СРАМНО: Офицери на АРМ се поклонија на споменикот на УЧК

Статус
Затворена за нови мислења.

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Види ја ти Мирка конечно нешто реално да напише, ваљда и неа веќе и прекурчи од популизмот и ренесансата.
Не и е прва ваква колумна, повеќе до сега вакви сум прочитал и (y)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не и е прва ваква колумна, повеќе до сега вакви сум прочитал и (y)
Јас сите што досега сум и ги прочитале влечеле на една страна. Затоа и ја пофалив конечно да се расплука како што треба. Плукај Мирке додека можеш, само внимавај марихуана у двор да не ти најдат :)
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Посмртниот марш на Бесими
Мирниот и образован кадар на ДУИ од засега само нему познати причини, а можеби и на Али Ахмети и на американскиот амбасадор Пол Волерс, се дрзна во својство на македонски министер за одбрана со државнички почести да се поклонува таму каде што не треба
Министерот за одбрана Фатмир Бесими, без придружба и помпа, во отсуство на медиумите, ненајавено отишол пред споменикот во Слупчане за да им оддаде почит на загинатите борци на ОНА. Тој со себе ја понел само својата виолина и со насолзени очи, во чест на загинатите, го отсвирил посмртниот марш, тврдат очевидци на настанот што случајно се нашле во близината на споменикот.
Доколку ова навистина се случеше, Бесими можеби ќе поттикнеше симпатии кај албанскиот електорат, но и кај Македонците, а неговиот потег ќе се протолкуваше како приватна работа и искрена жал за оние што не се веќе меѓу живите. Впрочем, кому му требаат камери и аплауз ако го понесат емоциите да плаче врз нечија судбината. А тоа најдобро го знаат оние што загубиле некој близок.
Така ќе беше доколку Бесими имал искрена намера. Но, наместо тоа, мирниот и образован кадар на ДУИ од засега само нему познати причини, а можеби и на Али Ахмети и на американскиот амбасадор Пол Волерс, се дрзна во својство на македонски министер за одбрана со државнички почести да се поклонува таму каде што не треба. Овој чин е далеку од градење доверба како што тврди министерот. Впрочем, каква порака испраќа тој до Македонците ако утре или задутре биде загрозена безбедноста на државата од некоја нова ОНА или, пак, АНА? Дали тој ќе даде наредба да се штитат суверенитетот и интегритетот на државата или ќе застане на спротивната страна? Балканот сѐ уште е буре барут, а на север од нас постои кратер што може лесно да избувне доколку некој реши да биде така. Доколку Бесими и неговата ДУИ сакаат да градат доверба, тоа можат да го сторат и на поинаков начин, да инсистираат кај американските пријатели брз влез на Македонија во НАТО, да помогнат во интегрирањето на државата во ЕУ, да најдат начини за подобрување на економската состојба, но не со поклонување пред споменици, па макар тоа да го нарачал лично Барак Обама. Не постои збор со кој може да се опише чинот кога некој манипулира со починати за одредени лукративни цели.
Но колку потегот на Бесими беше егоистичен, насочен за добивање политички поени, толку и беа и реакциите на македонските партии.
Партијата на Бранко Црвенковски, која само пред неколку месеци ѝ нудеше на Теута Арифи да биде премиер, се најде најповикана да го осуди чинот. Било без преседан! А да му се нуди премиерско место на Албанец не е преседан. Прв човек на владата од редовите на ДУИ ќе значи не само државничко поклонување на споменик во Слупчане туку и преселување на споменикот среде скопскиот плоштад. СДСМ најмалку треба да се чука во патриотски гради оти нивниот патриотизам ни е познат уште од далечната 1991 година, кога плачеа по СФРЈ, го воведоа принципот влада по Бадентер, ја скроија општинската мапа по етничка линија, а изминативе годиниве ветуваат сѐ и сешто само Ахмети да му ја откаже љубовта на Никола Груевски. Згора на сѐ, коалицираат со лица што се залагаат за поделба на Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак не е доволно да кажат дека потегот е приватен, кога сликата на државнички почести пред споменикот на борците на ОНА не оддава никаква приватност. Време е да се побара оставка од Бесими, и тоа што поскоро, и да се преиспита дали овој ресор треба да е во рацете на ДУИ или со него да раководи кадар во кој граѓаните ќе имаат доверба дека ги чува додека спијат мирно.
Зашто, последно што ни треба е внесување недоверба кај граѓаните во однос на безбедносниот систем.
ВМРО-ДПМНЕ доволно направи и за ДУИ и за ДПА и за сета ОНА кога ја изгласа амнестијата на хашките случаи Да се потсетиме, тоа се воени злосторства што според меѓународното, а и македонското право, не застаруваат и без амнестијата за која како попарен молчи и Уставниот суд, можеше да се случи, кога тогаш, Ахмети и неговите да одговараат за загинувањето на околу 70 македонски бранители, десетици исчезнати цивили, над 100 повредени и многу раселени лица.
Американците се посебна приказна во случајов. Не е јасно со што се најдоа повикани да даваат таква еднонасочна изјава и да го величат лидерството на Бесими. Поклонувањето пред споменикот во Слупчане со државнички почести за Македонците е рамно на поклонување на државни лица од САД пред споменик на некој терорист што убива Американци.
Едноставно, за потегот на Бесими нема оправдување, ако ништо друго, поради чувствата на роднините на борците што во 2001 година застанаа во одбрана на Македонија.
Барањата на Албанците досега беа почитувани. Се виде дека институционално може да се решат меѓуетничките односи. Значи, Владата и парламентот се места каде може да се побараат рехабилитација и обесштетување на жртвите од конфликт од 2001 година и каде што може и да се провоцира и да се глуми загриженост за граѓаните. Но тоа никако не смее да се прави на нечиј гроб или споменик. Затоа, на Бесими треба да му се отсвири политичкиот посмртен марш.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Што се чудите луѓе?

СДСМ кога владееше 1993-1995 г. се дадоа државјанства на 120,000 косоварски албанци, привремени жители на Р. Македонија, а државјани на Р. Србија - Косово.

Нели, Самарас имаше тактика дека полесно ќе ја победи Македонија доколку Македонија се албанизира???????

Потоа СДСМ воведе непишано начело во 1993 г. дека морало во Владата да има и албанска партија. Од граѓанска држава се направи двонационална држава, секако пак непишано.

Потоа Бане, Љубчо, Тачи и Трајковски потпишаа Рамковен договор.
Го сменија уставот.

СДСМ формираше коалиција со партијата наследничка на ОНА/АНА/УЧК уште во 2002 г., веднаш по конфликтот.

За време на Владата на СДСМ и ДУИ, 2002-2006 г. се донесе закон за територијална поделба на Р. Македонија, со општински граници кои ги бараа Албанците од Македонија, Косово и Албанија.

Сега нема што да се буниме, таква Рамка потпишал некој. И Грујо и Ѓорѓе да сакаат да ги бранат македонските национални интереси, осамени се, зошто немаат партнер со ист промакедонски став кај опозицијата.
Грујо ако се буни многу, ќе падне владата и со нова опозиционерска влада, нема да биде ништо чудно ако дочекаме и нови уставни промени, федерализација, промена на име итн.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Еден народ не може да се оценува според уличните тепачи, според пироманите, според убијците кои припаѓаат на тој народ.....
Но тоа ви се допаѓа да го правите, некако ви ја олеснува совеста да генерализирате како што сакате,
очајно барате оправдание за несмислена омраза....
Болни луѓе има кај сите народи, ако сакате да знаеш дали се гордеам со нив, да знаеш дека не се гордеам ..... сакам да ги снема.....
Ама жалосно е што ни се падна народ со 90% умоболни кои уште веруваат во авторитетот на Дукаѓин.
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Џабе збориме треба протести да организираме да искочиме сите со пароли за оставка веќе не пишувам на оваа тема се истото се повторува
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Сега нема што да се буниме, таква Рамка потпишал некој. И Грујо и Ѓорѓе да сакаат да ги бранат македонските национални интереси, осамени се, зошто немаат партнер со ист промакедонски став кај опозицијата.
По твојава логика воена парада треба се организира во Слупчане. Како да нема реакции?
....а ова па бедава од „новинари“ на чело со Мирка, пак некој како реагира у СДС и е најбитно....малку се бавеше со Ѓорѓе „залутаниот“ (кој бтв има улога на самар во истоимената поговорка и јаде стапови кога треба некој друг), па после одма им се нафрли на СДС.....дека ја укакале кога требало - точно, ама сега се бавиме со конкретен настан...
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Не е можно ова Мирка да го пишала,па нели она беше прв "патриот",со бурекон,свињана и србендана?Аии нешто се случува,да не касни исплатата?
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Не е можно ова Мирка да го пишала,па нели она беше прв "патриот",со бурекон,свињана и србендана?Аии нешто се случува,да не касни исплатата?
Чим пишува нешто не чини можда ке има реакција ама да почекаме ке видиме
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Јас сите што досега сум и ги прочитале влечеле на една страна. Затоа и ја пофалив конечно да се расплука како што треба. Плукај Мирке додека можеш, само внимавај марихуана у двор да не ти најдат :)
Мирка ми е најомилен новинар. Секогаш работите ги гледа од македонска национална перспектива и интерес, иако по мајка е гркиња.
--- надополнето: 17 август 2012 во 12:26 ---
Не е можно ова Мирка да го пишала,па нели она беше прв "патриот",со бурекон,свињана и србендана?Аии нешто се случува,да не касни исплатата?

А што сакаш да кажеш дека вие грко-власите и каракачаните сте поголеми македонски патриоти?
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
По твојава логика воена парада треба се организира во Слупчане. Како да нема реакции?
....а ова па бедава од „новинари“ на чело со Мирка, пак некој како реагира у СДС и е најбитно....малку се бавеше со Ѓорѓе „залутаниот“ (кој бтв има улога на самар во истоимената поговорка и јаде стапови кога треба некој друг), па после одма им се нафрли на СДС.....дека ја укакале кога требало - точно, ама сега се бавиме со конкретен настан...
Настанот е последица дирекно на политиката на оние што укакаа години наназад и уште сакаат да какаат.
--- надополнето: 17 август 2012 во 12:30 ---
Ако досега немаш намлатено илјадници евра плукни се и избегај некаде, значи не те бива.
Не се секирај колку пари имам, но битното е дека Битушанец ги согледува работите реално.

Како што напишав: Сега нема што да се буниме, таква Рамка потпишал некој. И Грујо и Ѓорѓе да сакаат да ги бранат македонските национални интереси, осамени се, зошто немаат партнер со ист промакедонски став кај опозицијата.
Грујо ако се буни многу, ќе падне владата и со нова опозиционерска влада, нема да биде ништо чудно ако дочекаме и нови уставни промени, федерализација, промена на име, зголемување на даноците за 140%, а тоа ви значело и бркање на инвеститори, просечна плата од 100 ЕУР итн.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не се секирај, Битушанец ги согледува работите реално.
Знам во иста година сме зачленати на Кајгана. Иди ова на помладиве кажувај им го мене не. Со тајминг си, се будиш пред избори исто како Реален. Само многу рано ја почнавте кампањава, значи не очекува ужасно досадна есен и зима. Подобро веднаш да ве блокирам.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Што се чудите луѓе?

СДСМ кога владееше 1993-1995 г. се дадоа државјанства на 120,000 косоварски албанци, привремени жители на Р. Македонија, а државјани на Р. Србија - Косово.

Нели, Самарас имаше тактика дека полесно ќе ја победи Македонија доколку Македонија се албанизира???????

Потоа СДСМ воведе непишано начело во 1993 г. дека морало во Владата да има и албанска партија. Од граѓанска држава се направи двонационална држава, секако пак непишано.

Потоа Бане, Љубчо, Тачи и Трајковски потпишаа Рамковен договор.
Го сменија уставот.

СДСМ формираше коалиција со партијата наследничка на ОНА/АНА/УЧК уште во 2002 г., веднаш по конфликтот.

За време на Владата на СДСМ и ДУИ, 2002-2006 г. се донесе закон за територијална поделба на Р. Македонија, со општински граници кои ги бараа Албанците од Македонија, Косово и Албанија.

Сега нема што да се буниме, таква Рамка потпишал некој. И Грујо и Ѓорѓе да сакаат да ги бранат македонските национални интереси, осамени се, зошто немаат партнер со ист промакедонски став кај опозицијата.
Грујо ако се буни многу, ќе падне владата и со нова опозиционерска влада, нема да биде ништо чудно ако дочекаме и нови уставни промени, федерализација, промена на име итн.

Абе ти како да си претплатен да збориш против СДСМ и останатите кои не се ВМРО.

Дај бе ти и таквите ко тебе соземете се малку. Ја гуиме полека половина држава, а ти тука ми збориш за плави и портокалови, кој е крив , кој е прав.

ТОлкав ли ти е капацитетот, да не можеш да смислиш нешто сам, па мора да чекаш некој да ти каже што да пишеш?
Јадна Македонија, со вакви синови.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Сега нема што да се буниме, таква Рамка потпишал некој. И Грујо и Ѓорѓе да сакаат да ги бранат македонските национални интереси, осамени се, зошто немаат партнер со ист промакедонски став кај опозицијата.
Грујо ако се буни многу, ќе падне владата и со нова опозиционерска влада, нема да биде ништо чудно ако дочекаме и нови уставни промени, федерализација, промена на име итн.
Види, ја цел живот сум за ВМРО и СДСМ не ги сметам за луѓе. Стварно.
Све си у право за СДСМ и другите, али ќе те прашам кој и каде потпишал за амнестија на воени злосторници и која ли е таа причина што било кого ќе натера да прогласи за невин некој кој им бутал стапови во газ на работниците од Маврово и после ги терал да ги лижат? Која е оправданата причина на целиов свет, поради која треба да биде слободен некој кој живи луѓе влечел со трактор по нива?
Рацете на пратениците на ВМРО кои гласаа за ова треба да се исечат, at least.

Која е причината за замижување пред флагрантните континуирани насилства на Албанците?

Па има тема со список да му се сневиди, не е тоа субјективно никако.

Ало, убија деца на Велигден и без грам совест излегоа да ги бранат егзекуторите бре! Кај е ВМРО?
Љупчо беше гом но, го сменивме. Памтиш?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom