Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Го цитирам целиот пост на членов, затоа што целиот дава простор за цела нова тема.Кој ми бил најубав момент во животот?
Јас се држам до Латинската поговорка:
In secundis time, in adversis spera.
приближно: во среќата - плаши се, во несреќата - надевај се
Па... дали и колку вие останатите се држите до оваа поговорка? Или па до онаа сличната... после дождот доаѓа сонце и обратно?
Дали кога сте среќни не ја доживувате таа среќа целосно, плашејќи се од тоа што следува потоа? Или па кога сте несреќни полесно од што треба го преживувате тоа, надевајќи се дека потоа следува нешто убаво?
Ако живеете така, дали некогаш помислувате дека токму поради тоа немате и не можете да доживеете најубави и најлоши моменти баш како што треба? Вреди ли да се живее така?