Научно-фантастични серии

  • Креатор на темата Креатор на темата john do
  • Време на започнување Време на започнување
OOoo мило ми е што серијава има фанови на форумов. Стварно е закон иначе.
farscape_scorpius-e1295493104742.jpg


Еве ти го Скорпи да ти врати спомени.
Скорпи одувек ми беше a hard ass, по закон ми беше Harvey со ненормалните ситуации во главата на Џон :)
Harvey_2.jpg
 
Continuum
MV5BMTUzNTU1NzQ2Ml5BMl5BanBnXkFtZTcwMDUzNjk4Nw@@._V1._SY317_CR3,0,214,317_.jpg

Канадска серија. Можда и не којзне што,ама сосема солидна кога веќе се нема моментално ништо квалитетно од sci-fi жанрот. А и типката е секси
 
Дали само 4 сезони се,бидејќи видов нешто како да има петта сезона?
Официјален трејлер:
 

Не верувам дека сум единствениот тука кој го гледал Црвено џуџе.

Закон е (y). Само што подобро функционираше раните сезони кога беше ситком сместен во научно фантастична средина. Кога решија последните сезони повеќе да се осврнат на сај фај малку затупеа. "Back to Earth" беше добар обид за обновување на серијата, само што малку ми беше чудно без студиска смеа во позадина. Еве викаат нови епизоди ке правеле само нека не чекаат пак по 10 години за снимање.
--- надополнето: 10 август 2012 во 16:53 ---
Инаку "Babylon 5" e предобра сај фај серија. Најепска приказна што е прикажана на мали и ЛЦД екрани. Господар на Прстените, вселенска опера, Дина, светски митови и легенди, Ловекрафтски хорор, грчки трагедии и Шекспир да се помешаат во миксер и го добиваш Бабилон 5. Ремек дело на Страцзински.


Мира Фурлан има главна улога во серијата (y).
 
Дали само 4 сезони се,бидејќи видов нешто како да има петта сезона?
Официјален трејлер:
4 сезони се. Имаше муабети дека ќе се снима филм, ама ништо немам прочитано веќе подолго време.
И серијава вреди за првите 2 сезони. Трета и четврта ја упропастија ептен.
 
Дали некој ја гледал серија Fringe? Сеа треба да стартува на МТВ1 ,па ме интересира дали е ок?
 
Да Fringe е супер, мајндфак приказна, многу мистерија и ќе ги засакаш ликовите брзо :)

Инаку не ми се верува дека никој не ја спомна Battlestar Galactica, супер SF драма. Мислам на новите серии заедно со филмот од 2 дела кој испадна како "пилот" за серијата.

На листата ги додавам Heroes и Star Trek: The Next Generation.
 
Дали некој ја гледал серија Fringe? Сеа треба да стартува на МТВ1 ,па ме интересира дали е ок?
Мене после долго време ме натераа да ја почнам и се заебав.....што ја почнав среде испитна сесија.
Се заразив со серијава, до средина на 2ра сезона сум, секој фан на сај-фај едноставно мора да ја изгледа.
 
Една од најдобри sc-fi серии според мене. Мислам дека не е споменета погоре.
 
Има некој на форумов што ја памти Блековата седумка? (знам дека нема):
 
Една од најдобри sc-fi серии според мене. Мислам дека не е споменета погоре.

Фала богу му текна на некого да ја спомне :)

Овој пост и оној на Сабазиј се све што треба да знаете за SF сериите.
 
Има некој на форумов што ја памти Блековата седумка? (знам дека нема):
Има има, мада и не е за памтење.... поглупо нешто здравје, сценаристите изгледа немаа идеја како да ја завршат па така од чиста мира екплодира бродот сосе сите во него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom