Диети и слабеење

М

Мартин`

Гостин
Море еден ден ќе се прејадам направен леб дома и џем цел ден ќе го јадам :).Работата е калорискиот внес :) имаше и диета со твинки нешто како слатко и беше лимитиран на 2000 калории и слабееше но колку беше здрава тоа е дискутабилно :)
Во право си за тоа за калорскиот внес ама многу потешко е да издржиш со 2000 калории внесени од нездрава храна (пр мајонез, хамбургер итн) во споредба со 2000 калории од здрава храна кои повеќе ќе те заситат и нема да ти треба плус храна. Диетата погоре што ја пиша членката ја имам и јас горе-доле напишана без леб/благо/газирани сокови и намалување на лебот, ем не се ограничуваш ептен во исхраната.. ем нема многу мачење за подготовка на храната ем се слабее како што треба.

Јас со намалување на лебот, тотално исфрлање на газираните и општо соковите како и намалување на благото за само 2 ипол месеци успеав од 76-77 кила да стигнам на 71-72 + 2 пати кардио по пола саат неделно додадено на оваа исхрана :) планот ми е скроз да се издефинирам ама некако мрзлив сум да правам вежби почесто и паѓам на искушенија одвреме навреме.
 
S

Stef Bachatero

За тоа си прав да книгава објаснува кој храни дебелеат.Ја препорачувам сите да ја прочитаат и да ја применуваат.
http://speedy.sh/UFjGd/The-Slow-Carb-Cookbook.pdf
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Stef Angel, ти го читам блогот, интересни работи имаш. Сакав да те прашам за мислење за една диета - УН диетата (90 дена, распределба на храната по вид во 4 дена).
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Stef Angel, ти го читам блогот, интересни работи имаш. Сакав да те прашам за мислење за една диета - УН диетата (90 дена, распределба на храната по вид во 4 дена).
Немам ништо против било која диета и да е на планетава се дур се држи како што треба.Треба да се применува како животен стил + малку да се уклучи вежбање со отпор(чучњеви,склекови,згибови,скокање)
Програмава најди ја на интернет ем е забавна ем е предизвикувачка и вежбите траат 15минути нагоре.Но не очекувај дека ќе бидат лесни :).Нормално секогаш препорачувам ако вежбаш да имаш доволен протеински внес 1.5 до 2 грама дневно за да не се изгуби мускулна маса и да има подобра регенерација.Ако сакаш бидеш фит секоја диета со намален калориски внес може да биде подобро од рестрикција на денови кога е ограничено да не јадеш месо затоа што ден без месо е како македонец без ајвар за мене лично пилешко и риба е тоа што користам кога кратам на калории.Не правам тогаш интензивни вежби шетам и пешачам.Но деновите кога вежбам јадам што сакам и не се грижам за калории.Треба секогаш да биде седмичен калориски внес пример јас неделно треба да конзумирам 21000-28000 калории за да ја задржам килажава а неделно сега внесувам под 20000 калории за да имам помали резултати но констатни,полека долниот дел на стомакот се топи,додека кај жените бутовите и колковите најтешко е да се стопат.Моја препорака како сите е да активно вежбаат 3 пати неделно тренинг со отпор и 2 пати неделно кардио зашто кардио не топи калории како отпорен тренинг.Има нешто што се вика afterburn и тоа е максимално горење на калории после вежбање а тоа го има највеќе кај тренингот со отпор за разлика од кардиото кога ќе ги изгориш калориите и потоа не добиваш никаков ефект.Значи да резимираме
Деновите кога не вежбаш протеински внес
Деновите кога правиш кардио средно минимален внес на јх
Деновите кога правиш тренинг со отпор јади што сакаш ич уво да не ти чуе.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Бидејќи јас како ептен почетник и мрза, што никогаш не се ставила на режим или вежбала, решив да скинам, не килца, туку кила и масно ткиво :), и немам врска што е тоа тренинг до отпор, кардио, и afterburn вежби. Ако не те мрзи и ако имаш време, би те замолила да ми објасниш околу тие видови вежби. Значи сакам да симнам масти, да се видам ослабната :) , а потоа да издефинирам мускулно ткиво (се надевам ќе стигнам до тој план).
 
Член од
10 август 2012
Мислења
12
Поени од реакции
2
Јас треба малце да се ставам во режим,во последно време почнав да бутам се што ми стаса при рака а тоа не е уабво знам.Така да ми треба некое диетиче за да с евратам во нормала
 
CUCULIGA

Баксуз
Член од
12 август 2012
Мислења
84
Поени од реакции
53
Ja читам темава и има многу корисни совети. Не сум некоја што може да се придржува до строги и досадни диети. Се ставив на режим, здрава исхрана и трчање 3 пати неделно и внимавам колку калории дневно внесувам. По калкулаторот треба да внесувам 1900 к дневно за одржавање на тежината, јас се стремам за 1500 к, пошо нели сакам да слабеам, ама завршувам со 1700 к во денот.Нејсе, сепак има резултати.
Од исхраната скроз го исфрлив лебот, благото и пржената храна. Јадам житарки, многу зеленчук и од месо само пилешки стек. Ич не сум по другото месо и овошјето, не можам да ги јадам. Пијам зелен чај незасладен, еден дневно, зашто има многу кофеин и после не можам да заспијам, и секогаш откако ќе го испијам ми се намалува апетитот.
Резултатот е 2 кг неделно минус и јас се чувствувам многу задоволна. Е сеа како да ги надокнадам протеините што не ги внесувам со месото ? Прочитав соја негде .... може да пробам со тоа.
Друга работа, правам кардио а и вежби за спојлерчињата и стомакот, иако викаат дека мозокот сам одлучува на кој дел ќе топи масти и тие стомачни вежби се бескорисни за почеток, јас сепак губам таму кај што сакам - во обем на половината. Може сум само среќна, ху ноус. Дури почнаа вените да ми се познаваат на стомакот, по што се исплашив, али дознав дека е позитивно оти значи дека има ефект.
Фала ви на сите што ги споделувате овие корисни совети, темава е еден вид морална поддршка за сите оние кои се решаваат за здрав начин на живот.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Бидејќи јас како ептен почетник и мрза, што никогаш не се ставила на режим или вежбала, решив да скинам, не килца, туку кила и масно ткиво :), и немам врска што е тоа тренинг до отпор, кардио, и afterburn вежби. Ако не те мрзи и ако имаш време, би те замолила да ми објасниш околу тие видови вежби. Значи сакам да симнам масти, да се видам ослабната :) , а потоа да издефинирам мускулно ткиво (се надевам ќе стигнам до тој план).
Стомачни
Склекови како да почнеш и како да напредуваш
Вежби за трицепс со сопствена тежина и со ластик и како да имаш затегнати раце
Вежби за цело тело но за почеток ти препорачувам да почнеш со основата цело тело да додадеш малку кардио и да пазиш на исхраната.
Ja читам темава и има многу корисни совети. Не сум некоја што може да се придржува до строги и досадни диети. Се ставив на режим, здрава исхрана и трчање 3 пати неделно и внимавам колку калории дневно внесувам. По калкулаторот треба да внесувам 1900 к дневно за одржавање на тежината, јас се стремам за 1500 к, пошо нели сакам да слабеам, ама завршувам со 1700 к во денот.Нејсе, сепак има резултати.
Од исхраната скроз го исфрлив лебот, благото и пржената храна. Јадам житарки, многу зеленчук и од месо само пилешки стек. Ич не сум по другото месо и овошјето, не можам да ги јадам. Пијам зелен чај незасладен, еден дневно, зашто има многу кофеин и после не можам да заспијам, и секогаш откако ќе го испијам ми се намалува апетитот.
Резултатот е 2 кг неделно минус и јас се чувствувам многу задоволна. Е сеа како да ги надокнадам протеините што не ги внесувам со месото ? Прочитав соја негде .... може да пробам со тоа.
Друга работа, правам кардио а и вежби за спојлерчињата и стомакот, иако викаат дека мозокот сам одлучува на кој дел ќе топи масти и тие стомачни вежби се бескорисни за почеток, јас сепак губам таму кај што сакам - во обем на половината. Може сум само среќна, ху ноус. Дури почнаа вените да ми се познаваат на стомакот, по што се исплашив, али дознав дека е позитивно оти значи дека има ефект.
Фала ви на сите што ги споделувате овие корисни совети, темава е еден вид морална поддршка за сите оние кои се решаваат за здрав начин на живот.
Тука сме сите да ги подржиме во вистината а тоа е дека без да си го испотиш гзот нема да добиеш резултати.Никаков шејк,ниедно апче не може да ги замени вежбите и активноста.
Јас треба малце да се ставам во режим,во последно време почнав да бутам се што ми стаса при рака а тоа не е уабво знам.Така да ми треба некое диетиче за да с евратам во нормала
Почни прво да заменуваш не здравите оброци со здрави.Наместо леб почни со мусли.После мусли овес + банана со вода од сабајле.Наместо да земаш бели пецива,земај баланс+ јогурт и почни да готвиш со јајца,бело месо,риба и да додаваш ленено семе,семки од тиква и потоа нај на крај префрли ја цела исхрана на мешунки(соја,грав,грашок,леќа,наут) + додај пешачење од 1 час и потоа трчај на скали и комбинирај ако можеш со трчање и полека додавај вежби за цело тело.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Здраво ли е да да доручкувам јогурт со овес, или јогурт со мешавина од ленено семе, и некои други семиња, или треба само со вода?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Здраво ли е да да доручкувам јогурт со овес, или јогурт со мешавина од ленено семе, и некои други семиња, или треба само со вода?
Се е штетно ако се претера нели.Конзумирај во нормални количини за девојки е од 1500-2000 калории дневно.Почни од денеска не од утре и секогаш активирај ги мислите позитивно и ќе успееш.
 
M

Muranyi

Гостин
Stef Angel Братче ја пробив фамозната граница од 88,вчера утрото се мерев-87 и 700 поточно:) И да,во право си дека човек не треба многу да се оптоварува со вагата зашто во текот на денот варирам и до плус 3 кила.Тоа ми беше целта поставена за до крајот на овој месец,ете ја исполнив и сега планирам да намалам уште 3 кила,овојпат временска граница не си поставувам.Паднав и во мускул доста,но визуелно изгледам многу подобро благодарение на стопеното сало,со 85 ќе изгледам топ.Исхраната ми остана иста како што ја терав овие 6 недели,не се префрлив на Аткинсонова диета зашто сум голем скептик во врска со неа.Во секој случај,тежинскиот тренинг си го направи своето.Ти благодарам за советот.
Инаку ослабев 11 кила за неполни 6 недели.
 
Гледај да правиш 3 дена високо протеински внес 1 ден јади што сакаш.Со тоа кога ќе направиш ем мускулна маса ем ќе топиш сало.Деновите кога внесуваш високопротеински внес исцеди се максимално со кардио.Деновите кога јадеш што сакаш земи прави тежински вежбања.3 пати неделно ќе правиш стомачни,особено оние од p90x ab ripper.Најди ги на youtube прави ги во размер на секои 3 дена за да немаш стомак што ќе ти шета и ќе изгледаш позатегнато.Исто денот кога ќе правиш тежински вежбања прави го цело тело нозе 2 вежби,гради 3 вежби,грб 3 вежби,рамења ги вежбаш со грбот и градите и раце најди ластик и почни да вежбаш јако и постирај резултати.Иначе режимот е познат како carb cycling и е со цел да стопиш највеќе можно сало во рок од 2 месеци.Јас од 18 проценти стасав на 12.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Здраво ли е да да доручкувам јогурт со овес, или јогурт со мешавина од ленено семе, и некои други семиња, или треба само со вода?
Со вода е поздраво освен во ретки случаи каде екстремно добро преработуваш млечни производи без разлика на казеинот и уништените ензими при пастеризацијата.
 
Заради вкусот,би можело и чај.Со вода ептен е блувотина:oops:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom