Ете помина едно полувреме. Ја држиме топката, ама не создадовме премногу шанси. Сандерленд неможат да поврзат 2 додавања на наша половина, што е за пофалба. Им дозволивме 2 шута кои можеа да бидат и многу поопасни, али нормални се такви пропусти кога никој не те притиска по 15-20 минути.
Бековите премногу тивки. Поретко поминуваат половина што ни го гуши малку нападот. Волкот без добар бек позади него е далеку понеопасен. Жервињо исто.
Казорла одличен. Само нека го служи здравјето. Прекрасно чувство за додавање,со двете нозе, прав разигрувач на нападот.
Очекувам повеќе да притиснеме во второво полувреме, го имаме квалитетот на наша страна. Брз гол во второ ќе ни заврши работа.