Се вратив пред неколку саати и еве да го сумирам 7 дневниот одмор.
Тргнавме сабота у 2 навечер преку Косово и таму бевме сабајлето кај 9. Патот низ Косово е катастрофален, денеска на враќање се исповратив. Низ Албанија е добар, нов пат, а у Црна Гора слично како у Косово.
Кога стигнавме таму имавме среќа и од прва најдовме смештај. Апартманите беа малце подалеку од плажата, ама беа убави, чисти, средени, а имаше и голем двор со плазма ТВ. Цената беше 9 евра по човек.
Што се однесува до водата, првиот ден и вчера беше камен ладна, не ги осеќав јајцата кога влегов, а другите денови беше ок. Ако сакаш место на плажа ќе си дојдеш порано, ако отидеш кај 11-12 тешко дека ќе има место. Е сеа еден ден бевме и на една дива плажа, имаше околу 10-15 минути пешки идење, ама водата беше супер, ем чиста ем топла.
Цените се слични како овде. Ако сакате месо, само барајте го Чудеса од меса. Одлично месо, а и ефтино. Лебот беше малце поскап, ама убав, а исто така, и овошјето им беше скапо. Мислам дека 1кг праска беше 1.90

, али затоа пивото беше ефтино

Никшиќко 0.33 (претежно тоа го пиев) беше 1 евро,а Лав негде беше 1 евро, а негде 1.50.
На шеталиштето наредени се кафиќ до кафиќ и навечер не се знае од каде иде погласна музика. Мада у поголем дел од кафиќите пееја „Звезде г(с)ранда“, али имаше и кафиќи кај што се пушташе и добра музика. Музика има до 1, после тоа е штама. Обично после седевме у двор или на плажа.
Задоволен сум се на се, мада единствено што не ми се свиѓаше е нечистотијата. Многу нечисто им беше таму, на моменти ми делуваше дека и Тетово е почисто. Ипак и покрај све, пак би отишол