Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Хахаха Боби[Мкд] ќе каже за мене, да не се фалам и јас тука :P
А мислам дека Gemini_Flux не ја разбра поентата на муабетот :icon_lol:
--- надополнето: 17 август 2012 во 11:58 ---
Е добро де, ако веќе се фалиме, и ја имам просек 9.80, и тоа на еден од потешките факултети, ама тоа не беше поентата на муабетов во никој случај. Да не бегаме оф топик.

Зависи што бараш од студентскиот дом, и што подразбираш под најдобар...
Стив-Ако сакаш пијанчења, луди журки секоја ноќ, гужви, народ,дружење ( нема никаква приватност, а и за учење е малку потешко пошто нема читална, а по собите нонстоп е хаос... не се знае кој пие кој плаќа...машките згради се океј, женската-хаос,во смисла на услови за живеење)
Кузман-Во Центар е, услови за живеење-за нијанса подобри отколку во останатите домови,по 2ца во соба.. Не сум живеела таму така да не знам многу што како, но доста го фалат, а и секоја година се тепаат за места таму, најјаки врски требаат, па ваљда е добар.
Гоце-Ако сакаш малку поголема приватност, ова ти е правиот избор, пошто во соба се по 2ца ... Малку во процес на распаѓање се веќе собите, зависи каква ќе се погоди... ама се на се, и тој е океј.
Пелагонија-За учење и дисциплина овој е најдобар мислам. И услови за живот најдобри пошто е приватен. Маана:по 4-5 у соба се, значи приватност-0. Ааааа и етничка толеранција е потребна пошто има голем број и на Албанци и на Македонци..
Сениќ-Немам инфо за таму, некои се фалат, некои се жалат, али не сум била, не сум видела, појма немам....

А секако зависи и кој ти е најблизу до факс и све тоа, така да мн фактори се у прашање...
Ова е секако мое мислење за домовите, базирано на моето искуство...Ако некој мисли поинаку нека си го каже своето гледиште.
Поздрав.
Кузман и не е толку добар како што другите мислат. Освен добрата локација и тоа што се двајца во соба, немаш некоја предност. Собите се многу мали и воопшто не се средени. Велиш дека женската зграда во Стив била катастрофа за живеење. Во Кузман собите не се ништо подобри, дури и полоши може да се каже(зависи на каква соба ќе налеташ) ама ете тоа ти е. Дека се тепаат секоја година-се тепаат, ете и јас од прва година сум таму, се навикнав и не сакам да слушнам за друг дом за седење! :)
Значи заклучок, кај и да си ќе се навикнеш, освен ако не си некое претерано специфично дете. Условите никаде не се сјајни ама тоа е.
 
Дечки дали некој може да објасни што и како треба за поднесување жалба,и од кога до кога е рокот?
 
Дечки дали некој може да објасни што и како треба за поднесување жалба,и од кога до кога е рокот?

До лани приговори се поднесуваа во Кузман во истиот период кога се поднесуваа документите за примените на прелиминарна. На врата таму имаше готови приговори во кои треба да внесеш само твои податоци и заедно со другите потребни документи ги поднесуваш таму.

Годинава не знам зошто би било поинаку оти тука и не пишува дека ќе биде поинаку

Поднесувањето на документите за домовите во Скопје ќе биде во периодот од 21 (Вторник) до 24 (Петок) Август во просториите во Студентскиот Дом „Кузман Јосифовски - Питу“ (менза), во периодот од 9:30 до 15 часот.За домовите кои не се во Скопје документите се носат во локалниот дом за кој аплицирал студентот. Во истиот период ќе се поднесуваат и приговорите за студентите кои ги нема на прелиминарната листа.

http://www.smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj/info
 
Здраво дечки, јас сум уште еден бруцош, ќе студирам на ПМФ, а сакам да седам во дом...знам дека Стив ми е најблиску, меѓутоа гледам многу неубави коментари за него, ако може некој да ми каже Пелагонија колку ми е далеку од факултетот??
 
Здраво дечки, јас сум уште еден бруцош, ќе студирам на ПМФ, а сакам да седам во дом...знам дека Стив ми е најблиску, меѓутоа гледам многу неубави коментари за него, ако може некој да ми каже Пелагонија колку ми е далеку од факултетот??
Прилично далеку ти е Пелагонија, а мислам и дека немаш директна автобуска линија. Стив ти е најблиску, а и Сениќ не е многу далеку. Што се однесува до неубавите коментари, секој дом си има маани, ама ќе се навикнеш со време.
 
да не знај некој/а кога се конкурсите за во студентски за бруцоши?
 
Рок за електронското пријавување на студентите од I година почнува од 21.08.2012 година до 27.08.2012 година.
--- надополнето: 17 август 2012 во 19:46 ---
да не знај некој/а кога се конкурсите за во студентски за бруцоши?
 
И сега за у кој студентски не требаа врски? Како рековте? :tapp:
 
И сега за у кој студентски не требаа врски? Како рековте? :tapp:
Ако си бруцош, Кузман и Гоце отпаѓаат одма пошто таму „не примаат“ бруцоши, значи ти остануваат Пелагонија, Стив ,Сениќ и Медицинар. Пелагонија исто така мислам дека е тешко без врски, додека у останатите е полесно, ама никад не се знае, се може да се случи.
 
Ако си бруцош, Кузман и Гоце отпаѓаат одма пошто таму „не примаат“ бруцоши, значи ти остануваат Пелагонија, Стив ,Сениќ и Медицинар. Пелагонија исто така мислам дека е тешко без врски, додека у останатите е полесно, ама никад не се знае, се може да се случи.

Гоце од лани примаат
 
Ја бев лани бруцош - не примаа (во наводници де, со врски сегде примаат, како што кажа членот погоре)


Може и така да мислев оти еден куп бруцоши имаше вклучувајќи го и StormRage
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom