S 
		
				
			
		StormRage
Гостин
јас пак ќе сум во машинската гореНикако![]()
 и btw, ќе пиеме пиво на тераса и ќе слушаме ќелајци

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
јас пак ќе сум во машинската гореНикако![]()
 

Кузман и не е толку добар како што другите мислат. Освен добрата локација и тоа што се двајца во соба, немаш некоја предност. Собите се многу мали и воопшто не се средени. Велиш дека женската зграда во Стив била катастрофа за живеење. Во Кузман собите не се ништо подобри, дури и полоши може да се каже(зависи на каква соба ќе налеташ) ама ете тоа ти е. Дека се тепаат секоја година-се тепаат, ете и јас од прва година сум таму, се навикнав и не сакам да слушнам за друг дом за седење!Е добро де, ако веќе се фалиме, и ја имам просек 9.80, и тоа на еден од потешките факултети, ама тоа не беше поентата на муабетов во никој случај. Да не бегаме оф топик.
Зависи што бараш од студентскиот дом, и што подразбираш под најдобар...
Стив-Ако сакаш пијанчења, луди журки секоја ноќ, гужви, народ,дружење ( нема никаква приватност, а и за учење е малку потешко пошто нема читална, а по собите нонстоп е хаос... не се знае кој пие кој плаќа...машките згради се океј, женската-хаос,во смисла на услови за живеење)
Кузман-Во Центар е, услови за живеење-за нијанса подобри отколку во останатите домови,по 2ца во соба.. Не сум живеела таму така да не знам многу што како, но доста го фалат, а и секоја година се тепаат за места таму, најјаки врски требаат, па ваљда е добар.
Гоце-Ако сакаш малку поголема приватност, ова ти е правиот избор, пошто во соба се по 2ца ... Малку во процес на распаѓање се веќе собите, зависи каква ќе се погоди... ама се на се, и тој е океј.
Пелагонија-За учење и дисциплина овој е најдобар мислам. И услови за живот најдобри пошто е приватен. Маана:по 4-5 у соба се, значи приватност-0. Ааааа и етничка толеранција е потребна пошто има голем број и на Албанци и на Македонци..
Сениќ-Немам инфо за таму, некои се фалат, некои се жалат, али не сум била, не сум видела, појма немам....
А секако зависи и кој ти е најблизу до факс и све тоа, така да мн фактори се у прашање...
Ова е секако мое мислење за домовите, базирано на моето искуство...Ако некој мисли поинаку нека си го каже своето гледиште.
Поздрав.

Дечки дали некој може да објасни што и како треба за поднесување жалба,и од кога до кога е рокот?
Прилично далеку ти е Пелагонија, а мислам и дека немаш директна автобуска линија. Стив ти е најблиску, а и Сениќ не е многу далеку. Што се однесува до неубавите коментари, секој дом си има маани, ама ќе се навикнеш со време.Здраво дечки, јас сум уште еден бруцош, ќе студирам на ПМФ, а сакам да седам во дом...знам дека Стив ми е најблиску, меѓутоа гледам многу неубави коментари за него, ако може некој да ми каже Пелагонија колку ми е далеку од факултетот??
да не знај некој/а кога се конкурсите за во студентски за бруцоши?
Ако си бруцош, Кузман и Гоце отпаѓаат одма пошто таму „не примаат“ бруцоши, значи ти остануваат Пелагонија, Стив ,Сениќ и Медицинар. Пелагонија исто така мислам дека е тешко без врски, додека у останатите е полесно, ама никад не се знае, се може да се случи.И сега за у кој студентски не требаа врски? Како рековте?![]()
Ако си бруцош, Кузман и Гоце отпаѓаат одма пошто таму „не примаат“ бруцоши, значи ти остануваат Пелагонија, Стив ,Сениќ и Медицинар. Пелагонија исто така мислам дека е тешко без врски, додека у останатите е полесно, ама никад не се знае, се може да се случи.
Ја бев лани бруцош - не примаа (во наводници де, со врски сегде примаат, како што кажа членот погоре)Гоце од лани примаат
Ја бев лани бруцош - не примаа (во наводници де, со врски сегде примаат, како што кажа членот погоре)
Илегалци ситеМоже и така да мислев оти еден куп бруцоши имаше вклучувајќи го и StormRage
 вклучувајќи го и него 