен, животно и слично, можеби спасил во моментот друг живот. Ама ТОА НЕ ВИ Е ГАЈЛЕ. Новинарите ви кажале како да мислите. Може до тогаш спасил купишта животи. АМа не го фалиме. Оти тоа му е работа, за 20 000 денари. После не чини здравството, не се платени докторите. Да, затоа е плата по учинок. Ама и тоа не ви се свиѓа...така рекле новинарите. Фуј.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Не разбрав, ако може појаснување...
Системот не функционира, ама "да веруваме на наодите на лекарска комора (која што е дел од системот")?!
Инаку токму тоа е поентата, дека тие што вредат нешто се иселуваат затоа што не се доволно почитувани. И несакаат да "се улизуваат".
Не ме сфаќај буквално. Сакам да кажам, веднаш се делат квалификации, уште пред да се испита случајот.
Луѓето кои биле на лице место тврдат дека лекарот не излегол од кругот на поликлиниката и дека заради ненавремена интервенција, човекот починал...

Јас, со исто толку информации, ќе тврдам дека лекарот третирал животно загрозен пациент во истиот момент, па бидејќи немал моќ на билокација, останал на работното место...
Исто така (без да ги знам наодите од обдукцијата), ќе тврдам дека човекот и да бил примен во поликлиниката, немало да му биде спасен животот заради состојбата во која бил примен.... сакав да укажам дека не треба веднаш да се делат квалификации и обвинувања.... дека има како да се докаже кој што (не) направил...

И пак, не се сложувам со насловот „македонските лекари“.... сега,кога веќе почнав, ќе кажам еден конкретен случај, оти за таквите, очигледно нема место во медиумите, оти не се доволно сензационални.

пред неколку години, бев сведок на несреќа на планина. Во отсуство на горска служба за спасување, на помош дотрчаа бруцош на медицински студии, професор по физичко воспитување со обука за спасување на вода, фармацевт и други случајни минувачи. Никој од овие не беше доволно стручен да преземе било што... знаешкој дојде на помош?!
Лекар, кој се рекреирал во близина (на едно 3-4 километри од местото на настанот) и видел кола од брза помош кој дошла најблиску до непристапниот терен... Човекот буквално истрча и цело време, до пренесувањето (на носила) на повредениот (во бесвест) до болница остана со него, а имал слободен ден.... Прочита во некој весник за ова?!

Се надевам ми ја сфаќаш поентата...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom