Друже, нема да имаш никаков проблем со диск кочниците на Specialized Hardrock Disc за кој и навивам од горенаведените. Бидејќи се механички дискови се што треба да смениш се нови гуртни и сајли од прилика еднаш на две години. Батали V кочници, во странство скоро и да не се користат. Исто така со време можеш и да го надградиш со подобри делови. Точачето е супер, посебно рамката, другото се се менува. Ова од искуство ти зборам зошто и јас возам Specialized велосипед и сум презадоволен.
--- надополнето: 19 август 2012 во 18:50 ---
Не знам за што зборуваш, имаш ли слика како изгледа точакот со налепниците, како изгледаат ???