Ајде јас нешто на кратко ќе пробам да составам... таман да го повторам ученото.
Пред да почнам да зборувам за Микенската култура најпрво ајде да видиме што се случувало во Егеја пред микенците.
Егејската област била населена уште од неолитот. Тоа е област која е доста погодна за населување посебно заради изобилието со вода и малите рамници кои овозможвале населување на првите неолитски заедници .
Првите населувања на оваа територија се смета дека се случиле некаде околу шестиот милениум пред нашата ера за време на миграциите од мала азија ( Плодната полумесечина) и се смета дека тие доселеници ја затекнале областа скоро ненаселена.
Миграциите се одвивале и по копно и по вода и тие се случувале во различно време и доселениците се населувале на различни простори.
Најпознати неолитски култури на овие простори се кулурите Сеско и Димини кои што според керамиката можат да се сметаат за различни , оригинални култури но исто така можат да се поврзат и со културите од исток со што се потврдува таа преселба на неолитските луѓе
Енеолитот:
Во овој период кој ги зафаќа 4 и третиот милениум п.н.е. Се случуваат големи миграции од север кои најверојатно се случиле заради големите климатски промени. Тоа е еден долготраен процес.
Некои од научниците сметаат дека претходните неолитски вредности и култури биле целосно срушени додека пак неко сметаат дека неолитските и енеолитските вредности паралелно се негувале.
Рано бронзено доба во Егеја ( 2500- 1500 г. п.н.е)
При крајот на енеолитот и почетокот на раното бронзено време во егејскиот басен имаме силни влијанија од север од енеолитските односно халколитските култури кои со себе носат нови одлики.Целата бронзена доба е уште позната и како хеладски период кој што пак се дели на :
- Ранохеладско- цел трет милениум ( 3000-2000 г. пн.е.)
- Среднохеладско - 2000 до 1600 г п.н.е
- Доцнохеладско од 1600 до 1200 г. п.н.е
Раното хеладско време е зачеток на неколку големи култури во медитеранот тоа се : Критската , Кикладската,Микенскта кои паралелно се развиваат со Египетската.
Кикладскта култура се развивала на егејските острови северно од Крит и е најпозната по малите статуетки кои биле изработувани од мермер- кикладски идоли.
Во раното железно време на Крит се развива една земјоделска култура која полниот расцут ќе го има во среднохеладското време .
Во ранохеладското време микенската цивилизација сеуште не е создадена и на оваа територија имаме неколку локални култури.
Средно хеладско време во континентална Грција ( 2000-1600 П.Н.Е.)
Во овој период доаѓа до рушење на предходните населби во континентална Грција и се појавуваат грчко- зборувачки заедници кои мигрираат од северозападниот дел на Мала Азија. Овие заедници носат керамика работена на грнчарско колце која е совршена имитација на металните садови. Овие народи се познати како Ахејци кои подоцна ќе ја основаат микена.
Тие свите народи ги погребувале надвор од населбите во камени цисти, освем малите деца кои се пограбувале во рамки на населбите.
Средно хеладско време на Крит
Критската односно минојската цивилизација ( според митскиот крал Минос) во овој период е во најголем подем. Критјаните граделе огромни палати кои во литературата заради својата комплексност се уште познати како лавиринти.
Биле моќни и заради местоположбата на островот било тешко да се нападнат па затоа населбите им биле од отворен тип односно не користеле опсадни ѕидови.
Безбедноста овозможувала развој на уметноста. Во текот на живеењето на оваа цивилизација се јавуваат неколку типови на сликање на вазите од кои што лично мене најмногу ми се допаѓа
марина стилот.
Најпозната е палатата во кносос за која што е поврзан и митот за минотаурот.
Со падот на минојската цивилизација е означен и крајот на среднохеладското време. Уништувањето на оваа цивилизација за научниците претставува мистерија. Некои сметаат дека островот страдал од зејотрес или бил поплавен заради некоја вулканска ерупција или пак нападнат од некои поморски народи.
Создавање на Микена
Микенската цивилизација се создава во почетокот на доцнохеладското време и се развива околу 300 години. Името го добива по градот Микена.
Центрите на микенската цивилизација засебно функционираат и во 13 век некои од нив успеале да направаат и свои колонии.
- Микена
- Тиринт
- Пилос
- Теба
- Орхоменос
- Аргос
Сите овие градови се поврзани со по некој митски јунак кој се спомнува во хомеровата илијада.
Заради тоа ова време е познато уште и како време/ епоха на хероите.
За архитектурата, погребувањето , керамиката, уметноста и учеството на микенците во тројанската војна ќе пишам во наредниот пост.
Од литература топло ви ги препорачувам:
1. Освит цивилизације-
општи преглед старих култура- Од повеќе автори е .
2. Праисториска археологија- Бранко Гавела
3. Уметност античке Грчке - Бранко Гавела
Книгите се стари и не се вкучени новите истражувања ама појасна слика нема да добиете ниту од една друга книга
Критско-Микенски свет или сеуште позната како грчка античка цивилизација позната под името микенска цивилизација која се простирала на грчкиот остров Крит.
Да продолжиме, да не кажувам само јас
А овде има голема грешка колку што се разбирам јас ...
Значи како што спомнав погоре критската цивилизација е уште позната како минојска по митскиот крал минос а не микенска.
Прва се развила критската а потоа и микенската. ТИе се две различни цивилизации кои иако имаат некои сличности заради влијанијата кои што крит ги вршел над микена и сите околни кутури битно се разликуваат.
Значи да разграничиме
Минојската цивилизација се развива на Крит
А микенската во континентална Грција.
Одјава!